„Фајненшл тајмс“: Турција со поголемо влијание на Балканот

  • Креатор на темата Креатор на темата Polaris
  • Време на започнување Време на започнување
Влијанието во одредени реони на Балканот и те како е со големо Турско влијаније,но воскреснување на Отоманската Империја ми изгледа преамбициозно и нереално....на нас единствен интерес ни е подршката што ја добиваме од Турците
 
Просто им се восхитувам на турците. Како ли само издржале со нас цели пет века.
 
Малце го згреши,ама аjде. Главната поента ми беше дека немат интерес от решаване на прашаниjaта.. немат интерес от стабилност и мир,но това не значи дека те са причина за нестабилност.

Е ова е веќе друго :wink:. Го прават само тоа што би го правеле сите други на нејзино место - си ги бркаат своите интереси. Не може човек ни да ги сака ни да ги мрази поради тоа.
Друга работа е што многу луѓе овде под „ширење на влијание„ сметаат дека ете, турска војска доаѓа и цел Балкан ќе носи фесови. Далеку од паметот е тоа.

Луѓето почнаа да куппуваат банки, аеродроми, влагаат во капитални инвестиции... Еве и во Србија ги однесоа во Санџак, Тадиќ се испослика под турски знамиња таму, на истото место за кое пред 15 години викаа дека „ќе им се исече раката на сите кои ќе кренат турско знаме„ (Драшковиќ). Нормално, ако развијат вакви крупни бизниси, и нивното мислење „ќе се важи„ при некои деликатни ситуации - ете тоа е ширење на влијанието а не турски аскер во Софија/Скопје/Белград... Е сега дали е ова добро или лошо, секој за себе си знае
 
Е ова е веќе друго :wink:. Го прават само тоа што би го правеле сите други на нејзино место - си ги бркаат своите интереси. Не може човек ни да ги сака ни да ги мрази поради тоа.
Друга работа е што многу луѓе овде под „ширење на влијание„ сметаат дека ете, турска војска доаѓа и цел Балкан ќе носи фесови. Далеку од паметот е тоа.

Луѓето почнаа да куппуваат банки, аеродроми, влагаат во капитални инвестиции... Еве и во Србија ги однесоа во Санџак, Тадиќ се испослика под турски знамиња таму, на истото место за кое пред 15 години викаа дека „ќе им се исече раката на сите кои ќе кренат турско знаме„ (Драшковиќ). Нормално, ако развијат вакви крупни бизниси, и нивното мислење „ќе се важи„ при некои деликатни ситуации - ете тоа е ширење на влијанието а не турски аскер во Софија/Скопје/Белград... Е сега дали е ова добро или лошо, секој за себе си знае
Ако се запознаеш малце поодблизо со идеите на Тургуз Озал и днешниja надворешен министар на Турциja ке ти стане поjaсно за што се работи.
На Балканот ништо ново не се дешава! Се е правено,видено е веке. Нема нешто,што може да ни изненада тук на Балканот.
 
Ако се запознаеш малце поодблизо со идеите на Тургуз Озал и днешниja надворешен министар на Турциja ке ти стане поjaсно за што се работи.
На Балканот ништо ново не се дешава! Се е правено,видено е веке. Нема нешто,што може да ни изненада тук на Балканот.

Не можеш да знаеш колку сум запознаен и колку ми се јасни работите, барем не од 2 мои поста :wink:
Бидејќи ме цитираш, претпоставувам дека не се сложуваш со моите постови, па би било фино кога ги цитираш да објасниш зошто.
Ниту ги бранам ниту ги напаѓам луѓето, само кажувам дека го прават тоа што го прават сите (или што би сакале да го прават), да го зголемуваат своето влијание.
Или еве уште поедноставно - што е тоа што го прави Турција, а не го прави Бугарија (или барем не би сакала да го направи)?
 
Се додека Турција не е исламска Турција или се залага за обновување на некој калифат, се дотогаш е добра Турција.
Се додека се труди, а некако во последно време не успева, да го отстрани исламското зло од партиципација во власта и со тоа креирање на политиката, се дотогаш ќе биде во ред и за светот и за нас.
Кога ќе застрани, никој нема да ја спаси.(да, џабе и е и војска и се ако дојде до таков момент.)
 
Не можеш да знаеш колку сум запознаен и колку ми се јасни работите, барем не од 2 мои поста :wink:
Бидејќи ме цитираш, претпоставувам дека не се сложуваш со моите постови, па би било фино кога ги цитираш да објасниш зошто.
Ниту ги бранам ниту ги напаѓам луѓето, само кажувам дека го прават тоа што го прават сите (или што би сакале да го прават), да го зголемуваат своето влијание.
Или еве уште поедноставно - што е тоа што го прави Турција, а не го прави Бугарија (или барем не би сакала да го направи)?
Jaс се согласувам во голема степен со тебе... никаде не сум кажал дека не се согласувам,а просто водим една нормална дискусиja.
Нема ништо лошо,когато един државен субект проширува влиjaние,но лошо е когато това влиjaние се користи за дестабилизиране или са подржане на проблеми.
Секи има свои интереси и ги следи-това е така. Битно е како ке ги реализираш.

--- надополнето ---

Просто им се восхитувам на турците. Како ли само издржале со нас цели пет века.

Ами видимо не можаха да ни издржат,па се откажаха. Мора да си признаеме,дека не сме стока. Нема ни една империja,коjaто да не е срутена от този наш балкански субстрат.
 
Toa e vistina
Turskata kompanija Mapa-Cengiz vo momentov go stroi (pocti gotov) naj-tezkiot avtopat vo Bugarija, koj ima tri tuneli so opsta dolzina 1.26 km. i 26 mostovi i viadukti so dolzina 6 km.
celiot avtopat e so dolzina 20 km i minuva niz planinski teren

http://wikimapia.org/7428742/A5-Lyulin-Motorway

http://www.hurriyet.com.tr/sondakika/4889793.asp?sd=3


img8106resize.jpg


img8071resize.jpg


img8083resize.jpg
 
Турција ја започна стратегијата на „мека сила“ на Балканот

15/02/2011



Турција се подготвува да преземе поголема улога на Балканот.



На крајот од минатиот месец, министерот за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, присуствуваше на неформалниот состанок на Југоисточниот процес на соработка (СЕЕЦП), на кој присуствуваа 12 регионални клучни актери во Будва, Црна Гора.
Во дискусиите беше вклучена и целта на Турција за решавање на балканските проблеми и подобра соработка со регионот, според Давутоглу.
„Многу важни настани се случија изминатава година и најсериозните процеси ќе се одвиваат во иднина“, рече Давутоглу за време на својата посета на Будва. По состанокот, министерот за надворешни работи продолжи за Босна и Херцеговина (БиХ), каде што се состана со српските и хрватските водачи.
„Турција ќе биде среќна само ако придонесе повеќе и посредува во билатералните разговори меѓу балканските земји“, рече за SETimes Гејбула Рамазаноглу, советник на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
„Ние имаме сериозна стратегија за Балканот“, рече Рамазаноглу. „Овој регион е главен приоритет на нашата надворешна политика.“
Иако вклученоста на Турција во регионот е поздравено во поголем дел од Балканот, дипломатите од Анкара се обидуваат да ја анализираат следната балканска стратегија на Турција.
„Сакаме да ја прошириме нашата политика на целиот Балкан, како политички, така и економски“, вели амбасадорот-ветеран Али Енгин Оба, кој служеше во поранешна Југославија, опишувајќи ја мисијата на Турција како „мека сила“.
„Турција немаше влијание [какво што има сега] кога се распадна Југославија, но со вклученоста на Давутоглу, ние повторно почнавме со ефективна политика на Балканот“, рече Оба за SETimes.
„Економските врски, зачувувањето на различностите и безбедност за сите“, се балканските дипломатски цели на Анкара, според Гуркан Зенгин, автор на книгата ХОКА [Учител] што упатува на влијанието на Давутоглу на турската надворешна политика.
Зенгин смета дека Турција е подготвена да придонесе во регионалните земји со своите избалансирани иницијативи и посредување.


ALAKBARphoto.jpg



Душан Рељиќ, германски аналитичар за меѓународни односи и безбедност, исто така, се согласи дека ако Анкара поттикнува повеќе турски инвеститори на Западен Балкан, тогаш Турција може трајно да се позиционира во регионот.


http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/02/15/feature-03
 
Турција и Бугарија да не ги евакуираа Македонците, заедно со другите странци- од Бенгази- ќе си останеа таму , а прашање е дали и уопште ќе им ги најдеа трагите икад.
 
Подемот на Турција на Балканот

11/07/2011

Mногумина гледаат дека земјата ја презема улогата на нова регионална сила во сите сфери, од економијата до културата.

Во текот на изминатата деценија, Турција спроведе мулти-димензионална и мулти-регионална надворешна политика. И додека изгледите за членство на оваа земја во ЕУ се во неизвесност, таа се грижи не само за истокот, туку и за Балканот.

Растечките општествено-финансиски проблеми на Грција, регионалниот играч на ЕУ, обезбедија доволно простор за Турција - чија економија сега се наоѓа на дванаесеттото место во светот, со БДП од 10.000 американски долари по човек - да ја преземе контролата врз регионалното кормило.

„По распадот на Југославија, стратешкиот интерес на Турција се врати на Балканот, исто така поранешна отоманска територија. Овојпат, влијанието е економско и културно, но тоа наскоро ќе стане геополитичко“, изјави воено-политичкиот аналитичар Петар Шкрбина за SETimes. „Ердоган знае дека Европа има потреба од Турција, а не обратно. Главните мрежи за гас и нафтоводите ќе поминуваат низ Турција“.

Балканските земји, пред се Македонија и Босна и Херцеговина (БиХ), но исто тка и Србија, имаат постигнато значајна политичка соработка со Анкара. Во изминатите неколку години, економските врски се зајакнаа бидејќи турските инвеститори ја согледуваат можноста да обезбедат сигурна позиција на балканскиот пазар.

Аналитичарите се едногласни дека пан-европскиот коридор број 10, кој ќе ги поврзува земјите од Балканот со останатиот дел од Европа, ќе командува со економското внимание на Турција. Левото крило на коридорот ќе обезбеди транспортна врска помеѓу Турција и Балканот, како и помеѓу Турција и ЕУ.

Иако Турција покажува интерес да развие врски со муслиманските заедници на Балканот, таа вели дека има за цел да ги вклучи сите етнички групи и религии, во обид да се зголеми стабилноста во нејзиното соседство.

„Турција нема империјалистички амбиции, туку се обидува да им помогне на соседните земји, како што може“, рече турскиот амбасадор во Србија, Али Риза Чолак, одговарајќи на обвиненијата дека Анкара се меша во внатрешните работи на Србија откако висока воена делегација го посети Нови Пазар, во српскиот регион Рашка (или Санџак) во кој преовладува муслиманското население.

Рашка останува извор на тензии во односите Анкара-Белград бидејќи Србите широко веруваат дека локалните муслимански лидери се обидуваат да добијат автономија со помош на Турција и многу муслимани таму се идентификуваат со БиХ.

Како одговор, амбасадорот Риза Чолак вели „Санџак е мост за соработка меѓу двете земји, а Белград мора да ја разбере чувствителноста на луѓето во овој регион“.
Односите меѓу Турција и БиХ се особено важни за регионот. Изјавата на Ердоган по изборната победа минатиот месец, во која тој рече дека победата на неговата АКП ќе му биде од корист на Сараево исто колку и на Истанбул, предизвика остри реакции во Република Српска.

Српскиот член на три-членото претседателство на БиХ, Небојша Радмановиќ, рече дека таквите изјави може да предизвикаат политички проблеми помеѓу двата ентитета на БиХ и може да доведат до нови поделби меѓу трите конститутивни народи.

„И додека бошњачките власти во Сараево гледаат позитивен ефект од улогата на Турција во БиХ, српските политичари се воздржани и не прифаќаат политичка улога од страна на Анкара на Балканот“, вели Шкрбина за SETimes.

„Отворените амбиции на Ердоган да ја рашири „Зелената дијагонала“ [ширење на исламското влијание преку група поврзани земји со муслиманско население] во овој простор имаат свои граници. Ниту незаконската влада на муслиманско-хрватската федерација ќе му помогне да го направи тоа, ниту пак политичките притисоци врз Хрватите во централна Босна“, изјави заменик-претседателот на РС Емил Влајки.

И покрај секое долготрајно српско националистичко сомневање, Турција игра конструктивна посредничка улога со зближување на претседателите на БиХ и Србија за да поттикне политика на дијалог и регионална безбедност.

Последен пример е посетата на српскиот претседател Тадиќ во Сараево на 6-ти јули, која беше договорена на самит меѓу сите страни во Истанбул во април минатата година. Србија сега ветува дека ќе го гарантира интегритетот на БиХ и сака да ги затвори сите отворени прашања.

Турција, исто така, ја изрази својата желба БиХ и Србија да влезат во Евро-атлантската заедница преку членство во ЕУ и НАТО.

Иако неколку политички прашања остануваат пречка за подобри односи, и Анкара и Белград имаат за цел да ги надминат политичките разлики, преку поголема економска соработка и меѓузависност.

На пример, Белград му понуди на Туркиш Ерлајнс на состанокот во јули да изготви стратешки план за соработка за решавање на долготрајните проблеми со кои се соочува ЈАТ. Аналитичарите очекуваат конечниот, позитивен исход да биде формирање на заеднички национален авиопревозник.

Турската економска активност се протега низ целиот регион. Турската компанија ТАВ веќе инвестираше 200 милиони евра во обнова на аеродромите во Македонија.
Од 1-ви март, аеродромите во Скопје и Охрид ќе бидат под контрола на ТАВ во наредните 20 години. Директорите на ТАВ ја сметаат Македонија за центар на Југоисточна Европа и најавија изградба на нов аеродром во источна Македонија.

Покрај тоа, турската фирма Шише Џам го соопшти својот интерес за стратешка инвестиција од150 милиони евра во две фабрики во Македонија за производство на стакло.

Политички, Турција ќе продолжи да биде цврст поддржувач на Македонија во евро-атлантската интеграција, залагајќи се за членство под името Македонија, и покрај долготрајниот спор со Грција.

Но, односите имаат подлабок културен и историски контекст во Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција, кој ја поминал својата младост во Македонија и се школувал во отоманско воено училиште во Битола, додавајќи емотивна димензија на тоа како Анкара - и турскиот народ - гледаат на Македонија.

Сега, секоја година во Битола се одржува заедничка прослава на животот и делото на Ататурк. Ваквите настани придонесуваат за зголемување на туризмот во двете насоки. Летните дестинации во Турција, планините во Македонија и природниот потенцијал се привлечни за двата народи, и имаше голем пораст на активноста на туристичките агенции во изминатата деценија.

Важен елемент на "дискретната моќ" на Турција е растечкиот број на сапунските опери и други телевизиски емисии кои ја освоија публиката низ целиот Балкан. Во речиси секоја балканска држава, турските емисии соборуваат рекорди, како и долготрајните предрасуди кон исламот.

„Тие се многу професионално продуцирани и не промовираат луксуз и гламур, туку традиционалните исламски обичаи за време на бракот и погребите. Сериите се најевтиниот, но најефективниот приод за ширење на турското влијание во регионот“, рече Шкрбина.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/articles/2011/07/11/reportage-01
 
Ердоган знае дека Европа има потреба од Турција, а не обратно. Главните мрежи за гас и нафтоводите ќе поминуваат низ Турција“.

Е тоа батка......... тоа треба да го знае не само ердоган туку и секој Турчин, секој Македонец.

Се на овој свет извира од човековата потреба

Основното прашање е: Кој на кого му е потребен повеќе??

И на нас се однесува ова.
 
Турција е природен лидер во регионот. Друга земја со таков потенцијал туканема. Но тоа не значи дека некој ќе ја остави да прави секакви глупости и да муги нарушува интересите. Може да е лидер само со взаемна работа. Отоманскатаимперија и ропство нема да има.
--- надополнето: Jul 12, 2011 11:31 PM ---
Купете си наморници на исламистите и азиските селани ако сакате да бидете лидер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom