Бесцелно е барањето на одговорот.Зборуваме за длабоко прашање.Се раѓаш,се цивилизираш,растеш,цел живот се бориш за нешто,сакаш да успеееш(или безделнечиш),успеваш а крајот е секогаш еден ист- умираш.Која е вашата цел во живото?Твојата професија,личноста која ја сакаш,материјалните средства?Зарем цел живот ќе биде инжинер,зарем цел живот ќе патуваш,зарем цел живот ќе бидеш доктор?Некогаш и тоа ќе пресуши и ќе кажеш ДОСТА.Не бива.Ќе станеш можеби најуспешниот доктор,најголемиот научник,можеби цел живот ќе го посветиш на добротворење за човештвото.,и пак ништо.Зарем некој ќе ти каже фала?Луѓето простуваат се,ама успехот не.Фала богу,тоа е лицемерието и дволичноста,универзално типични.Овој она,овој тоа.Мислите дека денеска некој си го троши времето да помисли на Њутн,на Франклин или можеби Сократ?Зарем некој би помислил што со нас ако не бил Тесла?пссс,во никој случај.Уште една потврда дека сите ние сме само луѓе.Без разлика дали тој ќе биде богат,дали јас сиромашна.Без разлика дали јас ќе работам како новинар,тој како премиер,крајот е еден ист....Има повеќе меланхолија отколку радост кога ќе ја постигнеш посакуваната цел.Останува една цел помалку во овој краток,но убав живот(само еден е)....
Животот е само еден парадокс....Пример:Правиш тест на училиште,,спремен си топ,учеше цела ноќ и секогаш има едно прашање кое ќе те зезне и кое ќе ти ја намали оценката за -1.А ја знаеш цела тема..Да продолжам еве со политиката.Нормално дека СДСМ сака постојано да биде СДСМ.Нормално дека Груевски сака свој човек на својата позиција.Едноставно,може вода држи дека има нешто попаметно од човекот,и дека ние не сме највисокото ниво на еволуција.Тогаш смислата на постоењето е одржување на видот,онака како што животните тоа го прават.Но(секогаш има НО),зошто тогаш па луѓето се истребуваат(еве пример ,,Свинскиот грип'',,Eкономската криза'')....Во тој случај не има во преголема бројка,а ресурси нема.И врти-сучи пак на почетоко.Живееме за да умреме...
НО:
Јас постојам затоа што сум јас,и затоа што сега го пишува и правам она што никогаш,никој не ги направил во овој момент
Mал совет:внимавај што бараш кога чекориш по амбисот.Само еден мал здив на ветрот може да те исфрли........