Некаков “ТМРО’’ сератор наговестува поделба на Македонија...

Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
На кајгана има тема поврзана со овој човек, почната на 05-09-08. Еве и линк .
Темата е почната од некој си Христо, кој трупа на купови тврдења со дубиозна позадина, а сума сумарум на сето тоа е дека дел од Македонија ќе се припои кон косово.

Денес го прочитав следново:

Неофицијалната најава за можна размена на територии помеѓу Белград и Приштина,во делот на северно Косово и Прешевската долина,сосема сигурно ќе предизвика верижна реакција со слични тензии во БиХ,Македонија,Албанија и Грција, сметаат од ТМРО.


“Прифакањето на меѓународната заедница на овие нонпејпер најави ќе значи и дефинитивен крај на мултиетничкиот состав на државите во западен Балкан, кои на кратки стази би значеле нови турбуленции, но на подолг период би биле фактор за конечно затварање на балканското буре барут,како логична последица на етничките промени што се случија во изминатите 60 години“, вели претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.


Шехтански апелира до релевантните државни институции да направат сериозна политичка, социолошка и етничка анализа за улогата и местото на македонскиот народ и македонската држава во идните новонастанати корелации на балканот-истакна претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.
Политичката реалност е дека на Балканот нема место за дестабилизација. Европа и НАТО имаат истакната агенда дека нема да се дозволи такво нешто. Покрај тоа, границите на Европа се проточни а за многу балкански земји границите станаа пониски. Со која логика некој може да наведе дека ќе има толку радикално прекројување на границите, со што Македонија ќе има што да изгуби, како што замислува Шехтански.

Дали наведува на делба на Македонија или евентуална опасност, тој човек многу проѕирно се обидува да внесе каков-таков страв и недоумица. А во земјава зборот патува брзо и има тенденција лесно да го растревожува народот. Приметете дека човеков тотална дубиоза. Водач е на ТМРО кои никогаш не заземале конкретнна политичка активност туку служат за “брзи интервенции“.

Според начинот на кој е дотеран текстот од првата тема во линкот, се гледа дека обидите на Шехтански се нечесни и подли а мотивите му илузорни. Одозгора на се, човекот е претседател на ФК Вардар!!!!! Дали на некого не му е очигледно зошто ФК Вардар ја има најлошата сезона во својата историја и зошто не успеаа да го опорават клубот. Некој треба да го провери Ванчо Шехтански.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ako se дели Косово...ќе биде доста заебано за Македонија
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Who the fuck is Шехтански....што по ѓаволите се дешава со луѓето денес....секој лингур може да излезе и да ја предвиди иднината на Македонија! Жена му и ќе ќерка му да ги дели цела Македонија....
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Ako se дели Косово...ќе биде доста заебано за Македонија
Ало Спутник, ако се дели Косово ќе биде по дипломатски пат, не по пат на војна. Нема опасност за Македонија него овој шарлатан плаши народ. Кој е не е, ама глеј го. Одозгора на се и на чело на Вардар е!!! Од каде он експерт по меѓународни односи?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Нема поделба на Косово, САД јасно кажаа, иако Србија продолжува да бара договорна размена на територии.

Јас не знам зошто дозволувате да ви лазат по нерви типови кои даваат изјави за да се полнат венсиците, а да не зборуваме пак на некаков Бугар “Христо’’ кој што абер нема за Македонија и за меѓународни односи мимо тоа што го чул во кафана.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Планот за промена на границите на Балканот е на ЦИА, не е на Србија или Косово.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Повторно директни разузнавачки информации од прва рака, дами и господа, Славјански директно од кол-центарот на Светската Сеславјанска Разузнавачка Агенција за Кајгана форумот.

Ви благодариме за вниманието.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Остај што не се од прва рака туку се неточни. Планот за поделба на Косово е српски од самиот почеток. Нивните политичари тоа отворено го кажуваат (вкл. и мене), а впрочем предлозите како да се стори поделбата јавно ги изнесуваа во НИН и други списанија.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Брат семоќниот.
Ако ти треба некој антиславјански лек, кажи, го имам на лагер, ефикасен е.

За тој план се пишуваше во дневниот весник Нова Македонија, на насловна страна беше.
Информацијата ја доби новинар, од амерички дипломат, после трета ж’та во ресторанот Роза.
Утредента беше тргнат уредникот на редакцијата Нова Македонија.
Од некаде стигна, дека тоа е забранета тема за медиумите.

Во прво лице еднина од Славјанско братство специјално за Братот.

п.с.
За лекот слободно ти прашај си.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Доколку меѓународната заедница има во план прекројување граници по мирен односно дипломатски пат, тогаш единствена стратегија која ја имаме е припојување или поточно ВРАЌАЊЕ на окупираните териотрии на Македонија , во кои сеуште живеат етнички македонци, делови од Егејска и Пиринска Македонија и Голо Брдо во Албанија. Така ќе се ослободиме од албанците во Македонија (доколку ти добијат територија од Западна Македонија кои се населени претежно со албанско население) и нивните радикални барања .... а ќе се решат и проблемите со непризнаените македонски малцинства во соседните држави.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Доколку меѓународната заедница има во план прекројување граници по мирен односно дипломатски пат, тогаш единствена стратегија која ја имаме е припојување или поточно ВРАЌАЊЕ на окупираните териотрии на Македонија , во кои сеуште живеат етнички македонци, делови од Егејска и Пиринска Македонија и Голо Брдо во Албанија. Така ќе се ослободиме од албанците во Македонија (доколку ти добијат територија од Западна Македонија кои се населени претежно со албанско население) и нивните радикални барања .... а ќе се решат и проблемите со непризнаените македонски малцинства во соседните држави.
хммм...во соседните земји..според евиденцијата на тие земји, а и според белосветската евиденција НЕМА ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЦИ...онакви за какви зборуваш ти. Сигурно нема ни еден кој на РЕФЕРЕНДУМ ке се изјасни дека е за издвојување од Грција,Бугарија,Албанија за да си го исполни " вековниот " сон за македонско обединување:)
За разлика од тоа во Македонија има ДОВОЛНО народ кој ќе тврди дека сака да се дели.... Бериша слушам веќе се прогласил за премиер на сите албанци каде што тој мисли дека ги има...и овие немаат ништо против....т.е. мочаат на државата која не ја сметаат за своја, бидејќи истата онака космополитска и хермафродитска како ја направил Бог, не успеала да ги воспита да бидат лојални граѓани кои после толку генерации веќе требаше да бидат ПОГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ ОД МАКЕДОНЦИТЕ...:)
Иако Мисирков не сака да верува во тоа???? или не сака да каже дека верува:) но тоа е последната фаза на планираното ТОПЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКА НАЦИЈА И ДРЖАВА кое како и топењето на поларните капи се случува побргу и од најпесимистичките наши наивни предвидувања....
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Брат семоќниот.
Ако ти треба некој антиславјански лек, кажи, го имам на лагер, ефикасен е.

За тој план се пишуваше во дневниот весник Нова Македонија, на насловна страна беше.
Информацијата ја доби новинар, од амерички дипломат, после трета ж’та во ресторанот Роза.
Утредента беше тргнат уредникот на редакцијата Нова Македонија.
Од некаде стигна, дека тоа е забранета тема за медиумите.

Во прво лице еднина од Славјанско братство специјално за Братот.

п.с.
За лекот слободно ти прашај си.


Излези малце од мејнстримот и немој вака да го ризикуваш животот со вака доверливи информации.

Или дај оглас за аукција на сите тајни на ЦИА, барем ќе станеш популарен.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
ТМРО како и секогаш. Wannabe ултра-десничарска партија, без никаква политичка моќ и влијание.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Не се вознемирувајте.Поголемиот дел ќе ни припадне нам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom