Нема проблем, веднаш уз факти ке те демантирам, еднаш му реплицирав за истово на 1 фан на Барса, сеуште ми нема одговорено ...
Коментаторот на кој се алудира во текстот е оној од кАнал5
Нерегуларностите '' - Е ова е еден интересен момент кој дојде по мечот, па ајде, јас немам никаков проблем да ги презентирам тие нерегуларности во мечов, но сите, не само оние кои фановите на Барса сакаа да ги видат.
1. Одиме при резултат 0-0, еве и сликовито, погледнете го растојанието на Милито од онаа офсајд линија,
Интер е оштетен со тоа што е спречен да дојде до 100% шанса за гол, ситуација 1 на 1 со голманот каде и Пандев се уфрлаше по левата страна од половината на Барса
2. Вториот момент при резултат 0-0 е кога Ето чисто одзема топка на половината на Барса од Кеита, имаше празен простор пред него но беше санкциониран непостоечки фаул, по што Ето реагираше и доби жолт картон, а неколку моменти подоцна дојде и водството на Барселона.
3. Третиот спорен момент е голот на Милито од милиметарски офсајд, коментаторот на Канал 5 рече, внимавајте добро, цитирам: '' Барса е оштетена, Милито постигна гол
а беше половина метар во офсајд '' ... eве и тука, сликовито:
Ако одиме по неговите логики, ако Милито бил половина метар во офсајд при овој гол, иако сликата и самите гледате што покажува, тогаш, при оној офсајд погоре, каде разликата е навистина половина метар, според коментаторот, сигурно има најмалку 10 до 15 метри разлика со онаа офсајд линија, да, знам, смешно звучи.
4. Четвртиот спорен момент е наводниот пенал, иако втората репетиција убаво ја покажува глумата на Алвеш, но, '' реалниот '' коментатор повторно стапи на сцена велејќи дека ова е чист пенал, иако, според неговиот начин на размислување од погоре можете многу убаво да ја приметите и неговата '' објективност '' во случајов.
И сега, по овие набројани спорни ситуации на интернет наидовме на лавина критики кон судијата, од '' експертите '' низ нашите медиуми, до медиумите во Барселона, и не, нема да се потпрам на она што Мурињо го кажа, дека Барса брзо го заборавила Овербо иако потполно е во право, само ке кажам дека нивната бујна фантазија по тој натпревар го допре она ниво во кое во моментов се наоѓа авторката на делото '' Хари Потер ''.
Вистинскито прашање всушност е каде во овој натпреар Барса е оштетена ? При милиметарскиот офсајд за третиот гол ? Што е тогаш со оној офсајд од половина метар при резутлат 0 - 0 кога Интер беа спречени од супер прилика за гол ?
П.с. Пред да почне човек да фантазира, поубаво ке биде да ги погледне фактите, зашто пред нив и боговите молчат
п.м.с. А ако тука има нешто спорно, тогаш кузнае какво е твоето мислење за Челзи Барса, преседан ... ама, Барса беа најдобрите тогаш, наали. :wink: