Автомобили во размер

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Браво, браво... требало место Warning! да пишиш Achtung! :)

Фала Razor, знам дека налепниците треба да се на германски ама немав такви. И вака е Ok, само треба уште некои работи да досредам и дофарбам, па после следи каросеријата и ентериерот.
 
Еве и една 1/18 360 Modena исто Bburago, може една година ми стои вака недоработена ама ке ја завршам кад тад. Имам сменето бандажи и моторот е целосно преработен (додадено детали, филтри, кабли, цевки итн.).

Се надевам дека ви се допаѓа
 
лелееее , злато е 360кава... ова се тие модели што сам треба да ги склопуваш ??
 
Не, ова се веке склопени модели 1/18 ама јас си ги расклапам па чепкам по нешто :vozbud:
 
Исто Bburago 1/16 Mini Cooper S со модифициран мотор, офарбани браници и бандажи, нов тркачки издув, тркачки ентериер, тркачки траки на страните и хаубата.

Малку прашинава внатрешност ама ме мрзеше да чистам зошто треба да се отвори целата кола

Поздрав
 
Ме интересира zocc, деловиве како ги правиш, или ги најдуваш од некаде?
 
Еве нешто набрзина зошто немам многу време во моментов да сликам, значи во моментов работам на Porsche 911 (993) Bburago, поточно на моторот. Додадов компресор, каиши, кабли, induction филтер, oil cooler, итн... значи работено по вистински 1/1 модел.

А за колекцијата, ке биде, набрзо :helou:

хоум мејд??? :vozbud:

Прекрасно!!! :) продолжи така...
 
Ме интересира zocc, деловиве како ги правиш, или ги најдуваш од некаде?

Види сега, некои делови ми се од стари скршени коли, а некои сам си ги правам/импровизирам колку што можам, не знаеш од колку ситни делчиња што ни се мотаат по фиоки и шпајзови со малку труд и фантазија се искористуваат кај количкиве (на пр. филтрите на ферарито 360-ката ми се капачиња од ѕивани) :je:. А инаку има на запад специјализирани шопови каде можеш да купиш бандажи, спојлери, цели китови,налепници, исто како кај вистинскиве коли.

--- надополнето ---

хоум мејд??? :vozbud:

Прекрасно!!! :) продолжи така...

Фала ти, еве ти како изгледа стандард моторот пред да почнам да го модифицирам, значи сменето е скоро се (сликата не е моја, од интернет е, од преголема желба да почнам :vozbud:заборавив на времето да го сликам стандард моторот).

621080995223603750066711-71470-700_700.jpg

Имам дома скроз исто како на сликава. Огромоен фан на ескортот сум и како би ми било мерак да се позанимавам малце, да го потсредам. Имам еден проблем. Вратите што му се отвораат, се скршија тие држачите што ги поврзуваат за осовините и не се функционални. Дали има некое чаре да ги залепам некако и пак да се отвораат?
Иначе порано го имав направено со светла ескортот, со батерии поврзани, направени убаво ништо да не се познава... само ги извадив после оти ми имаа истечено батериите :)
 
Прегледај го приврзокот 43388

Знаеш што? Оваа твојата кола е во размер 1/24 а јас работам со 1/18 и држачите се различни (немам за да видам како се), најубаво е ти да сликнеш неколку добри слики па да видиме што може да се направи. Инаку тие помалите коли (1/24) се ептен лесни за средување него ли овие поголемите.
 
туку има ли некој застава 101 модел и каде може да се најде ?
 
Еве Mc Laren F1 GTR 1/18 од UT models, се е стандардно на колата, значи модификации нема.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom