Не ми е јасно како сите ја утнавте кардиналната грешка на играва.
Значи не е проблем што има толку side мисии и тие не се важни за приказната...Значи, ако сте ја свртеле без нив, ви биле напорни, па уште играта да бараше да ги завршите? Тоа ќе беше убиство.
Проблемот лежи во тоа што главните мисии се срање, налик на Mafia 2. Оние мисии на Леонардо конкретно, се дааааалеку поинтересни него било која главна мисија. Човече, па можете да возите средно-вековен тенк.

Исто така, ослободувањето на Борџиа кули е далеку подобро од било која мисија. Барем овде, имате слобода, каде да одите, што да правите...сите мисии овде се мање више скриптирани, иако има две-три патишта за до целта...само еден е правилниот каде што нема да ве забележат чуварите или слично. Мала слобода, јебига.
Доаѓаме до заклучок - требале сите тие side quests да бидат ставени како главни мисии, далеку поинтересни, помалку скриптирани и се на се далеку подобри од главните мисии.
И да, ставиле ненормално многу работи, ама сите се слични...јас да ослободувам продавници за да ми дадат попуст и слични глупости, многу мал импакт има тоа во играва, а колкаво замарање е. Јас ги ослободив сите кули, ги завршив Леонардо мисиите и скоро сите продавници ги купив. И пак сум до 50%, а ја играм 20 саати може.