Barclays Premier League 2010/2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2010/11 во Barclays Premier League?


  • Вкупно гласачи
    472
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе реално гледано Ливерпул си тоне. И веројатно ќе продолжи да тоне додека не успее некој да им влее малку самодоверба на тие пичките што трчаат по теренот.
Се засилуваме со ништо повеќе од просечни играчи, и со тоа никаде не се оди. Благодарение на комбинацијата слаби постапки на Бенитез во последните 2 сезони + алчните јенки (такозвани газди) Ливерпул си стана ништо повеќе од просечна екипа. Ако до средината на оваа сезона се соземат колку толку под Хоџсон ќе биде добро, па до крај да истуркаат до пласман во ЛШ. Во секој случај Ливерпул ќе си добие нови газди до средината на октомври најкасно, така да од овој трансфер период толку. Ако биде купен од некој што може да даде милиони за добри засилувања во јануари ќе се сменат многу нешта.

Бај д веј еден фан-фект за другариве навивачи на Челзи: пред да ве земе Абрамович не бевте ништо повеќе од просечни, а да не зборам дека и пред тој да го купи Челзи, клубот има само една титула и тоа во сезона 1954-55 ... така да, ДА вас ве освежи милијардер. Get over it. Се разликувате од Сити со тоа што немаше Абрамович до толку многу пари, а и попаметно си ги одбравте играчите и го начекавте Мурињо во добар момент.
Еден „од нигде никаде“ милијардер, не го освежи, туку го однесе Челзи на едно ниво погоре од то шо беше. А шо беше? Ајде бе, ко си играш курназ-покурназ-прилепчнаец терај до крај. Роман Абрамович ерата почнува од јуни 2003. А шо се случува во мај истата година? Шо тогаш прави тој подпросечен Челзи, еден мајски ден на Стемфорд Бриџ во Лондон? Поштени 2-1 во последното коло во директна борба за пласман во ЛШ против - види чудо - Ливерпул! Со Стеве кој пука од мака и заработува црвен картон во 90та минута. Така Челзи се вмешува во врвот на Премиер Лигата, башка куп успесите неколку години пред то. Следниот месец, доаѓа тој проклет за некого, Абрамович, благодарение на кого Челзи од екипа која претендира за место околу врвот, сега станува екипа која претендира НА врвот.
И јас уште не разбирам шо не е јасно тука? Можеби тоа шо сега гордите „никогаш не чекориш сам“ позајмувачи на соодветната песна од мјузиклот „одпреддедоноја“ очајно посакуваат некој нивен Абрамович? Истите тие кои мислат дека прават голема работа со скандирање You have no history на дуелите со Челзи; а не беа баш среќни кога конечно добија потврда за вистинската слика на тој Ливерпул и од фанојте на Челзи на Енфилд во мај со скандирањето од страна на овие вториве - You are an ancient history. Чудна, чудна работа.
Стварно сум изненаден како болната аргонација на Манчестер Јунајтед не го направи тоа шо беше побарано од нив и од Кантона - да се вратат кога ќе освојат 18 титули. Или можеби ја чекаат 19-тата за да го направат тоа, знаејќи ги, не би ме зачудило. Со еден голем транспарент, на сред Енфилд - Here we are....and we won 19! Со Кантона пред постерот, во живо. Додека Коп ја слави фамозната ancient history со „позајмената песна“.

Отворете тема ако сакате, Ancient history of Liverpool FC and English football (на пример) - и плукајте по Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед...по кој сакате, пошто ќе бидите во право. Или на темата за ЛШ одете и исплукајте по Челзи и по Манчестер Сити, па и по Манчестер Јунајтед од негде. Иако и за таму е потешко, пошто Ливерпул моментално не настапува во ЛШ.
Значи првата идеа моја можите да ја прифатите. Овде? Овде не. Пошто од натпреварувањето кое го носи оваа тема Ливерпул има се на се 4 победнички медали, еден од ненормално добриот десен бек избркан од Челзи и уште три од „играчот кој е подобар од Меси“ и толку ги возбуди фанојте на Ливерпул иако е само еден одвишок од тој таму некој си....Челзи.

I ja mislam deka Gerrard e pogolema legenda za nasiot klub od Jamie Rednap. Kako i da e muabetoto na THE CARPENTER e deka Liverpool e tim kojsto bez razlika na finansiska sostojba i na toa koi sve igraci igraat ke bide GOLEM KLUB , ednostavno ( WE ARE LIVERPOOL ) . A tie sto zborat kako CHelsea i City "investirale" vo svojata idnina , ne se svesni tokmu tie dva kluba kolku go unistija fudbalot ... Napravija za sekoj igrac sto znae dva gola da dade da s eplaka po 30 milioni.
AGAINST THE MODERN FOOTBALL ( malce mi e postov kasa popara , ama mi se spie i sum podnapien i ic ne mi e gajle :) )
Реченицата е малку поинаку - You WERE Liverpool.
„Против модерниот фудбал“ ? Јебига, и јас сум против многу работи од целово модерно време, па тешко можам да ги сменам. Некои воопшто не можам. :toe:

Ливерпул има неколку highly-rated младинци моментално кои ќе се отворат за неколку години... но ни мене не ми е тоа муабетот. :)
Пачеко кој за 2-3 години ќе плачи за Шпанија? Извини, ама за ова следниов коментар....
Ливерпул е паднат веќе 20 години, он вика имал хајли рејтед младинци...
...е сосема погоден. :toe:
А и Давор, фала што ме потсети ... камо ви титула во ЛШ?
Во преговори сме за купување.
 
Ливерпул е паднат веќе 20 години, он вика имал хајли рејтед младинци...

А не бевте вие паднати 27 години????? Или не се важи тоа.....така да уживај....имаме рок уште 6-7 години да озвоиме титула инаку ќе го срушиме и вашиот пост.......а пак за постот од 50 години на Челзи не зборувам....имаме уште 30 добри години да освоиме ПЛ..........
 
Немаме титула во ЛШ,задоволен?

И не знам кој почна да кења,и ја барем моментално имам основа,и не се потпирам на факти(титули) од пред 24242 години,туку гледам што се дешава сега.
А,сега Челзи е подобар од Ливерпул,реално и искрено.Сакал признал сакал не.
Ливерпул е голем тим,со многу титули,но моментално не е во посакуваната форма,и има пад.Секој тим има успони и падови..

Ти се избаци ко падобранец на темава,со тоа дека Манчестер е слаб,и дека Челзи немал титули,што очекуваш да ти речат сите дека си во право?Е,не братче си се заебал.
Не се попаливме,туку фино лепо ти објаснивме.

Види пријателе, очито сме си ги испромашиле муабетите ама ајде коа веќе се замешав ...
Моето мислење погоре беше ПРИМАРНО на слабата форма на Ливерпул и ништо повеќе.
Прво објасни ми молим те каде реков дека манчестер е слаб. Или можеби студираш новинарство па уште сега вадиш зборови од контекст.
И второ, исто, никаде не спомнав за немањето титули на Челзи, туку понудив еден Fun Fact чисто безвезе затоа што на претходната страница прочитав дека ви е преку глава од муабети за Абрамович. Иначе, да, ти очигледно читаш туѓи мислења како што тебе ти одговара, и, да, ти се попали непотребно од едно обично мислење.
Ете и јас фино лепо ти објаснувам.

--- надополнето ---

@ havocreaver
Другар или стварно не ни ги разбираш муабетите (не знам кај гледаш вреѓање), или не правиш будали со сила.
Нема везе, терај си ;) ништо лично...

:) Знам дека не се разбравме, а и последниот пост не се однесуваше на тебе. :) Нема гајле, такви се дискусииве тука изгледа, од играчка плачка. :smir:

--- надополнето ---

@ fantomX

Стварно ама стварно не ти беше потребен толкав пост. Нит имав намера нит планирам да намеравам да го тупам за Челзи.
Читајте подобро и посконцентрирано па може ќе се разбереме. Уште еднаш ќе си кажам, тој мој пост се однесуваше за Ливерпул и неговата сегашна ситуација. Тоа што пишав за Челзи си го ископав од википедиа и беше само еден обичен фан фект. No harm intended. Тоа што летна и ти како колегата твој во опширна разгорена дискусија мене не ме заинтересира.

Никаде ама ни приближно не направив споредба нит помеѓу Ливерпул и Јунајтед, нити пак помеѓу Ливерпул и Челзи.

Срдечно се извињавам за целава ситуација, продолжете си со муабетите... Фала, пријатно.
 
туку понудив еден Fun Fact чисто безвезе затоа што на претходната страница прочитав дека ви е преку глава од муабети за Абрамович. Иначе, да, ти очигледно читаш туѓи мислења како што тебе ти одговара, и, да, ти се попали непотребно од едно обично мислење.

@ fantomX
Стварно ама стварно не ти беше потребен толкав пост. Нит имав намера нит планирам да намеравам да го тупам за Челзи.
Читајте подобро и посконцентрирано па може ќе се разбереме. Уште еднаш ќе си кажам, тој мој пост се однесуваше за Ливерпул и неговата сегашна ситуација. Тоа што пишав за Челзи си го ископав од википедиа и беше само еден обичен фан фект. No harm intended. Тоа што летна и ти како колегата твој во опширна разгорена дискусија мене не ме заинтересира.

Срдечно се извињавам за целава ситуација, продолжете си со муабетите...
Од муабети за Абрамович преку глава никогаш не ми е. Можеби на Давор или на некој друг му е, мене не. Особено ко ќе се споменува таков „fun fact“, а не е спомнат „funier fact“-от за тоа шо поточно беше Челзи во годините пред Абрамович. Во конкретниов случај со Ливерпул - месец пред Абрамович. Разбрав која била твојата намера во пишувањето овде, ама го замешуваш и Челзи, па да видиме какви се работите и од таа страна тогаш.

Читам прилично добро, така ми кажа учителката во забавиште. Особено ралзикувам различни азбуки/писма, како сакаш, како кириличното и латиничното. Get over it??? Get over....what, јас би те прашал? Од тоа што милијардерот тогаш незнаен го носи Челзи од нивото „околу врвот“ на нивото „на врвот“? За мене то не е нешто „преку шо треба да поминам“, не гледам шо е проблем тука.
Опширна разгорена дискусија? Само фан фект исто така е тоа, стварно жалам ако не го прочита.
 
Значи реков дека милијардерот го освежи просечниот тим на Челзи ... не реков дека сте биле за никаде нити пак дека сте биле супер. Тоа што е факт е дека Абрамович ве освежи. Не знам што ви е толку болно. Пред 2003, одкога постои премиер лигата сте биле највисоко 3ти на крајот на сезоната во 1999. Претежно гледам 4-5-6 места , а на почеток од премиер лига гледам дури и чести 10+ завршетоци. Тоа Get over it ако веќе морам да ти го објаснам е дека новиот сопственик ве донесе каде што сте. Пред тоа Челси си беше просечен. Колку и да се инатиш, искрено така си е. А тоа што ве живна Абрамович никој не рече дека е нешто лошо. Напротив...
Немој те молам сега да го мешаш пак Ливерпул. Збориме за Челзи.

Што е за тебе фан фект извини? Тој огромниот пост погоре? Абе дај ...
 
Просечен е Болтон,Виган и ВБА,а не Челзи кои биле 3,4,5,6 место.
Тоа не е просек.
Сеа ја да кажам дека Ливерпул е просечен зошто лани беа 7 место?

Според твојава логика за титули,фановите на Барселона треба да се откажат од навивање за нив,зошто Реал има 9 во ЛШ и 31 во Примера,и Реал е појак од Барселона.
Или пак фановите на Милан и Интер да се откажат од нив,заради тоа што Јуве има 29 титули во Сериа А,и нормално дека има највеќе е најјак.
 
Значи реков дека милијардерот го освежи просечниот тим на Челзи ... не реков дека сте биле за никаде нити пак дека сте биле супер. Тоа што е факт е дека Абрамович ве освежи. Не знам што ви е толку болно. Пред 2003, одкога постои премиер лигата сте биле највисоко 3ти на крајот на сезоната во 1999. Претежно гледам 4-5-6 места , а на почеток од премиер лига гледам дури и чести 10+ завршетоци. Тоа Get over it ако веќе морам да ти го објаснам е дека новиот сопственик ве донесе каде што сте. Пред тоа Челси си беше просечен. Колку и да се инатиш, искрено така си е. А тоа што ве живна Абрамович никој не рече дека е нешто лошо. Напротив...
Немој те молам сега да го мешаш пак Ливерпул. Збориме за Челзи.

Што е за тебе фан фект извини? Тој огромниот пост погоре? Абе дај ...
Не можев, и уште не можам да разберам шо подразбираш со „ве освежи“, јас многу јасно кажав каква е работата - Абрамович го однесе Челзи на едно повисоко ниво. Ако твој термин за то е „ве освежи“, така нека биди.
Челзи во 80ти бил банкрот, шо по ѓаволите требало да биди во 90ти? Шампион секоја година? То о-големиот Ливерпул не можел (и се уште не можи), па не клуб кој бил банкрот (продаен за една фунта на Бејтс).
Зависи во кој поглед гледаме. На европско ниво, Челзи е просечен (со една Европска титула, во КПК во последното издание, ама ај да не ја сметаме. Европски Супер Куп не се број, така?), то е точно. На островот? Па не сакав пак Ливерпул да го вмешам, ама морам - ако тој Челзи бил просечен англиски клуб, тогаш Ливерпул сега е подпросек.
Го заборајв то со Get over it, фала Богу дека Абрамович го донесе Челзи до то шо е сега. Проблемот е „од каде“ го донесе до ова денеска. И мој проблем е ако некој се прај на копук-дебил и ми го споредува патот на Челзи и Манчестер Сити (освен за тие од Манчестер Сити, за нив не се бунам, и така го копираат моделот на Челзи - не за џабе ги зедоа двајцата главни скаути откако Челзи реши да отпушта персонал.

Чист „фан фект“ е сето, тој делот за „позајмената песна“ конкретно е од Википедија. :pos2:
 
Просечен е Болтон,Виган и ВБА,а не Челзи кои биле 3,4,5,6 место.
Тоа не е просек.
Сеа ја да кажам дека Ливерпул е просечен зошто лани беа 7 место?

Според твојава логика за титули,фановите на Барселона треба да се откажат од навивање за нив,зошто Реал има 9 во ЛШ и 31 во Примера,и Реал е појак од Барселона.
Или пак фановите на Милан и Интер да се откажат од нив,заради тоа што Јуве има 29 титули во Сериа А,и нормално дека има највеќе е најјак.

Баш така. Колку и да звучи чудно и колку и да ми е мене тешко да признам, Ливерпул паѓа на ниво на просечна екипа. Не освојува ништо, нема ентузијазам, само зборови и ветувања. Ама пак сигурен сум дека во блиска иднина ќе се издигне пак. За мене тоа е просечно.
А за титулите очигледно не се разбираме, затоа што јас никаде не сакам да алудирам за број на титули. Во сегашноста Челзи е подобар, ама вкупно уште сте далеку од Ливерпул.

Би требало да е доста со дискусијава затоа што не е на права тема, а и нема никогаш да стигнеме до крај. :)

--- надополнето ---

Не можев, и уште не можам да разберам шо подразбираш со „ве освежи“, јас многу јасно кажав каква е работата - Абрамович го однесе Челзи на едно повисоко ниво. Ако твој термин за то е „ве освежи“, така нека биди.


И мој проблем е ако некој се прај на копук-дебил и ми го споредува патот на Челзи и Манчестер Сити (освен за тие од Манчестер Сити, за нив не се бунам, и така го копираат моделот на Челзи - не за џабе ги зедоа двајцата главни скаути откако Челзи реши да отпушта персонал.

Првиот болд: Така, бар некако за тоа се разбравме.

Вториот болд: Не сте различни од сити бе брат, не сте. Бар сега во оваа фаза кога сити гради екипа. Нити тие нити вие освоивте нешто во последните неколку години пред смената на газдата. Е сега, доколку Сити не освои ништо во наредните 2-3 сезони (лигата, куп или слично) тогаш ќе сте различни. Искрено и не верувам дека сити ќе успее да направи некој значаен успех.

Стварно не знам како успеавме до тука да дотуркаме, нит ми било намера ама кога веќе се разврза сево ова сакав да се допишам.

Поздрави до вас и тејк ит изи.
 
Грешиш за споредбата помеѓу Сити и Челзи,ама ај нека ти биде,контраш поради фактот дека Челзи му створи на Ливерпул последниве години нов ривал,освен Манчестер.

Да не бидеме скроз оф топик:

Раул Меирелес и Пол Кончески се нови играчи на Ливерпул.
Маскерано во Барселона,Салсидо во Фулам.
 
Не сте различни од сити бе брат, не сте. Бар сега во оваа фаза кога сити гради екипа. Нити тие нити вие освоивте нешто во последните неколку години пред смената на газдата.

Дали си сигурен?!................ и зошто не?

Чисто информативно
FA CUP 1997 ; 2000
EUROPEAN CUP 1998
LEAGUE CUP 1998
COMMUNITY SHIELD 2000

Коа више си копал по википедиа чудно како си го занемарил овој податок..... или сепак не ти користеше у котекстот на твојата намера!!!


Туку, да не излезе дека мерам ташаци со вас Ливерпулци - не за друго, шампиони сте у таа категорија и ви нема рамни.... да си прашам дали знае некој кој натпревар од 16h ќе го даваат директно на српската Спорт Клуб :salut:
 
The draw for the Third round of the Carling Cup is as follows:-

Brentford v Everton
Portsmouth v Leicester
Stoke v Fulham
Chelsea v Newcastle
Aston Villa v Blackburn
Tottenham v Arsenal
Millwall v Ipswich
Wolverhampton v Notts County
Burnley v Bolton
Birmingham v MIK Dons
Liverpool v Northampton
Scunthorpe v Man Utd
West Brom v Man City
Sunderland v West Ham
Peterborough v Swansea
Wigan v Preston

Ties to be played week of 20th September
 
Да бев јас главен на ФА ќе го испратев Тотенхем во воскол конференција...абе ова страмота е Тотенхем онде го изгазија Јанг бојс а сега дома губат од Виган..екипа која од од кој стигна прима по 5-6 гола...а кладилниците тријат раце...страмота е она...челзи па кој стигна ја пиша 3+,4+ а тие фино поштено си даваат два гола и повторно кладилниците тријат раце......
 
Да бев јас главен на ФА ќе го испратев Тотенхем во воскол конференција...абе ова страмота е Тотенхем онде го изгазија Јанг бојс а сега дома губат од Виган..екипа која од од кој стигна прима по 5-6 гола...а кладилниците тријат раце...страмота е она...челзи па кој стигна ја пиша 3+,4+ а тие фино поштено си даваат два гола и повторно кладилниците тријат раце......
Сфативме,за тебе се е наместено.Гледам имаш пишано дека и во Германија се мести.
Најубаво како мене,не се замарај веќе со обложувалници и нема да мислиш дека има наместени утакмици.
 
Види види хоп виган :icon_lol: а и блекпул не се лоши, ко за почеток...мислев 0 бодови ќе имаат во први три кола, ама изненадија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom