Значи, како и што рековме, Ангелите (не сите) слегле на земјата поради привлечноста на жените земски (тоа со облиците и јас не се сеќавам да го имам сретнато, а и во Библијата пишува дека Бог ги создал прво Ангелите, па луѓето по својот облик, така да изземи го тоа) и спиеле со нив. Како резултат на тоа, децата што ќе се родат се џинови, значи доста поголеми и посилни од обичните луѓе, кои тука се окарактеризирани како злобни и правеле нереди на Земјата. Претходно, кога Ангелите што слегле на Земјата да спијат со жените, сакале да се вратат при Бога, тој нормално не ги примил назад, па тие му се придружуваат на Сатаната.
Побара мое мислење, го приложив. Не очекувам да поверуваш само поради 2 - 3 реченици што јас ќе ги пишам на форумов, сепак, сите ги толкуваме работите како што сакаме.