Холандија - Шпанија \ Финале на Светскиот Куп \ 11.07.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата mercenary
  • Време на започнување Време на започнување

Kojа репрезентација ке биде освојувачот на ова СП ?


  • Вкупно гласачи
    150
На почетокот понав, сега да завршам. Гатузо и Јакинта во тим, разбирам екипата да игра на контри. Ама со Робен, Снајдер, Варт, Перси, Хунтелар, вБомел? Никако не можам да разберам како таква екипа можи да игра со чекање и на контри дури и против една Словачка, дуел од кој ги замразив холанѓаниве, барем за Светсково првенство. Срамота. Победи тој што требаше да победи. Честитки за Шпанија, стварно срдечни честитки, нешто што пред Светсково првеснтво тешко дека ќе го речев. Но „благодарност“ и до низоземците за нивната „несебична помош“ околу тоа.
 
Убеден сум дека ако Холандија заводеше (читај Робен да му текнеше гол да дајт), Шпанија со то "пиплање" на топката на средина, немаше шанса после да напрајт, во стилот на Барса-Интер ќе беше утакмицава.

Честито за Шпанија, а најпојќе мерак ми беше за Дел Боске, немојш да не го сакаш тој човек! :)


ps. И криво ми е за Снајдер. :(
 
Разочарување мое од конечниот исход.
Сакав Холанѓаните да освојат , но сепак се единствената репрезентација без пораз на светсково!
И овој меч заврши без нивни пораз , а претходните им беа сите победи.
Браво барем за трудот. Од самиот почеток знаев дека многу ќе постигнат.
Стигнаа до финалната фаза, каде што сепак повеќе среќа имаа Шпанците , и секако Хауард Веб.... не го сакам , од никогаш не сум го ни сакал!
 
Експерту.Ако ти си напаѓач,а јас дефанзивец,ти добиваш топка(и си во офсајд),јас ја земам топката пред тебе.И зошто тука да свири офсајд и да се прекинува играта,кога може се нормално да си продолжи?Е сега што лошо изреагира ВДВ,тоа е друга работа.

Иначе ете и на видео се потврди дека нема офсајд,значи регуларен гол.
Да, ама ти ја зема топката или проба да расчистиш и топката дојде до Цеск?
Исто и на средина од терен, ти ми правиш фаул, мој играч ја добива топката се почитува предност. Втор случај, ти ми правиш фаул, твој играч ја добива топката, продолжува играта?

Расчистивме дека не беше офсајд, али ме нервира тоа што упорно се обидувате да се правите стручњаци или пак сте ептен субјективни.
Навивам за Италија, искрено не ми е до толку битно кој освои(иако ги мразам Шпанциве), али ипак не реплицирајте ако не знаете да ја процените ситуацијата.
 
Разочарување мое од конечниот исход.
Сакав Холанѓаните да освојат , но сепак се единствената репрезентација без пораз на светсково!
И овој меч заврши без нивни пораз , а претходните им беа сите победи.
Браво барем за трудот. Од самиот почеток знаев дека многу ќе постигнат.
Стигнаа до финалната фаза, каде што сепак повеќе среќа имаа Шпанците , и секако Хауард Веб.... не го сакам , од никогаш не сум го ни сакал!

Нов Зеланд ? :tv:
 
Да, ама ти ја зема топката или проба да расчистиш и топката дојде до Цеск?
Исто и на средина од терен, ти ми правиш фаул, мој играч ја добива топката се почитува предност. Втор случај, ти ми правиш фаул, твој играч ја добива топката, продолжува играта?

Расчистивме дека не беше офсајд, али ме нервира тоа што упорно се обидувате да се правите стручњаци или пак сте ептен субјективни.
Навивам за Италија, искрено не ми е до толку битно кој освои(иако ги мразам Шпанциве), али ипак не реплицирајте ако не знаете да ја процените ситуацијата.
Иниеста и при првиот случај (кога му нафрлија) и при вториот случај (кога му подадоа и постигна гол) не беше во офсајд.Но ако при првиот случај беше во офсајд,а топката останеше кај Холандија судијата ќе испочитуваше предност.Но бидејќи веднаш потоа ја изгубија топката ќе свиреше офсајд.
 
Се само Холанѓаните да не освојат , беше мојот став кон финалето. Не можав да ги сварам органски, пред се ради грдата игра која се базира на кршење нозе, лупање без топка, делење крампонки у груда. Не им беше сефте, така ја затераа од 1/8 финале па видоа дека им упали па си продужија. Капак на се беше грдосијата Робен кој се фрлаше и лежеше на земја како умрен при секој ебан контакт.

Секоја чест за шпанците, заслужено освоена титула а особено ми е мило за cold blooded Дел Боскуе :) .
За 1 недела одам на одмор во Шпанија, надем се дека малце од малце ке ја фатам еуфоријата и преку слики ке ви ја донесам тука.
 
Овие Барселона многу јаки :tv:
 
Шпанија беше оштетена од судиите...плус Шпанија имаше повеќе 100% шанси.
Да му дадеше црвен на Де Јонг во прво полувреме(старт за во затвор),ќе беше доста полесно за Шпанија да поведат.
Не досуди чист пенал врз Чави,кога беше спречен да шутне со старт од позади.
Рамос,Виља,Фабрегас,Иниеста..сите имаа 100% шанси кои не смееа да не ги искористат.
И како тоа Шпанија не заслужи да освои?Со што Холандија заслужи?Со тоа што се бранеа со 11 души у нивни шеснаесетник и си мислеа или ќе ни се посреќи у контра или нема?Или само поради тоа што ги мразите(некои имаат комплекси,некои ова,некои она..секој различно),затоа не заслужиле да освојат?
Сепак,заслужена победа...........................која требаше да биде со поголема разлика.
Хејтерчиња,не се нервирајте......................................................................................................................................многу.
 
axaxaxaxaxaxa Сакале атрактивна игра.Финале на светско па атрактивна игра. Мечот мене ми беше добар имаше шанси. Холандија оштетени?!?!? Требаше со три црвени да завршат а не со еден. Шанија играла фудбал грд за гледње , сеа му се јавувам на Дел Боске и му кажувам следното првенство да играат убав фудбал и дека не е битно дали ќе освојат нешто.
Оваа година Барселона играше убав фудбал па само полуфинале стигнаа ,а неубавите Интер и Шпанија освоја се.
 
По грда,по копиљаска репрезентација од овие холанѓаниве немало.Барем нека одат рагби да играат(и така во фудбалов вечни лузери ќе си останат).Де Јонг директен црвен и со тоа утакмицата ќе беше решена,и 500 шанси да имаше Робен џабе им беше.И едно да ви е јасно и да го запамтите.По подмукло,по провокатор,глумец и не знам како да го наречам од Ван Бомел нема и нема ни да има.Какви само стартови врз Иниеста правеше.А Рамос и Пујол за ништо земаа картони.Ама ајде се виде дека сакаат да ги направат со сила шампиони.
Во групите играа катастрофално без ниедна створена шанса,Словачка 2-1,Бразил 2-1,Уругвај 3-2,ете ги резултатите и после Шпанија со 1-0 победула.Уште еднаш хејтерчиња помирите се со поразот,зашто ова го може само европскиот и светски првак.
ВИВА ЕСПАЊА!!!
 
Освен Снајдер некоја дијагонала, во Холандија нема некој друг што знае да подаде, да изигра нешто. Ван Перси пустиот само фигура е, да не се влече по теренот и да не моли за да шутне слободен нема топка да фати, тој повеќе му подава на Робен отколку тој него. И Арјен е директниот кривец за поразот на Холандија и никој друг. Се надевам дека психички ќе се опорави по губење две гоолеми финалиња во рок од 50 дена.
 
na ovie od holandija na site trebase eden crven karton :@
jas ne bev za nikoj mojot favorit ispadna ama spancite zasluzeno si pobedija cestitam
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom