Јамболија.

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Имам дома, ама онака стојат само, за на зима како воени резерви :)



Кај тоа тука? Имам слушнато некаде по источна Македонија, ама не ми текнува баш дека :)

Накај јужна појќе. Битола =)
 
Леле мразам. Неудобни се, боцкаат многу. Ако не си максимално облечен, ќе го јадеш. Плус, има многу поубави ствари со кои можеш да покриеш кревет.
 
Зелени јамболии????

Пвпат слушам. Тие да не ги користат муслимани само? :)
Зелени јамболии имам видено во Крушево само, и тоа во повеќе куќи. А и жолти, кои се баш интересни за на око, имаат некоја крушевска топлина.

Заебавајте се вие, ама јамболија е топ гаџет дизајниран од народниот творец.
 
Леле мразам. Неудобни се, боцкаат многу. Ако не си максимално облечен, ќе го јадеш. Плус, има многу поубави ствари со кои можеш да покриеш кревет.
Волна е. Што може да се очекува од волна освем да боцка, ама па затоа топли неверојатно добро. Имаше една финта и тука, за тоа дали ќе ја користиш со влакната нагоре или надолу, кој знае за ова нека пише да видиме.
 
Има некој клецкано под јамболија?
ко ќе спотнеш а та волната ќе се залепи на тебе полна уста со влакненца те чеша сегде а невестата припаѓа под тебе замаена ...
 
Јас имам многу јамболии и ги продавам на студенти кои се сместени приватно а немаат парно греење него користат струја а знаеме струјата е скапа, а знаеме веќе се цепаат дрва иде кај и да е грејната сезона па да си купат по една јамболија од мене.

Имам бели, црвени, портокалови (преродбенички) и зелени (еколошки).

По ПП или на профил.
 
Хмм самата помисла на јамболија ова време ме поти. Порано имавме дома бели за на креветот и за под масичка, за зимно време фино се вклопуват со ентериерот, а сега незнам каде имаат завршено и дали ќе ги видам оваа зимо повторно :)

Btw Чак Норис на свадба наместо марамче врти мокра јамболија :nesum:
 
Зелени јамболии имам видено во Крушево само, и тоа во повеќе куќи. А и жолти, кои се баш интересни за на око, имаат некоја крушевска топлина.

Заебавајте се вие, ама јамболија е топ гаџет дизајниран од народниот творец.

Требаше да ја видам повторно вчера за да ми текне...

Имав заборавено дека баба ми има розева јамболија. Не црвена избледена, туку оригинал розева... И не е крута како овие обичниве, ткаена е од некаков пофин материјал, не боцка толку и има некаков чуден отсјај...

Како не ја сликав...
 
Моментално на Еднооки оди тема за темава моја која ја сонуваат двајцата лидери :icon_lol:.
 
Имам дома, за во зимски услови. Оти собата ми е горе на 3-ти спрат(тоа значит дека е камен ладно) и мразам да спијам во соби со затоплен воздух си се покривам со јорган и над јорганот јамболија и тие валкненцата убаво си ги места за да не ми влегаат во нос. И како сардина се осеќаш. :O
 
Имам дома. Бели. Најубави се. За молците се грижи мама, не сум упатена многу во тоа. Ги сакам повеќе од јорганите зошто не тежат многу и повеќе топлат.. плус понекогаш се заигрувам на тоа ресите и имаме и една кафена помека понежна ..на таа и имам плетено плетенки. И тоа.. се најубаво.
 
Хахахаха лудница е темава... па уште во дом и семејство... :)))

Ама кога сме веќе кај тие јамболии, стварно бре луѓе, постојат ли уште тие нешта?
 
Ејјј имавме се сеќавам ко мал сакав да ги корнам влакненцата и ги уништив. Одамна немам видено да користи некој по дома освен у еден ѓупски мерцедес ко навлаки за седишта видов, ВРВ :pos:
 
Пред 2-3 недели бев на гости кај бабами и ми даде да ги истресам од тераса дека биле со прашина, раце ми паднаа и кичма 2 дена ме болеше, незнам како само Крале Марко вртел јамболии место марамче на свадби :) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom