Раст на невработеноста

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
А бе ако се прашува А1 последни сме во се...

Јас сум крив што не ги носам бројките директно од државниот завод за статистика , а во овој случај пошто на медиумите од власта не им се допаднаа бројките се обидоа да ги прикриваат овие разочарувачки показатели , а вие со исперани мозоци не верувате на ништо што не го гледате во вашите медиуми, еве ти од ДЗС :

nevrabotenosta.jpg
 
Неможам да поверувам што читам во темава.Некој се дрзнува да каже дека одмор од десет дена каде се мине со 300 евра е луксуз.Утре ќе ни речат дека и лебот ни е луксуз.Која машинерија за перење мозок е навлезена моментално неможам да поверувам.Од каде бе лебов?-го купив.Ај бе лажго еден,немал пари,а леб купува.
Имаше еден скеч од К-15 Цацко ќе има стан во тоа кулите таму и со двоглед ќе го шпоинира комшијата во другата кула и оди негова легендарна изјава: Од каде пари за салама бе :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Инаку ако го поскапат парното во Септември еднаш, Јануар наредната година втор пат одморот од 300 евра има луксуз да ти биде, можеби не годинава ама догодина секако :icon_lol:. Затоа градските власти имаат визија за во иднина па прават плажа покрај вардар :icon_lol:. За струјата не зборувам струја ми поминува низ тело, исто како средношколец кога на рег. трансформатор држевме со рацете, на 50 волти ништо не чувствуваш, на 100 рацете почнуваат да ти се здрвуваат, на 150 мрави ти лазат на 180 пуштај оти готово е :icon_lol:... Е оттука е изреката дали човек држи струја :icon_lol:.





За невработеноста што му се секирате на 10 проценти зголемена 3 процентна невработеност се осеќа, а вака на 30 процентна невработеност 3 се ништо :icon_lol:, вагинален чад....
 
Невработеноста посилна од државните вработувања

Армијата нововработени административци, која во првиот квартал во 2010 година е зголемена за 9.000, беше недоволна да го спречи бранот отпуштања што ја зафати македонската економија поради светската криза. Најновите податоци за намалување на вработеноста од 0,4 отсто и порастот на невработеноста од 2,9 отсто, доаѓаат во време кога актуелната власт очекуваше излегување од рецесијата

Проактивната политика Владата за зголемување на вработувањата во јавната администрација не можеше да ја покрие зголемената невработеност. Армијата нововработени административци, која во првиот квартал во 2010 година е зголемена за 9.000, беше недоволна да го спречи бранот отпуштања што ја зафати македонската економија поради светската криза. Најновите податоци за намалување на вработеноста од 0,4 отсто и порастот на невработеноста од 2,9 отсто, доаѓаат во време кога актуелната власт очекуваше излегување од рецесијата.

Професорот на Економскиот факултет во Скопје, Славе Ристевски, вели дека проблемите со високата невработеност во Македонија произлегуваат од нискиот пораст на бруто-домашниот производ, кој не овозможува заздравување на економијата и намалување на невработеноста.

- Во целиот транзициски период просечниот пораст на БДП изнесува меѓу 1,5 и 1,9 процент. Тоа не дава основа за развој на економијата. Бројот на невработените постојано се движи околу 340.000 лица, независно од кој извор доаѓа - дали од Агенцијата за вработување или од Државниот завод за статистика. Стапката на невработеност е сé уште висока, и дури и да се избришат невработените што се пријавуваат за здравствено осигурување, доаѓаме до 22 отсто невработеност, што е високо ниво во однос на другите земји. Исто така, има нелогичност во истовремениот пораст на вработеноста и на невработеноста - објаснува Ристевски.

Зголемувањето на активното население од 0,7 отсто е исто така недоволно и таа бројка со години е позиционирана меѓу 55 и 56 отсто. Според Ристевски, ниското ниво на активно население неповолно се одразува на полнењето на социјалните фондови, за кои има огромен притисок од разни категории граѓани.

- Во Данска активното население изнесува 80 проценти, но има и држави, како Италија со 57 или 58 проценти. Но во Италија постои појака структура на вработени. Во Македонија имаме состојба на еден вработен, на тројца невработени. Може да се води социјална политика, но тоа нема да издржи на долг рок. Нашиот бруто-домашен производ по жител е од 3.000 до 4.000 евра и не дава можност за полабава социјална политика - вели Ристевски.

Министерот за економија Фатмир Бесими очекува дека во текот на годинава ќе се подобрат состојбите со невработеноста.

- Тоа се факти од кои не можеме да бегаме. Ние сме свесни за импликациите што глобалната економска криза ги имаше во нашата економија минатата година и рековме дека оваа година ќе биде година на заздравување. Сметам дека во текот на годинава ќе се подобрат состојбите - вели Бесими.
Од Сојузот на синдикатите на Македонија, поради внатрешната реорганизација по изборот на новиот претседател, не сакаа да ги коментираат најновите податоци за порастот на невработеноста.

Рекордери сме по невработеност

Интернет-порталот „24/7 Волстрит“ објави анализа, според која Македонија е водечката нација во светот по невработеност. Пресметувајќи ги бројките добиени од повеќе извори, како што се ММФ, Светска банка, ЦИА-светски факти и многу други, Македонија го освои овој неславен рекорд. Доколку се сметаат сите над 15-годишна возраст што се невработени (во оваа категорија спаѓаат и хендикепираните, старите и сите оние што не бараат работа), тогаш процентот е речиси двоен или 65,2 отсто невработени од целата нација - пишува „24/7 Волстрит“.
Во првите 10 нации по невработеност, по Македонија следуваат:

- Ерменија 28,6%
- Алжир 27, 3%
- Западен Брег и Газа 25,7%
- Босна и Херцеговина 23,4%
- Јужна Африка 22,9%
- Намибија 22%
- Колумбија 20,5%
- Боцвана 17,6%
- Ирак 17,5%
„Како уште неколку земји на оваа листа, и Македонија е дел од поранешната Југославија што се распадна во 1991-та. Иако беше поштедена од најголемиот дел на апокалиптичните насилства во регионот, земјата страда од свои проблеми. Како и соседите, и Македонија имаше етнички тензии, а неколкупати беше на работ на граѓанска војна“, стои во краткиот опис за економијата и за лидерството во невработеноста на порталот „24/7 Волстрит“.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=624101022522&id=10&prilog=0&setIzdanie=22016
 
Неможам да поверувам што читам во темава.Некој се дрзнува да каже дека одмор од десет дена каде се мине со 300 евра е луксуз.Утре ќе ни речат дека и лебот ни е луксуз.Која машинерија за перење мозок е навлезена моментално неможам да поверувам.Од каде бе лебов?-го купив.Ај бе лажго еден,немал пари,а леб купува.
Дали вие воопшто знаете кој се нормални човекови потреби?Дали знаете за оние кој земаат од мама и тато што значи одмор на детето да се плати?Сте влегле во некоја машина и мелете само,како не ви е срам.Цела година да работам и да можам да си дозволам едни мочани 300/400 евра одмор и некој да ми сере за тоа.Блокирајте ја сител,блокирајте ги сите телевизии,ќе станете луѓе.
Имал 5 дена работно искуство и једе на темава како било во реален сектор,невработен а збори за прикриена вработеност.Како ми иде да земам една палка и се да измавам од земјава!

Одмор, независно од колку дена и колку пари е луксуз. Оти има луѓе (многу) што не можат тетратка и пенкало да му купат на синчето ко ќе трне на школо во септември, а не за одмор да мисли.
Ти во каква машина си влезена треба да прерачунаш прво.
1. Ако работиш цела година за еден скапан одмор, не работи подобро. Седи си дома.
2. Одморот (одморот во оваа смисла) е основна човекова потреба? На која планета?
3. Знаеш која е работничката класа во Македонија и кои се нејзините можности? Знаеш колку тегли ајвар прават за да ја поминат зимата, не мислејќи на одмор?
За тебе треба палка, мајке ми!
 
За разлика од сите овие кои кукаат, јас имам 2 пара штикли, од кои и двата ми се купени пред 3, односно 4 години. На одмор не одам оваа година, лани бев во Бугарија, и сама си готвев во соба, си носев решо и варев макарони:) Во кафани одам еднаш месечно, во кафич еднаш на 6 месеци, најголем луксуз е ако купам кашкавал за јадење. И замислете, јас не кукам. Сега ми е супер, оти кога студирав, кога одев на факс, не јадев оти ми беше скапо да јадам во Скопје, одев со воз а дома супер беше кога имаше месо два-три пати во месецот. Тој период во прва година на факс, втора, а можеби и трета, беше ужас.

Луѓе, констатација - луѓето само кукаат и се жалат. Никој нејќе да работи, сите се жалат дека нема работа и тоа е. Затоа продолжете да гледате А1, нека во полнат со негативна енергија, помирете се дека сте еден од многуте невработени, и место да кукате, живејте со паролата нема работа за никој, нема ни за мене,, па да не се трудам да барам.

Е ова е типичен пример, го сомлеа народот и сега сите го чуваат кубурот во пазуви, ОТИ ЌУТЕТЕ ИМА И БЕТЕР, сега ни е арно...

Инаку не сум бил одамна во Велес, не знам за другите, ама моиве роднини ич не се мрзи, работат по повќе од 10 часа дневно, отепани се од работа и одвај сврзуваат крај со крај...
 
Е ова е типичен пример, го сомлеа народот и сега сите го чуваат кубурот во пазуви, ОТИ ЌУТЕТЕ ИМА И БЕТЕР, сега ни е арно...

Инаку не сум бил одамна во Велес, не знам за другите, ама моиве роднини ич не се мрзи, работат по повќе од 10 часа дневно, отепани се од работа и одвај сврзуваат крај со крај...

За разлика од порано, кога беа најбогати у Велес така ? :)
 
Одмор, независно од колку дена и колку пари е луксуз. Оти има луѓе (многу) што не можат тетратка и пенкало да му купат на синчето ко ќе трне на школо во септември, а не за одмор да мисли.
Ти во каква машина си влезена треба да прерачунаш прво.
1. Ако работиш цела година за еден скапан одмор, не работи подобро. Седи си дома.
2. Одморот (одморот во оваа смисла) е основна човекова потреба? На која планета?
3. Знаеш која е работничката класа во Македонија и кои се нејзините можности? Знаеш колку тегли ајвар прават за да ја поминат зимата, не мислејќи на одмор?
За тебе треба палка, мајке ми!

Море брат, за некого е луксуз леб, за некого не е луксуз јахта од 300 000 000 долари. Тоа е јасно. Јасно е дека секој сам си ги одредува луксузите, според можностите.
Муабетов, што не го разбираш ти, и повеќе души тука на темава е, што во СЕКОЈ НОРАЛЕН СВЕТ се смета за луксуз, а што не. Разбираш? Разбираш дека во секој нормален свет, и на чистач треба да му остануваат пари на страна од платата месечна што ја зема? Тоа е муабетов.
 
Знам многу добро што и како е муабетот.
Мене, како горд член на работничко семејство и работничката класа, ме заболе за останатиот свет, дали бил подобар или полош, империјалистички, фашистички, капиталистички или социјалистички.
Работава е (како и темата) - што се дешава ТУКА!
Невработеност, криза, сиромаштија, апатија, параноја, па пак криза, сиромаштија.

Додека работата е таква, некој од горе размислува каде да го постави новиот јарбол за знаме, кое, како што можите да видите од мојот потпис, не е доволно големо, но е доволно скапо, а некои размислуваат каде да го поминат својот заслужен одмор, при тоа нагласувајќи дека одмор на море е нормална работа, дека секој треба да ја приушти, дека работниците во најразлични фабрики и градилишта во Македонија се будали ако не одат на одмор, а кукаат немаме пари.
Е сега, како смеат да речат така, кога јадат леб од 16 денари.

Е, Македончиња. Не гледате дека и во лебот се познава социјален слој. Камо ли во одмор.
 
Знам многу добро што и како е муабетот.

Д а некои размислуваат каде да го поминат својот заслужен одмор, при тоа нагласувајќи дека одмор на море е нормална работа, дека секој треба да ја приушти, дека работниците во најразлични фабрики и градилишта во Македонија се будали ако не одат на одмор, а кукаат немаме пари.
Е сега, како смеат да речат така, кога јадат леб од 16 денари.

Е, Македончиња. Не гледате дека и во лебот се познава социјален слој. Камо ли во одмор.
Гледаш дека не знаеш добро што е и како е муабетот. Никој не рече дека се будали ако не одат на одмор, туку будали се ако мислат дека одморот треба да претставува ЛУКСУЗ. Еве да не ме сватиш погрешно, моментално и за мене и за тебе па и сите одморот претставува луксуз кој неможиме НИЕ да си го приуштиме. НО, не значи тоа дека во НОРМАЛЕН свет, како што треба да биди, одморот ТРЕБА ДА ПРЕТСТАВУВА ЛУКСУЗ. Се разбираме сега што е поентава на муабетов?
 
Знам многу добро што и како е муабетот.
Мене, како горд член на работничко семејство и работничката класа, ме заболе за останатиот свет, дали бил подобар или полош, империјалистички, фашистички, капиталистички или социјалистички.
Работава е (како и темата) - што се дешава ТУКА!
Невработеност, криза, сиромаштија, апатија, параноја, па пак криза, сиромаштија.

Дошол човек со воз во Скопје пробал да ограби и ограбил две три аптеки, и на крај пред да го фати возот за Битола го уапсиле. Случајно го слушнав тоа беше пуштен телевизорот, отпрвин смешно ми падна, ама потоа сватив колку погрешна беше мојата реакција. Човекот ограбил 5000 денари, за тие пари има да скапи во затвор, жал ми падна за него. Лудост е за тие пари таква глупост да се прави, лудост која преминува во нормалност овде кај нас. До каде можи да биде притиснат човек да оди, тој човек е жртва вистинските разбојници и ограбувачи кои што никогаш нема да лежат во затвор се тука пред нас, со своите имоти, вили, лимузини, јахти.....
 
Гледаш дека не знаеш добро што е и како е муабетот. Никој не рече дека се будали ако не одат на одмор, туку будали се ако мислат дека одморот треба да претставува ЛУКСУЗ. Еве да не ме сватиш погрешно, моментално и за мене и за тебе па и сите одморот претставува луксуз кој неможиме НИЕ да си го приуштиме. НО, не значи тоа дека во НОРМАЛЕН свет, како што треба да биди, одморот ТРЕБА ДА ПРЕТСТАВУВА ЛУКСУЗ. Се разбираме сега што е поентава на муабетов?

Ама изгледа ти мене не ме разбираш. И пак ми зборуваш за нормален свет, каде што семејство од 5 души има 4 коли и воопшто не е луксуз.
Ама мене, ме заболе за таму. Овде, нема нормален свет, а нема ни да има, пошто разговараме на тема „ раст на невработеноста“, а тоа е добар показател дека и во иднина нема да има арен свет овде, каде што многу работи нема да бидат луксуз.

Знаеш што е луксуз?

Одморот, неколкудневен во Македонија, (примерот на експертот Леандра, 10 дена за 300 евра). Тоа е луксуз, оти не ти треба.
Да фрлиш пари, во нешто што не може да ги добиеш назад, а при тоа за нив ќе кукаш цела година, и ќе си правиш многу ребаланси на домашниот буџет, само за да пололниш дупка, ете тоа ти е луксуз мај френд.

Не оди тоа така. Се што не е основна потреба е луксуз, се додека не можиш со леснотија да си го дозволиш. А за работничката класа во МКД, одморот и тоа како е луксуз.
 
Во посочениот медиум фино си објасниле, ама кој да чита
The figure most economists use when talking about joblessness on a national scale is the unemployment rate, which can mean different things depending on which country or organization is reporting the statistic. As it is used in the United States, “unemployment rate” means the percentage of the potential labor force that is currently out of work. The potential labor force, referred to by the Bureau of Labor and Statistics as the “civilian labor force,” are people who are at least 16-years-old and actively seeking employment. What many fail to realize, however, is that this number does not include people who have given up looking for jobs, people who are working part-time that wish to work full-time (i.e., the underemployed) and people who will never look for a job. It also does not include those who are unable to work because they are physically or mentally disabled.
As a result, the official U.S. unemployment rate – now 9.7% – can be misleading. The effect is multiplied when it compared with the jobless rates of other nations because there is no single standard for measuring unemployment around the world. Countries cite rates in markedly different ways. Some consider applicable job age to be younger than in the U.S. Others only measure urban areas to differentiate job seekers from subsistence farmers. These discrepancies present problems for an analysis of a county’s “unemployment rate,” and skew results.
Интересно е овие податоци за невработеноста да се споредат со другите информации (пошто гледам пречи споредбата со 70-80% одмораши) за Македонија.
Вака пишува во CIA factbook
Macedonia has maintained macroeconomic stability with low inflation, but it has so far lagged the region in attracting foreign investment and creating jobs, despite making extensive fiscal and business sector reforms. Official unemployment remains high at 32%, but may be overstated based on the existence of an extensive gray market, estimated to be more than 20% of GDP, that is not captured by official statistics. In the wake of the global economic downturn, Macedonia has experienced decreased foreign direct investment, lowered credit, and a large trade deficit, but the financial system remained sound. Macroeconomic stability was maintained by a prudent monetary policy, which kept the domestic currency at the pegged level against the euro, at the expense of raising interest rates. As a result, GDP fell in 2009.
Според рангирање на ЦИА
невработеност 108 од 200 (1 е најдобро) држави
мобилни 116 од 222 (1 е најдобро) држави
интернет корисници 97-ми од 216 (1 е најдобро) држави
јавен долг 81-ви од 129 (129 е најдобро)

Од една страна сме најлоши според невработеност, а од друга сме накај подобрите према интернет, мобилни...за возила нема податоци но може и тоа да се најде.

Од трета страна, абе кај не верувавте на официјални податоци за просек плата, сеа истите податоци од ист извор се ок? :)
 
Со Бурунди не споредуваат а европски закони ни носат. Кога ќе можат во Бурунди да се спроведат тие европски закони ќе може и кај нас.
Е сега за станбеното прашање, невработен човек средства мизерни се снаоѓа како знае и умее и за да направи куќа купува нива и прави дивоградба. Така било во времето на дедо ми (Бог да го прости) кога ја правеле кај друг дедо тоа куќата три пати туркачите ја туркале ама ене ја денес стои.
Денека имаш убав закон дури и за фасадите има регулирано, која глупост луѓето не можат куќа да направат фасадата е проблем. На комуналиите кои што се реално скапи, да се додаде фирмата со архитектот кој што треба да се потпише и кој поседува лиценци во вредност од 7000 евра.... А бе тие пари за лиценци што ги има дадено на државата од мене од тебе треба да ги извади. Во системот на ел. енергија не те приклучуваат ако немаш доказ која фирма ти ја има местено инсталацијата, пример сам ако си ја наместиш си знаеш како треба не можи...
Стан да купиш кредит не даваат, или ако имаш среќа да те заебат да ти дадат од кај знаеш што бидува наредните 30 години, кога ќе погледне човек вака на крај вакви теми се отвараат на кои не вреди да се дикутира: http://forum.kajgana.com/showthread...ата-зошто-не-го-напуштите-домот-на-родителите
 
Стан да купиш кредит не даваат, или ако имаш среќа да те заебат да ти дадат од кај знаеш што бидува наредните 30 години,
За да побараш кредит, треба да имаш веќе стан, куќа, имот...тој што нема за залог, нема кредит, нема ниту стан...маѓепсан круг. Тој што е доле, останува доле, минаа времињата општествен стан за 2-3 иљади марки.

А за темиве...баш... ептен глупо за дискусија.
 
Ама изгледа ти мене не ме разбираш. И пак ми зборуваш за нормален свет, каде што семејство од 5 души има 4 коли и воопшто не е луксуз.
Ама мене, ме заболе за таму. Овде, нема нормален свет, а нема ни да има, пошто разговараме на тема „ раст на невработеноста“, а тоа е добар показател дека и во иднина нема да има арен свет овде, каде што многу работи нема да бидат луксуз.

Знаеш што е луксуз?

Одморот, неколкудневен во Македонија, (примерот на експертот Леандра, 10 дена за 300 евра). Тоа е луксуз, оти не ти треба.
Да фрлиш пари, во нешто што не може да ги добиеш назад, а при тоа за нив ќе кукаш цела година, и ќе си правиш многу ребаланси на домашниот буџет, само за да пололниш дупка, ете тоа ти е луксуз мај френд.

Не оди тоа така. Се што не е основна потреба е луксуз, се додека не можиш со леснотија да си го дозволиш. А за работничката класа во МКД, одморот и тоа како е луксуз.

Токму тоа се обидувам да ти го докажам,дека не смее одморот да се смета за луксуз,десет дена во годината кој со закон ти се одмор треба да се искористат за релаксација,а не за работа по дома.Што живот е тоа од работа дома со леб и сол и повторно на работа?Тоа сака некој да го прикаже за живот?Па боље да се испоубиеме ако треба во такви мизерни услови да велиме дека живееме.Секој се бори за повеќе,секој си го распределува буџетот.Таман работа да немам за леб,а да одам на одмор.Но за да одам ќе скратам од други ставки од кои може да се заштеди.
И не треба само да се кука,треба и да се работи.Но кога е лошо треба да се каже дека е лошо,дека сакаме подобро или најубаво кажа тенеке:
Е ова е типичен пример, го сомлеа народот и сега сите го чуваат кубурот во пазуви, ОТИ ЌУТЕТЕ ИМА И БЕТЕР, сега ни е арно...
Не ни е арно зошто да молчиме?Први во светот сме по невработеност,ако јас работам пола фамилија ми е без работа,за едно работно место милион апликации стасуваат.Кога ќе размислам подобро навистина дојдовме до дереџе каде кашкавалот и одморот ни станаа луксуз.Се надевам за една година нема да збориме за лебот од 22 денари како луксуз.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom