Да ги погледнеме фактите, не може да се каже дека оваа победа на Германија била пречиста со оглед на тоа што и мало детенце знае како влијаат моментите ко оној поништен гол на Лампард во фудбалот.
Точно е дека Германија го отвори мечот подобро, но во фудбалот и 80 мин подобра игра на крајот знаат да се испостават како јалови ако во последни 10 тимот е мизерија. Такви беа и германците во првиот дел, фантастични до првиот гол на Англија а потоа ко да се игра продолжение од мечот, без душа, дозволуваа англичаните лесно да создаваат шанси, да дојдат до онаа зона за шут и да постигнат уште 1 гол, односно да израмнат, гол кој цел Свет од прва го виде, освен линискиот судија Еспиноза.
Фудбалот не е само напад, па да се дојде до впечаток дека германците биле супериорни, дозволија во прво да примат 2 гола ( и тоа во ситуација кога имаат 2-0 ) и за нивна огромна среќа оној вториот беше поништен и тука мечот доби поинаква насока за наша жал ( неутралци ). Пишав уште на полувреме, таков преседан сакале нејкеле влијае многу грдо на психа, ги убива фудбалерите, целосно ги деморализира и само факторот тренер може да ги извади од една таква ситуација, иако, во осмина финален меч на СП, помеѓу 2 репрезентации кои се окарактеризирани ко убер ривали, тешко беше за верување дека Капело во рок од 15 мин ке влијае на психички план кај фудбалерите.
Се на се склопелно, мечот уште од крајот на првото полувреме го надзираше победникот во овој дуел, дома прокоментирав дека само чудо може да ги спаси енглезите по тој поништен гол без разлика што беше 2-1, освен нормално, компензација од судијата која за нивна жал не се случи.