Раст на невработеноста

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Невработеноста расте. Зголемена е за 3 проценти во првите три месеци од годинава во однос на истиот период лани. На листата невработени се запишани нови 8.814 луѓе.

Според статистика дополнително во првите три месеци од годинава намален е и бројот на вработените - за 2.227 луѓе кои останале без работа.
....

„Просечна плата има од 8-9 па 10 илјади може некој зема повеќе ама како што знаете и самите дека оваа плата не стига само за прехрана“, вели текстилна работничка.

Македонската дневница е еднаква на еден час работа во Словенија.
....

Според статистика просечна плата во Македонија е 20.338 денари.

„Не би верувал затоа што има луѓе што работат за 5 до 6 илјади денари“,
....
Македонија е земја со најголема невработеност и најниски плати во Европа. Отворањето на нови работни места е условено и од странските директни инвестиции кои во земјава речи си и да ги нема

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=124525
 

ChaLL3nGeR

Кајгана's APEX PredaTor
Член од
15 април 2009
Мислења
721
Поени од реакции
66
Oва ќе го кажат А1. Сител ќе ја фалат владата. Ај одлучи се на кого ќе му веруваш. Сите нудат исти статистики со различни броеви. :tapp:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
А бе ако се прашува А1 последни сме во се...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.259
У однос на плати и невработеност, ја им верувам на овие членови, ќе се жалиме и негодуваме после одморите.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Ako se zeme samo Skopje i Tetovo moze da se kaze deka e ok so vrabotenosta, pojdes li ponatamu katastrofa
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Да бе голема немаштија.Гледам сите возат модерни коли (со бугарски регистрации),сите со нови мобилни,сите возат нови мотори,сите одат во Грција на одмор абе немаштија луѓето немаат пари за леб.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
У однос на плати и невработеност, ја им верувам на овие членови, ќе се жалиме и негодуваме после одморите.

Да да, голема немаштија е :) А каде ова лето... 99% нејќат да чујат за Охрид.. Златна Грчка,Хрватска,Турција..Шпанија :icon_lol:
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Да да, голема немаштија е :) А каде ова лето... 99% нејќат да чујат за Охрид.. Златна Грчка,Хрватска,Турција..Шпанија :icon_lol:
не е темата за тоа, ама на кратко офф топик...

секој што и работел и што не работел увек си наоѓал начин за да СКРПИ ЗА ВО ОХРИД макар и за 7 дена... е па сега истите пари ќе ги скрпи и ќе иде во грција на море... за исти трошок а далеку подобра услуга... ќе му мафтам ја на ќелнерот 45 минути за да дојде да нарачам во охрид...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
не е темата за тоа, ама на кратко офф топик...

секој што и работел и што не работел увек си наоѓал начин за да СКРПИ ЗА ВО ОХРИД макар и за 7 дена... е па сега истите пари ќе ги скрпи и ќе иде во грција на море... за исти трошок а далеку подобра услуга... ќе му мафтам ја на ќелнерот 45 минути за да дојде да нарачам во охрид...
епа ондак ќутете и не плачете дека немате пари,тие што највише се жалат,највише имаат..кога ќе видам само какви коли се возат низ СК, се прашувам дали сум ја у Македонија,или не
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
не е темата за тоа, ама на кратко офф топик...

секој што и работел и што не работел увек си наоѓал начин за да СКРПИ ЗА ВО ОХРИД макар и за 7 дена... е па сега истите пари ќе ги скрпи и ќе иде во грција на море... за исти трошок а далеку подобра услуга... ќе му мафтам ја на ќелнерот 45 минути за да дојде да нарачам во охрид...
Во Грција е без пари?И таму колку и да не трошиш за 4 луѓе 500 евра минимум би потрошил.Во оваа „немаштија“ 500 евра би требало да бидат многу.
Друго.Не ми е јасно како може 51% од луѓето во Македонија да користат интернет?Нели е немаштија нели немаше пари?Од каде пак сега пари за интернет и за компјутер?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Во Грција е без пари?И таму колку и да не трошиш за 4 луѓе 500 евра минимум би потрошил.Во оваа „немаштија“ 500 евра би требало да бидат многу.
Друго.Не ми е јасно како може 51% од луѓето во Македонија да користат интернет?Нели е немаштија нели немаше пари?Од каде пак сега пари за интернет и за компјутер?
Абе ајде,неможам да слушам,народ по форум,седнати пред пц и се жалат.. сиромаштија и невработеност има по селата таму е главниот проблем,а не ние овдека што се мислиме каде на одмор..дали Грција,Турција или па у Охрид да чекаме келнери у ресторан да ни донесе пастрмки :nesvest:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Oва ќе го кажат А1. Сител ќе ја фалат владата. Ај одлучи се на кого ќе му веруваш. Сите нудат исти статистики со различни броеви. :tapp:
Во право си за првиот дел, али покрај А1 истата вест ја дадоа и Канал 5 и Алфа ТВ...
Статистика може да лаже и да те изманипулира доколку не ја разбираш, тоа е ок...
Него еве да се рачунаме како прости и неуки, а сепак сме паметни на форум, еве што беше поставено на форумов:
Тема: Македонија излезена од рецесијата и економската сиромаштија?!

и првиот пост во нејзе:
Македонија излезе од рецесија, кризата успешно се пребродува. Вака министерот за финансии Ставрески придружуван од економските министри ги искоментира најновите бројки на заводот за статистика според кои во последниот квартал од 2009 земјава остварила раст на економијата од 1,2 проценти со што е ставен крај на повеќемесечниот континуиран пад на брутодомашниот производ.
Значи во последниот квартал од 2009та излеговме од рецесијата...
И еве сега после 3 месеци откако сме искочиле од рецесијата и тоа успешно со далеку помали загуби од многу земји во Европа ако не бевме и меѓу најдобрите, не памтам точно, значи сега после 3 месеци наместо да се намали невработеноста, невработеноста се зголемува...
Иронично...

Малце да искоментирам и за останатите што мешаат автомобили, компјутери, интернет, одмори само да го засенат фактот дека ништо не е подобрено во Македонија... Не ми е јасно дали самите себе се лажете така и поубаво ви е така да живеете?
Ако е така порано дедо ми возел точак, сеа јас возам Југо, значи Тито не го бива, Бранко и Груевски се закон а?
Леле глупи споредбииииии....

И убаво ви кажа онак, зашто да идам во Охрид(идев до лани, може и годинава ќе идам само затоа што другарите немаат пасоши поради добро организираната работа во таа сфера) и да им давам 200 евра, и Охриѓанецот таксист да ме ебе у здрав памет само затоа што сум од Скопје и наместо на песок да газам на шишиња кога за истите пари може да отидам 2 дена помалце али ќе бидам на море и тоа во Турција, Бугарија и Црна Гора...
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Гледаш некаде дека сум рекол дека Гвујо е закон,дека не обогати сите или дека во Македонија којзнае колку добро се живее?Такво нешто не сум рекол.Само луѓето овде претеруваат.Од една страна се жалат дека немаат пари за леб,а од друга страна се фалат како купиле нова кола,нов мобилен,биле во Грција/Турција/Шпанија.Не спорам дека во Македонија има сиромашни луѓе но поголем процент имат пари за нормален живот.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
@beneamata

Ништо не е иронично кога во државата има толку многу мрзи - легачи, работа секогаш има без разлика кој е на власт! Но работници нема! Енд оф дискашн.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Phoenix не те искоментирав само тебе туку сите, општо тоа беше вашиот заклучок, имале пари за одмор - богати сме....
Ааа што било работата, немало работници...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom