Inception (Можни спојлери!)

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Новиот филм со Леонардо Ди Каприо се вика Inception

http://www.imdb.com/title/tt1375666/

Излезен е пред неколку дена, и првичните впечатоци се дека е лудница :)

Поздрав

Филмот е неверојатно добар. Има толку многу напнати и возбудливи моменти што едноставно неможеш да дочекаш да дознаеш што ќе се случи следно.
Сепак за да се разбере филмот Inception мислам дека треба да се гледа минимум 2 пати.
 
Тапа филм. Обична акција што ја користи навидум комплексната идеја за соништата како изговор.
 
Тапа филм. Обична акција што ја користи навидум комплексната идеја за соништата како изговор.

Идејата за соништата не е НАВИДУМ комплексна идеја, напротив ептен е комплексна. И самите научници се согласуваат дека сонот е еден од најмистериозните работи кај човекот за кое се уште нема научни докази зошто и како се случува и дали може да се контролира со помош на потсвеста и на кој начин делуваат. :wink:
 
Па кој не го сфатил сигурно ќе му биде тапа.
 
Filmot e ekstra, originalna ideja dobra gluma.... ova me potseca na matrix koga izleze ocekuvam uste od vakov tip.....
 
Идејата за соништата не е НАВИДУМ комплексна идеја, напротив ептен е комплексна. И самите научници се согласуваат дека сонот е еден од најмистериозните работи кај човекот за кое се уште нема научни докази зошто и како се случува и дали може да се контролира со помош на потсвеста и на кој начин делуваат. :wink:
Точно, но тоа не мора да значи дека сценарио за филм во кое се оди во сон во сон во сон е комплексно и фасцинантно како научните теории (кои секако, за многумина се далеку подосадни од Холивуд теориите по the rule of cool). Не ти е добра споредбата, ако сонот сам по себе е комплексна и интересна работа, не значи дека се што е поврзано со соништа е исто така комплексно и интересно, секако, со исклучок на редовните рапорти од комшивката за нејзините возбудливи соништа. Како што кажав, филмот ја користи таа идеја како изговор, vehicle за стандардната пукај-трчај акција.
Па кој не го сфатил сигурно ќе му биде тапа.
Јебига.
 
"INCEPTION" е интересен да се поѕтрошат 2 и пол сати и да не ти е досадно....
Во секој случај не е филм (барем за мене) за кој со воодешување дискутирам откога ќе го изгледам и неколку дена ми држи влага....

Еве на пример "THE HANGOVER" го гледав пред недела дена и дури и сега кога ќе ми текне се смеам на глупостите....
Немој да ме разберете погрешно.....не е до жанрот!!!
 
Го гледав филмот пред некој ден и навистина не ми е јасно што е толку тешко за разбирање. Имаше два моменти кои требаше да ги премотувам наназад, ама и двата се објаснуваат со една работа: филмот е научна фантастика. Инаку двете работи кои ги премотав беа, прво, математиката за тоа колку трае сонот, односно дека мозочната активност се зголемува за дваесет пати при сонување и второ, за будењето и синхронизацијата на будењето. И двете се нелогични работи ама филмот е научна фантастика.

Во секој случај, бара активно гледање и вклучување од страна на гледачот, затоа што има многу динамика. Аам јас сепак заспав на сред филм. Којзнае дали вистински се разбудив?
 
Малце подобро кога ќе размислам а веќе размислив,Mulholland Dr. каде каде е подобар од Inception,иако не сум некој ептен голем фан на Линч.

спојлерот носи ризик по двата филма -
Зошто ја направив споредбаца(иако има веќе споредби со уште многу други филмови и споредби врз подобра основа)-
И двата имаа слична тематика -сонот,али Mulholland Dr. е послабо прифатен од широката маса (иако крајно маестрално се доловените најјезиви нешта на сонот )заради немањето на пуцачина што би требало да трае сат време од филмот и крајот не е усерен ,туку фино лепо кога ќе размислиш се се поклопува.

али тоа е тоа,направи најјака пуцачина со најновиве ефекти што ги овозможува технологијава,вметни некоја сторија за всадување идеи преку сонот (само сеуште неможам да сфатам зошто да се мачиш со влегување во сонови кога еден разговор во авионот ќе ја завршеше работата)+забранет влез во америка и неможењето Кобб да си ги види децата ,а децата слободно можат да излезат од америка, и кога ќе додадеш комлексен крај кој недава ниту еден одговор на филмот како целина но битно праќа една порака која ако сте прочитале барем една лектира од 5то натака сигурно сте ја сретнале- да се најде мир во животот.
и ефектот е топ 5 на имдб.
 
Го гледав филмот пред некој ден и навистина не ми е јасно што е толку тешко за разбирање. Имаше два моменти кои требаше да ги премотувам наназад, ама и двата се објаснуваат со една работа: филмот е научна фантастика. Инаку двете работи кои ги премотав беа, прво, математиката за тоа колку трае сонот, односно дека мозочната активност се зголемува за дваесет пати при сонување и второ, за будењето и синхронизацијата на будењето. И двете се нелогични работи ама филмот е научна фантастика.

Во секој случај, бара активно гледање и вклучување од страна на гледачот, затоа што има многу динамика. Аам јас сепак заспав на сред филм. Којзнае дали вистински се разбудив?

Ццц, која аматерска грешка. Па требало да си направиш тотем за да знаеш дали сонуваш или не. :pos:
 
Заспав пред да знам за тотемот. Туф, туф, туф.
 
fejk идеа

само фреди кругер можи да убие во сон:pos2:абе гитла ебати лоботомијата
па уште спољери барате
 
На крајот испадна дека е во сон или како ? Пошто тотемот се вртеше кога се сретна со децата, а нели само во сон се врти ?
 
На крајот испадна дека е во сон или како ? Пошто тотемот се вртеше кога се сретна со децата, а нели само во сон се врти ?

Мајкл Кејн не се појавува во вообичаените сонови на ДиКаприо.
Така да реалност е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom