- Член од
- 11 март 2009
- Мислења
- 118
- Поени од реакции
- 4
За сите кои мислат дека нема немаштија во Македонија нека разгледаат наоколу. Тие што имаат пак ќе имаат и ќе шетаат низ светот и око нема да им трепне за тие што немаат. Во Македонија се живее на кредит а како ќе се врати кредитот тоа е друга приказна.
Македонија има јавна администрација еднаква со Полска (популација 39 милиони) и едно чудо трговци и владини паразити, најразлични измамници и еден незамерлив процент на мали чесни претпријатија.
Ако се селектира јавната администрација на корисни и способни службеници кои се избираат по својата струка ќе имало уште поголема невработеност.Па нормално дека ќе има, ама луѓето тогаш ќе мораат да работат нема повеќе `клати врата земај плата`. За секој заменик-вратар, заменик-референт и едно чудо измислени `професии` работат по 4 вистински работници вработени во приватниот сектор.
Само не се работи за виша сила туку се работи за менталниот склоп на македонските граѓани.
Според мене најдобрата инвестиција што еден човек во Македонија може да ја направи е да ЕМИГРИРА.
Очигледно се работи за трул заб кој мора да се вади а не на виша сила или немање на природни ресурси, или пустошења од војни. Народски речено сами си патиме од главите.