Па јас ти кажав убаво, ама процесорот не ти чини. Убаво ви кажа Слобо и уште во почетокот на '80-тите, татковците ваши, идилични прото сељани ги носеа во Косово (место да носат Срби - рецимо), само и само да родат мржња едни со други. 1990 година во Охрид, некој семинар, Милошевиќ на тоа место ги предупреди македонските Државници, да не заборават дека Македонија и Србија ги спојуваат неколку битни државни работи, меѓу кои и проблемот са "Шиптарима". Ама јас се чудам, каде проблем са Шиптарима во 1990 година?
Нема гајле, мора да знајш дека поради такви како тебе, се случи 2001-ва. Јас да имам некаква власт, ќе ги уништам сите такви како тебе во двата табота (Албански-Македонски), и чист бук, мирен леб.
Evil Betty, направи си услуга и отсатапи од убедувањата што ти го ограничуваат евентуалното среќно постоење. Од такви “мерења“ кого гледаш повеќе во Рамстор, дали Македонци или Албанци, немаш никакво фајде. Еве зошто. Албанците...или речи ги Албанци, да не мислиш дека се подлизувам на некого, имаат потреба да излезат од сопствените гета затоа што, реално, тие се изолирани во населби кои се разретчија од македонци а со тоа се оставени на сопственото едноличје. Македонците го немаат тој проблем. Можат да шетаат каде сакаат, “дури“ и во стара чаршија...но не го прават тоа затоа што таму било “пуно Албанци“. Ја бележиш дискрепанцата? Ти можеш да одиш кај сакаш а албанецот оди таму каде што се чувствува добредојден, односно таму каде што нема да го гледа некој под око. Затоа што народот- целиот народ во македонија- има социјални тенденции како стадо офци, кога ќе види дека некој преовладува на одредена локација, по “дифолт“ другата група не оди на тоа место. Ете зошто според тебе Рамстор е полн “шиптараана“ а од македонец ни трага ни глас.
Како и да е, Албанците покажуваат широка национална сплотеност кога треба да се одбранат оние херои кои ги мачеа клетите Каури. Дури и еден од смелата дружина е избран за пратеник. Колку гласачи треба за да се избере пратеник во Собрание?
Камо среќа да беше така со нас македонците за многу поважни прашања. Како и да е, не е баш како што збориш. И албанците меѓу себе имаат огромни несогласувања. Дека се сплотуваат сите за да одбранат некои криминалци или прашања, тоа така излега затоа што албанците немаат независно гласило или цивилно општество кое ќе изрази став за тековните проблеми кај албанците.
Ако се концентрираме на минијатури, тогаш да, ќе ни сметаат УЧКите во собрание и сите претрпени неправди на македонците, и никогаш нема да зачекориме кон меѓусебно разбирање. Ако гледаме реално тогаш албанците во Македонија имаа многу причини зошто да кренат бунт. Полицијата т.е државата, по осамостојувањето на Македонија ги третираше Албанците како граѓани од трет ред. Дали еднаквоста требаше да се постигне со војна? НЕ. Можеби албанците во македонија не сакаа да дојде до тоа, но тука играат фактори од надвор како кројките на западот, Србија и УЧК.
Милошевиќ правел договори со влијателни грчки политичари да ја поделат Македонија меѓу себе. За секој случај, како што би постапил секој сокол од политичар, отишол Слобо во Охрид и посочил на заедничкиот непријател на србите и македонците- Албанците. Зошто? За да има план Б. За да има отворена варијанта на заеднички удар на Македонија и Србија доколку косоварите во тие времиња масовно се кренеа против Србија, со политички притисок Србија ќе можеше да ги наговори нашите слепци од државници да удрат по Албанците- и тоа прво на север (на границата со Косово) а после на запад. Можеби српскиот народ не ни е душман, ама нивната држава и те како. Во нас сеуште гледаат како на плен (макар се искурназивме со тек на време). Порано било полошо. Сакале да не искористат, да не исцедат. За СРЕЌА, само за среќа, во Босна србите запоседуваат со поголемо парче територија па Србија подзаборави на Македонија како дел од српската надворешна политика од прва светска војна па до распадот на Ју.
Што ако бојкотираш Албанци-трговци? Ќе направиш само мало дупче во целата черга. Трговците на големо ќе си шибаат недопрени од евентуален бојкот од страна на македонците што пак, е најапсурдно нешто затоа што кога би дошло до тоа, ни несвесно самите ќе си ги ограничиме трговските видици. Отиди во Албанија и провери дали има анимозитет кон македонци. Замисли сите лоши гласини да стигнат од овде во Албанија па да ги изгубиме единствените добродушни пријатели што ги имаме. Со добар пристап ќе се отвори добар пат за пријателство и трговија. Кога ќе се пробијат сите патишта до брегот на Албанија ќе можеме комотно да ги заобиколиме грците и за одмор и за пристап до пристаниште и извоз.
--- надополнето ---
Така, а СДСМ, нема врска, државата не ни чини.
П.С.
http://www.scribd.com/doc/24563149/identitetot-na-milosovski
Види, и за ова Албанците не се виновни.
Нема врска што си албанец. Прочитај ја “За Македонцките Работи“ на Мисирков. Ќе ти помогне да ги разбереш македонците како народ, и денешната македонска нација со сите народности. Во оваа книга има делумен одговор зошто некои македонски револуционери флертувале со бугарите. За да им се напикаат во високи министерски места и за да се возат на грбот на бугарија додека Македонија нема реални шанси за потполна независност. Е сега, тоа “возење“ е спорадично и бугарски шпиони се упикале во ВМРО, реална последица од таквото флертување.
Тоа Милошовски што се строел под бугарско знаме...дискутабилен чин. Дај боже мотивите да се во согласност со тврдењето од погоре. Ако не се, тогаш другата варијанта е Милошовски да е дел од последната генерација македонци врз кои бугарската држава имала некакво политичко влијание.
Бугарите тогаш и денес, одат на таа валута дека СРБИЈА ги строи македонците против бугарите и дека “бугарскиот народ“ во Македонија е под константен притисок на србизираните македонци затоа што порано немало македонци а биле само бугари. Небулоза до небулоза, но ете, имаше во 99 со доаѓањето на Љубчо, слепило кај некои луѓе блиску до овој шарлатанов.
Се надевам дека Милошоски еволуирал од неговата корупка под дејство на сите документи и истражувања кои почнаа да фрлаат светло врз бугарските измислици и “документи“.