Нема повеќе бесплатно гледање на Англиската Премиер лига!

Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Нема повеќе бесплатно гледање англиска Премиер лига!



Правата за англиското првенство за територија на Македонија ги откупи унгарскиот спортски канал Спорт клуб, кој во Македонија воопшто не се емитува, а слично се најавува и за италијанската Серија А, која е во „сопственост“ на српската Арена спорт ТВ




Наредната сезона од англиската фудбалска Премиер лига нема да им биде бесплатно достапна на гледачите во Македонија, откако правата за емитување на најатрактивната лига ги откупи унгарскиот спортски канал Спорт клуб, кој во Македонија, засега, воопшто не се емитува. Тоа што во светот одамна е тренд, кај нас дојде наеднаш, многу брзо и без тронка време за реакција, па тие што сакаат да ги гледаат премиерлигашките ѕвезди, ќе треба дополнително да плаќаат.

Спортскиот канал Спорт клуб веќе неколку години постои на просторите на поранешна СФРЈ, со свои „верзии“ во Хрватска, Србија и во Словенија, а од неодамна и во Црна Гора и во Босна и Херцеговина. Овој канал се емитува и на други јазици - унгарски, романски, полски... но сега, првпат ги купи правата за англиската фудбалска лига за територијата на Македонија. Тоа значи дека македонскиот граѓанин нема да може бесплатно (народски кажано со собна антена) да ги следат големите премиерлигашки дербија, како што досега беше практика изминативе години. Англиската лига прво се појави на националната МТВ, потоа неколку години одеше на А1, а лани се емитуваше на Сител. Во борба за право на емитување, цифрата за откуп на правата за Премиер лигата нагло порасна, па минатата година Сител за нив плати 550.000 евра, иако претходно А1 сезоната 2008-2009 ја емитуваше за „само“ 360.000 евра. Сега се шпекулира дека Спорт клуб платила неколку милиони евра за да ги има правата за просторите на поранешна СФРЈ.

Спас за македонските граѓани што ќе сакаат да го следат во живо најпопуларното фудбалско првенство може да биде единствено ако Спорт клуб ги продаде правата за реемитување на нивната програма на телевизиските оператори „Макс-ТВ“, „Боом ТВ“, „Тотал ТВ“ или на некој од кабловските оператори во Македонија. Но и тогаш, гледањето на Премиер лигата би било ограничено, зашто тренд во светот е тоа да биде дел од посебни пакети, поскапи од обичните, а на кои се претплатени речиси сите граѓани во Македонија.

Втор проблем што може да се испречи помеѓу Премиер лигата и македонската јавност е немањето македонски коментар на натпреварите, дури и во случај Спорт клуб да почне да зрачи и кај нас. Законски, никој не смее да емитува програма без притоа да ја преведе на македонски јазик, а во случајов, за сé да биде легално, коментирањето на англискиот фудбал ќе мора да биде дело на наши коментатори. Премиер лигата почнува на 14 август, а засега, никој од ТВ-операторите, барем неофицијално, не најавил дека ќе ги има правата за реемитување на Спорт клуб.

Македонија полека почнува да ги губи странските фудбалски првенства, откако лани не можеа сите да ја гледаат германската Бундес лига, која се емитува на вториот канал на Еуроспорт, кој пак не го нудат сите телевизиски оператори во земјава. Сега, истото се најавува и за италијанската Серија А, која досега беше постојано емитувана на Телма, но договорот заврши, а правата ги има Арена спорт, исто така спортски канал, но од Србија. Можно е да се случи, истиот проблем како што постои за англиската Премиер лига, да има и за Серија А, па македонските граѓани да останат скусени од задоволството да ги гледаат во живо настапите на Горан Пандев во дресот на Интер.

Тронка надеж дека сепак е можно некоја македонската телевизија да пренесува натпревари од Англија е можноста Спорт клуб да и ги реотстапи правата на некоја од нашите ТВ-куќи. Сепак, и тука нема многу простор за радување, зашто најчесто, тоа се случува само за најнеатрактивните термини (на пример, понеделничкиот меч во Премиер лигата), за кои сепак потребно е да се платат многу пари. Но тоа е тешко остварливо зашто е финансиски неисплатливо поради неатрактивноста за привлекување реклами.

Тоа што засега може да ги утеши македонските граѓани е фактот што сигурно уште две години бесплатно ќе гледаат шпански фудбал (Алфа ТВ), Лига на шампиони и УЕФА Евролига (Канал 5).

Линк!
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Хахах па редно време беше. Кај не нудат целосна покриеност па не си ги ни доплатуваат сметките, среќа на тие кој имаат дб, оваа вест нема да не потресе :tv:
А што се однесува до МаксТВ и БумТВ, не верувам дека ќе си дозволат да исплатат више од милионче, ако А1 и Сител више ги немаат потребните финансии, од овие не ни очекува кој се само преносители.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Гејој... шо ќе гледаме? Македонско првенство?

Ма има да опнам една сателитска со dreambox па ќе ми се фатат... ќе гледам ко чоек и нема да плаќам претплати за глупости. Не ми треба коментатор... Ионака коментаторо на сител врска немаше цело време mute ми е звукот да не го слушам.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Шит !!!! ае сега ќе гледаме 3 лига Регион ....
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Гејој... шо ќе гледаме? Македонско првенство?

Ма има да опнам една сателитска со dreambox па ќе ми се фатат... ќе гледам ко чоек и нема да плаќам претплати за глупости. Не ми треба коментатор... Ионака коментаторо на сител врска немаше цело време mute ми е звукот да не го слушам.
Само на тој начин ќе се опаметат колку толку кога сите ќе ги игнорираат и ќе немаат со кого да манипулираат повеќе.
Нека пропаднат гнидите белосветски.
хаха јак е муабетот за наводен коментатор, се кладам никој нема намера да го слуша Игорче and co.

п.с. предност плус е што хдми резолуција има 90% покриеност.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.900
Поени од реакции
73.082
Ќе си гледаме Шпанско битно :icon_mrgr
Сега кога неможат сите да гледаат преноси од Англиско и Италијанско, очекувам повеќе луѓе на стадионите ширум Македонија :icon_mrgr
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Супер, ќе се гледа Мак.Фудбал (жими ташаков).
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Супер, еве термин за уште една реприза на Ѓумуш на Сител :vozbud:
 

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
ебати државата
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Ќе си гледаме Шпанско битно :icon_mrgr
Сега кога неможат сите да гледаат преноси од Англиско и Италијанско, очекувам повеќе луѓе на стадионите ширум Македонија :icon_mrgr
со англиското да но италианското е навечер и во недела во 15. а македонското го префрлија во сабота мислам?

и како што знам некои кабловски оператори имаат откупено спорт клуб српската (мојот оператор:baeh:) а доколку пак за 2-3 години ги укинат сите фудбали на тв сите ќе си се префрлат на сателитска
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Јас ја имам на кабловска таа спорт клуб Унгарската,топ :)
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
ама нема да бидат сите на спорт клуб ќе има некои и на спорт клуб +

така кажаа таму
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.546
Имам Спорт Клуб:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom