Закон за трансплатација на органи

  • Креатор на темата Креатор на темата Господ
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Господ

Гостин
Знам дека реков дека ќе отсуствувам малку но предмалку нешто ми го прливлече вниманието.
Само што чув на вести и не ми се веруваше па погуглав и видов дека одамна е замислен а сега и стапен на сила закон кој вели:
Секој граѓанин што нема писмено да се откаже од донирање органи, автоматски дозволува неговите органи по смртта да бидат користени за пресадување.

И сега јавно да прашам!

ПА ДАЛИ СТЕ ВИЕ НОРМАЛНИ!?
КОЈ ВО СВОЈОТ ЗДРАВ УМ ЌЕ СИ ЗЕМЕ ЗА ПРАВО ДА СКВЕРНАВИ МРТВО ТЕЛО?!
ШТО Е СЛЕДНО ЛЕГАЛИЗИРАНА ТРГОВИЈА СО ОРГАНИ.
ЛЕГАЛНИ ФАБРИКИ КАДЕ ЌЕ СЕ ОДГЛЕДУВААТ ДЕЦА ЗА ОРГАНИ.

Ова е најболниот закон кој сум го видел.
Посетете го вашиот матичен лекар и кажете му дека не сакате вашето тело да биде сквернавено по вашата смрт.

Има ли некој нешто повеќе информации?
Можеби а и се надевам дека законов не е волку психопатски.


Дали мислите дека треба да се поништи законов?


*Мала грешка имам во насловот имено трансплаНтација треба да стои.
 
Јас искрено немам ништо против да ме користат и за некрофилско порно откако ќе умрам, не дека ќе бидам во состојба да ми е гајле. Види ситуација: Умира човек кој е редок соодветен донор на некој во животна опасност, арно ама, роднините на умрениов се религиозни фанатици, и ич не им чуе дали овој другиов ќе умре, се додека нивниот леш е цел. Неморално во однос на умрен vs. Неморално во однос на жив. Ајде сега некрофили редете ми се.
 
Ова е најболниот закон кој сум го видел.
Посетете го вашиот матичен лекар и кажете му дека не сакате вашето тело да биде сквернавено по вашата смрт.

Има ли некој нешто повеќе информации?
Можеби а и се надевам дека законов не е волку психопатски.

Извини, ти беше атеист тогаш зошто воопшто се оптеретуваш со овие работи?
 
Дискутабилно и малку застрашувачки да знаеш дека некои докторчиња и студенти на медицина ќе те касапат како им дојде штом испуштиш душа, ама па од друга страна да знаеш дека со твојата смрт и нешто твое си ја продолжил среќата и животот на некој кој очајно тоа го посакувал, некој кој осетил како е да висиш на работ и да очекуваш чудо да те спаси од прерана смрт... е тоа е нешто навистина херојско и ме восхитува, па нека им е. Само да не се искористат тоа делчињата за бизнис и да се богати некој месар
 
Браво за законот. Треба да се бере гајле за живите. Само дај Боже да паднам во раце на некој доктор што знае да сече, оти се ретчат таквите.
 
Апсолутно немам никаков проблем после мојата смрт органите да ги дадам на некој кој ќе му треба.Мене сигурно нема да ми требаат.
И не, не мислам дека треба да се поништи законов.
 
Од Дамна го имам кажано ова и сега пак ќе го кажам Веќе ништо не ме чуди што се случува во светов

--- надополнето ---

Апсолутно немам никаков проблем после мојата смрт органите да ги дадам на некој кој ќе му треба.Мене сигурно нема да ми требаат.
И не, не мислам дека треба да се поништи законов.

Многу Точно :pos:

--- надополнето ---

Дискутабилно и малку застрашувачки да знаеш дека некои докторчиња и студенти на медицина ќе те касапат како им дојде штом испуштиш душа, ама па од друга страна да знаеш дека со твојата смрт и нешто твое си ја продолжил среќата и животот на некој кој очајно тоа го посакувал, некој кој осетил како е да висиш на работ и да очекуваш чудо да те спаси од прерана смрт... е тоа е нешто навистина херојско и ме восхитува, па нека им е. Само да не се искористат тоа делчињата за бизнис и да се богати некој месар

Паметно Кажано

--- надополнето ---

Извини, ти беше атеист тогаш зошто воопшто се оптеретуваш со овие работи?

:):) Интересно прашање
 
Законов е добар, и хуман, ама има една лоша страна. Доколку некој моќник, увиде дека би му одговарал твојот орган, би можел да те убие само за да го добие.
 
А шо ќе ми се органи од коа ќе умрам? Кога ќе ги дадеш на некој друг, всушност дел од тебе живее.
 
За еден мој орган, сигурно ке се водат војни.


Подржавам али само обратно ако биде - да се пријавиш да донираш а не за да се пријавиш да не донираш. Не е основото да се донира во нашево општество па согласно со тоа, треба да се прилагоди и законот. Сеа за сеа, барем е така.
 
Би дозволил по мојата смрт....моите органи да спасат или продолжат нечиј живот...
 
Океј е законов. Ти си умираш и со тоа спасуваш живот .. нека ги зимаат органите, што ќе ми се :)
 
јас би немала ништо против после мојата смрт моите органи да бидат донирани. посебно би ме радувало да можам да спасам нечиј живот.
секако мене ќе ме нема и зошто да не живее некој што би бил спасен доколку му се трансплантира некој орган.
 
Прво не е стапен во сила!
Него е предлог закон за којшто прво треба да се стави на дневен ред во собранието.
Второ мене не ми се допаѓа во однос на криминал.
Како што некој погоре пиша во нашата државичка може ќе испадне да имаш некој обичен проблем, па на крај божем "компликации" ќе се случат и човекот ќе умре одненадеж. И одма органите ќе си го најдат вистинското место во друга личност. Кај нас се е можно.
Иако трансплатација на органи од починат донатор ретко се случуваат. Треба да се погоди час, минута, секунда за трансплатација на здрав орган од починат донатор. Не е тоа сите по смртта ги сечат и во фрижидер органите. Едно срце од починат донатор за отприлика 1 час може само да се пресади кај болно лице. Срцето по тој час е за во отпад само. А и уште многу други работи да се поклопат за успешна трансплатација.
За многумина можеби подобра опција е секој кој подржува донирање на своите органи да си потпише дека тоа го сака. Ама па и тука има зезнато. Сите се јаки на збор а тоа не го реализираат на парче хартија.
Така да промениве можат низа позитивности, но и низа негативности да донесат.
 
Јас го подржувам законот, баш е хумано органите после смрта да бидат извадени доколку е потребно за да се спаси друг живот, сепак познавајки ги нашите доктори и болници законов може на некои ќе им послужи за правење профит односно намерно оставање на човекот да почине без притоа да се ангажираат повеќе или пак во краен случај трговија со органи. Знам дека малку смешно делува ама кај нас тотално се е можно, инаку во поразвиените држави оние кои што се согласиле да ги донираат органите после смрта имаат попуст за прегледи или болничко лекување како што знам плус имаат предност во однос на останатите доколку нив им треба орган.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom