Синдикат
Мајгада?!
- Член од
- 22 август 2005
- Мислења
- 3.110
- Поени од реакции
- 180
Абе лесно е да се кажи приказна, ама факт е дека насекаде постои пазар и дека најмногу зависи од почетниот капитал. Нереално е да очекуваш вложен капитал да се дуплира на годишно ниво, јас лично би бил пресреќен ако вложам во бизнис и истиот остварува профит од 10% од вредноста на годишно ниво.
Никаде на светот не постои чоек шо може со сигурност да остварува годишен профит повисок од каматните стапки на банкарските кредити, едноставно нема логика. Ако некој со производство или трговија можи да го дуплира капиталот, како шо некој напиша дека правел погоре, тогаш не ми е јасно зошто едноставно не подигне максимални хипотечни кредити и не ги исплати после дуплирањето.
Теоретски најмалку ризични бизниси во Македонија се малите бизниси со минимални трошоци, особено ако е семеен бизнис и евентуалното неисплаќање на плата не е сериозен проблем. Затоа земјоделието е релативно профитабилно во Македонија, зошто работната рака е практично бесплатна и имотот најчесто е наследен и има минимална инвестиција.