Fantom
Chikara
- Член од
 - 4 јуни 2006
 
- Мислења
 - 11.453
 
- Поени од реакции
 - 812
 
Barclays Premier League
		
		
	
	
		
	
Нова сезона, нова тема, нови возбудувања. Само со Игорче и Сител телевизија.
Премиер Лигата е професионалната фудбалска лига на Англија и е највисока по ранг. Се состои од 20 клубови и во неа нема плеј-аут, односно последните три екипи отпаѓаат во втората лига. Првите три екипи играат директно во Лигата на Шампиони, додека четвртиот игра квалификации. Петтопласираниот игра директно во Лига Европа (стар УЕФА Куп), додека шестиот и седмиот можат исто така да играат во ова натпреварување, зависно од победниците во Ф.А. и Карлинг купот. Сезоната трае од август до мај, период во кој се одигруваат вкупно 38 кола. Спонзорирана е од Barclays Bank и затоа официјално се вика Barclays Premier League.
Во овој формат е формирана на 20 февруари 1992 година. Моментално Премиер Лигата го држи приматот за најгледана светска фудбалска лига.
Во овој период од 1992 па до денес, вкупно 43 екипи настапувале во Премиер Лигата, но само на четири екипи им успеало да освојат титула - Манчестер Јунајтед, Блекбурн Роверс, Арсенал и Челзи. Актуелни шампиони се Челзи, кои во сезоната 2000/10 ја освоија третата титула во ПЛ (четврта лигашка во историјата на клубот).
Во Англија тимовите се рангираат прво по бодови, па по гол разлика, и на крај по меѓусебен дуел.
Повелете и анкета, и очекувам да има дискусија на ниво, ама познавајќи ве, ќе треба да се отепаме од бришење.
П.С. Ако мислите дека треба уште некој да биде вклучен во анкетата, пишете и ќе размислиме по предлог-прашањето.

	
	
 па да се врати на старото јако ниво, што и не верувам...бидејќи не се форсира а и реално мал е потенцијалот на играчи што допрва треба да носат на грб екипа, репрезентација итн, а се од енглеско говорно подрачје...жално, знам.