Primera División 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Primera División?


  • Вкупно гласачи
    310
Статус
Затворена за нови мислења.
71542_155989267771934_104811186223076_247285_7758965_n.jpg


:( :( :( :(
 
Сега има,Сарагоса-Барселона,коментирај за таа утакмица.
Кога не работиш со претскажување,не треба да работиш ни со минато или како ти одговара?

Иначе имам слика в соба од Херкулес,омилен херој ми е :drk:
За десктоп извини,ама Александра Видрих не ја менувам за Херкулес:)

за минатото имало блескави и не блескави моменти, но кога викаме имаме најмногу титули или победивме 11:1 ти ја бараш сегашноста, па барај ја.
Те разбирам не ти е лесно, знам дека очекуваше малку подобар старт на Барса, па за да не ти пререкува никој едноставно мораш да мрчиш за Реал.

За постерот немораше да потврдиш знам и дека секоја вечер го сонуваш Херкулес
 
Aбе ти си очекувал да има Барса 10 од 10... :tv:

И не тресете зелени, сме се радувале дека сме први. Вие поарни да не сте !? Ќе се утепавте од фалење ако бевте први, ќе фрчеа статистики, чуда... е сега ни дојде нас редот, па до кога ќе видиме... :)
Како фан на Барса,секако очекувам секој натпревар победа.Ама после се што не снајде,најглавно проблемот со нереализација.Мислев ќе киксираме со Атлетик/о,ама ете нив ги тепавме,а киксиравме со послабите.
Фудбал е бе,се се случува.
 
Едноставно,човекот има премногу среќа! А што е проблем со Интер да бидеш шампион во Европа? И Пелегрини имаше успех со послабите екипи во Шпанија,Реал секој пат им даваше по 4,5...Ќе видиме на крај од сезоната,со ваква екипа Реал треба да се прошета низ првенство и лш.
Премногу среќа ? Со што лани имаше премногу среќа ? Со тоа што имаше играч помалце на Кампот ? Со тоа што цела федерација им се наостри на Интер и пак освоија титула ? Со тоа што го освои Купот сред Рим ко гостин ?
Не, лани тоа беше едноставно знаење од негова страна, Интер немаа титула во ЛШ 40 години, се менуваа низа тренери и немаа ни финале, максимумот им беше полуфинале, овој дојде, за 2 години ги направи конкурентни за ЛШ а и истата титула им ја донесе, башка, и 5 години нема сеуште загубено дома во лигашки меч, убедлив рекорд за 1 менаџер.
Ако е за тоа, ајде, ја и ти да ги водиме Реал и Барса зашто имаат супер екипи, абе убаво вика овој Мац од форумов, тоа менаџерон ( играта ) ги изфантазира луѓево па имаат вакви ставови за улогата на тренерите.
Од Пелегрини до Мурињо има, хмм, незнам, не постои збор што може да ја долови разликата во квалитет помеѓу овие двајца.

Ја не реков дека готово, Реал се шампиони, ама за разлика од порано со Шустер, Рамос и Пелегрини, сега имаат тренериште на клупата а и ко што кажа и самиот, страшна екипа, и лесен залак за Барса нема да бидат, поготово не на Бернабе.
 
за минатото имало блескави и не блескави моменти, но кога викаме имаме најмногу титули или победивме 11:1 ти ја бараш сегашноста, па барај ја.
Те разбирам не ти е лесно, знам дека очекуваше малку подобар старт на Барса, па за да не ти пререкува никој едноставно мораш да мрчиш за Реал.

За постерот немораше да потврдиш знам и дека секоја вечер го сонуваш Херкулес
Знам,се сеќавам на натпреварот,исто како вчера да се играше ми е во сеќавање:tv:
Лесно ми е бе.Не,очекував сличен старт,само со кикс на други натпревари како Атлетико или Атлетик.
Кој вика дека мрчам за Реал?Само реков дека и лани ги тепавте малите екипи,а ве немаше со појјаките.Ама ете го исплескавте јакиот Милан,добро почнавте.
Друже,јас ако го сонувам секоја вечер Херкулес,што правиш ти со Барселона?
 
Едноставно,човекот има премногу среќа! А што е проблем со Интер да бидеш шампион во Европа? И Пелегрини имаше успех со послабите екипи во Шпанија,Реал секој пат им даваше по 4,5...Ќе видиме на крај од сезоната,со ваква екипа Реал треба да се прошета низ првенство и лш.

39536_146464325398735_146435905401577_241332_2079607_n.jpg


:pos:

Него, гледајте Валенсија - Мајорка, добар натпревар, не ја тупете многу! :)
 
Знам,се сеќавам на натпреварот,исто како вчера да се играше ми е во сеќавање:tv:
Лесно ми е бе.Не,очекував сличен старт,само со кикс на други натпревари како Атлетико или Атлетик.
Кој вика дека мрчам за Реал?Само реков дека и лани ги тепавте малите екипи,а ве немаше со појјаките.Ама ете го исплескавте јакиот Милан,добро почнавте.
Друже,јас ако го сонувам секоја вечер Херкулес,што правиш ти со Барселона?

Ете видиш си имаш проблем со минатото, не ти е лесно прифатливо :)
Затоа и не се малтретирам многу што било лани, гледам сега, а гледам еден Реал кој е многу помоќен за разлика од изминатите неколку години.

p.s нема што да се сонува за Барселона затоа и не ми е сон, како што на многу им е сон да бидат Реал :)
 
Премногу среќа ? Со што лани имаше премногу среќа ? Со тоа што имаше играч помалце на Кампот ? Со тоа што цела федерација им се наостри на Интер и пак освоија титула ? Со тоа што го освои Купот сред Рим ко гостин ?
Не, лани тоа беше едноставно знаење од негова страна, Интер немаа титула во ЛШ 40 години, се менуваа низа тренери и немаа ни финале, максимумот им беше полуфинале, овој дојде, за 2 години ги направи конкурентни за ЛШ а и истата титула им ја донесе, башка, и 5 години нема сеуште загубено дома во лигашки меч, убедлив рекорд за 1 менаџер.
Ако е за тоа, ајде, ја и ти да ги водиме Реал и Барса зашто имаат супер екипи, абе убаво вика овој Мац од форумов, тоа менаџерон ( играта ) ги изфантазира луѓево па имаат вакви ставови за улогата на тренерите.
Од Пелегрини до Мурињо има, хмм, незнам, не постои збор што може да ја долови разликата во квалитет помеѓу овие двајца.

Ја не реков дека готово, Реал се шампиони, ама за разлика од порано со Шустер, Рамос и Пелегрини, сега имаат тренериште на клупата а и ко што кажа и самиот, страшна екипа, и лесен залак за Барса нема да бидат, поготово не на Бернабе.

Ако гледаш така Дел Боске имаше два пати послаба екипа од сега што ја има Мурињо,па освои лш,освои сп,еп,а никој никаде не го спомнува како еден од најголемите! Мурињо уште многу фурни леб треба да јаде за да го стаса.Единствен квалитет што Мурињо го има е харизмата!
 
Ете видиш си имаш проблем со минатото, не ти е лесно прифатливо :)
Затоа и не се малтретирам многу што било лани, гледам сега, а гледам еден Реал кој е многу помоќен за разлика од изминатите неколку години.

p.s нема што да се сонува за Барселона затоа и не ми е сон, како што на многу им е сон да бидат Реал :)

А мене ми е сон да бидам Херкул,аууу се разбравме :)
Ајт.
2465246dibujo.jpg

Бар сонувај го Меси,што ве полни секое Ел Класико.
 
А мене ми е сон да бидам Херкул,аууу се разбравме :)
Ајт.
Бар сонувај го Меси,што ве полни секое Ел Класико.


Ти реков си имаш комплекс со минатото и сонуваш како да стигнеш тоа 11:1, така и бројот на титули, тогаш подобро ти е да сонуваш да навиваш за Реал :pos:

А тоа што неможеш да се помириш со фактот дека клубот ти ја започна сезоната послабо од очекуваното си е друго :)
 
Ако гледаш така Дел Боске имаше два пати послаба екипа од сега што ја има Мурињо,па освои лш,освои сп,еп,а никој никаде не го спомнува како еден од најголемите! Мурињо уште многу фурни леб треба да јаде за да го стаса.Единствен квалитет што Мурињо го има е харизмата!
Браво браво, ајде сега изброј ги тимовите кои тогаш беа кадарни за трофеј во ЛШ и изброј ги денешниве, со 1 Челзи, една пресилна Барса со феномен ко Меси, и остала багра екипи ...
Тоа е едно, Мурињо освои со Порто ако е за тоа ЛШ, чудно како тој податок го заборави.
Трета ствар, Мурињо никогаш нема водено национален тим, затоа не го споредувај на тоа ниво со Дел Боске. Ама, на клупски план, Мурињо има освоено повеќе од Дел Боске, факт, а и незнам што го спомна Дел Боске тука, кој рече дека е лош тренер, го делам мислењето дека е одличен тренер и најголемата грешка на Перез на времето кога го отпушти по освоена титула ...
Ама и Мур е на истото ниво, ко што вели и самиот за себе, не сум најдобар но нема подобри од мене, тоа го потврди и лани, со Интер, кога испиша историја.

Ае.

п.с. Мур имал само харизма. :tv:
 
39536_146464325398735_146435905401577_241332_2079607_n.jpg


:pos:

Него, гледајте Валенсија - Мајорка, добар натпревар, не ја тупете многу! :)

Дете оди легни си,касно е! Ќе те кара пастирот!

П.С. Јас кога сум го гледал Реал во живо,ти уште си мочкал во пелени!
 
Ако гледаш така Дел Боске имаше два пати послаба екипа од сега што ја има Мурињо,па освои лш,освои сп,еп,а никој никаде не го спомнува како еден од најголемите! Мурињо уште многу фурни леб треба да јаде за да го стаса.Единствен квалитет што Мурињо го има е харизмата!

Абе мислев да не ти реплицирам... али ај... Прво имаш многу глупа споредба направено... како правиш споредба на екипа од 2000-03 со некоја сегашна !? Екипата која ја имаше Дел Боске, за тоа време беше одлична. Си спомнал СП, ЕП.... што Шпанија да не има слаба екипа !? И второ, кој не го спомнува Дел Боске во најдобрите, ти? Сите го сметаат стариот за еден од најдобрите тренери не само на Реал, туку воопшто во фудбалот.

И на Мурињо единствена карактеристика не му е харизмата, таа му е најдобрата, а си има човекот и уште мнооогу квалитети.
 
Ти реков си имаш комплекс со минатото и сонуваш како да стигнеш тоа 11:1, така и бројот на титули, тогаш подобро ти е да сонуваш да навиваш за Реал :pos:

А тоа што неможеш да се помириш со фактот дека клубот ти ја започна сезоната послабо од очекуваното си е друго :)
Да бе,ај можда кога ќе заиграм за Барселона,па ќе тепаме 11:1.А да навивам за Реал?Па може...во некој друг живот,не се знае.
Ти реков за почетокот на сезоната,не мислам да се повторувам.Ама ти очигледно си научен Барса се да гази,па затоа секој кикс на Барса се прифаќа како да е крај на светот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom