- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
„Фајненшл тајмс“: Турција со поголемо влијание на Балканот
23.07.2010
Турското влијание на Балканот е значително зголемено, а земјата се претвора во моќна регионална сила која помага и посредува во средувањето на кризните состојби од балканскиот регион па сé до Блискиот Исток, пишува „Фајненшл тајмс
Лондонскиот весник наведува дека шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу има над 100 патувања во странство, каде што ја промовира новата визија на Турција. Според весникот, тој посредуваше во повеќе кризни ситуации, користејќи ја притоа забрзано растечката економска и политичка моќ на својата земја за да се создаваат нови пријателства.
„Фајненшл тајмс“ наведува дека присуството на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на комеморацијата во Сребреница е сигнал за вклучување на Турција во заплетканата балканска дипломатија. Весникот тврди дека Турција и помогнала на Србија да го издаде своето прво официјално извинување за масакрот во Сребреница.
Според „Фајненшл тајмс“, српско-турското пријателство е особено изненадување поради вековната насоченост на српскиот национализам кон некогашните отомански Турци, а она што сега ги зближува овие две земји е нивната фрустрирачка битка за приклучување кон ЕУ.
Петровиќ е претседател на Самостојната либерална странка (СЛС) на Србите на Косово, која учествува во работата на институциите и има двајца министри во владата на Хашим Тачи. Тврди дека СЛС не се занимава со лажен патриотизам и со прашањето за признавањето на Косово, туку со конкретните економски проблеми на српската заедница. Според него, бојкотирањето на институциите е најлошо можно решение за Србите. Петровиќ нагласува дека СЛС нема никогаш да поддржи поделба на Косово.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=722101039155&id=11&prilog=0&setIzdanie=22040