Здраво на сите,
Подолго време ја следам ситуацијата со Нахил и се регистрирав со намера да споделам со вас некои информации.
Според мое длабоко уверување мислам дека се работи за смислена измама.
Еве зошто:
1. На нивната веб страна стои дека се компанија со преку дваесет години искуство (а кога бев на интервју ми беше кажано и дека се меѓу топ 5 во Дубаи) .
Тешка глупост, компанија со такво реноме нема да си дозволи да има таква веб страна, како прво. Самата веб страна е многу сиромашна со податоци, на пример нема ни листа на изработени проекти, компании со кои соработуваат и сл. Инаку самиот домејн
nahildoo.com е регистриран на 2.2.2010. Она што му го прават на народот и значењето на овој датум ептен се поклопуваат. Доказ дека домејнот е регистриран на 2.2.2010 -
http://www.list-of-domains.org/default.aspx/COM_02022010_116.html
2. Името Nahil е избрано со цел да се поистоветат со
Nakheel - многу позната компанија која има изградено маркантни објекти во Дубаи, како островите со облик на палма, The World
и многу други
3. Направете пребарување на интернет со поимот Nahil и нема да добиете ништо друго освен огласи во Босна, Србија, Македонија... Никаде не се спомнуваат дека изградиле нешто, некој проект, било што, нели работат преку 20 години.
4. Пред некое време на нивната веб страна
http://www.nahil.info/ имаше и простор за оставање на коментари (всушност од тука и почна моето сомневање). Една матна, никаква сликичка со некои згради што требало наводно да ги градат. Оставен коментар ваков:
NAHIL D.O.O BANJA LUKA
2010-05-18 16:03
HVALA LIDIJA NA PODRSCI I MI VAS POZDRAVLJAMO!
LIDIJA
2010-05-18 16:03
ODUSEVLJENA SAM..PROJELKAT JE ODLICAN NASLA SAM GA I NA INTERNETU POGLEDLA DETALJNIJE...JAKO MODERNO DJELUJE I DRAGO MI JE STO CE BAS NASA RADNA SNAGA SA PODRUCJA BOSNE I HERCEGOVINE I SRIJBIJE RADITI UPRAVO NA TOM PROJEKTU ...SAMO NAPRIJED UZ VAS SMO...VELIKI POZDRAV!
Како оваа Лидија успеала да го најде овој проект на интернет и да го фали на цела уста, јас се утепав од барање и ништо не најдов. Заклучок - сами го напишале. Многу провидно, коментарот оставен во 16:03 а веднаш во 16:03 и одговараат од Нахил со благодарност. И едниот и другиот коментар се напишани од еден човек, пазете и двата со големи букви, ист стил.
5. Наведената адреса P.Box 33062 во Дубаи не постои на наводната адреса Suite 305 - Al Shafar building - Karama. Побарав на интернет и не можев ништо да најдам со таа адреса, ниту на Yellow pages во Дубаи. Имаше и еден коментар оставено на нивната страна (сега се сите тргнати) најверојатно од некој што го познава Дубаи кој гласеше вака:
padre
2010-05-25 16:36
there is not such a thin like nahildoo in po box 33062 (нема такво нешто како nahildoo на po box 33062).
6. Парите, 400 евра, што наводно се бараат за виза и трошоци или некаква гаранција - нема врска. По закон во ОАЕ визата и сите трошоци врзани за неа ги плаќа работодавецот. Со сигурност проверено, бидејќи подолго време се интересирав за работа во Дубаи.
7. Самото интервју (преку Скајп нели, со некого наводно од Дубаи, а можеби беше и во Босна, којзнае...) жива комедија. Англиски знаев подобро от типот, кој нешто д`ткаше неповрзано, онака општо, ништо поконкретно - магла и ветар.
На луѓе како градежни работници, ѕидари, тесари и др. (без намера да навредам) самото претставување на компанијата можеби им изгледа веродостојно, имаат канцеларија, веб страна и сл. Меѓутоа некој што малку повеќе се разбира, веднаш ќе види дека се работи за смислена измама.
Имаше и многу други ситници со чија помош успеав да ја склопам сликата за оваа измамничка компанија, ама ме мрзи сега сите да ги набројувам, мислам дека беше доволно.
Поздрав и совет до оние што дале 400 евра да одат да си ги бараат парите, пред овие скотови да си ги спакуваат куферите и да ја затворат канцеларијата.