Судењето на Светсково Првенство

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Н

'Никола'

Гостин
Гледам на повеќе теми се дисутира околу тоа, па зошто тие муабети да не ги споеме во една тема.
На ова првенство се доделија многу жолти и црвени картони, дали судиите претеруваат, или пак судат според правилата, според "книгата"? Јас сум задоволен со судењето, иако мислам дека може маааалку поопуштено, но сепак мора цврсти критериуми за да не избега натпреварот од контрола.
Повелете со ваши ставови.
 
Единствена замерка према судиите е подлежување на авторитети од играчи. Пример - Луис Фабиано и Давид Виља
 
Лошо, многу лошо. Не знам дали е проблемот во нив, или од ФИФА имаат такви упатства за крајно минимална толеранција, но од моја гледна точка ПРЕСТРОГО е судењето. Без никаков сенс, пред се за почитување предност, а потоа и кварење т.е. убивање на играта. Еве почна третото коло, само 2 утак. имам испуштено, а дали видов 2-3 пати само судија да му укаже на играч за остар прекршок и да го остави само со усна опомена .. Ма ти дава картон бре, и не му дрема. Црвени картони (и тоа директни) за извоз има, а за жолти да не зборувам. Жив пример за КАТАСТРОФА беше вчера арапот што ја ''делеше правдата'' помеѓу Швајцарија и Чиле
 
Многу црвени има досега, да играат барем нешто поостро играчиве, вака сето тапа натпревари па уште толку ко ќе му дадат црвен на некоја екипа се затвораат.:tapp:
 
Швајцарија - Чиле : Мислев дека судијава во затвор ќе ги бутнеше на полувреме, се` судеше, тоа малку ме изнервира. Некаде по странскиве медиуми прочитав дека европските судии не само дека се најпознати се најдобри, туку и кога ќе се направи ретроспектива на првенствово досега се увидува дека европските прават помалку грешки :)
 
Не се некои најчесни судииве.....Некни тој што судеше кај Бразил, досуди гол, а имаше игра со рака.....Плус тоа, зашто го исфрли Кака? Вториот жолт картон и не беше нешто заслужен....
 
Лошо, многу лошо судење. Многу картони се доделуваат без потреба. На пример Кака. А и имаше на еден натпревар, не ми текнува на кој беше суден пенал со ненамерно играње на рака во 16-ник. Се имаат случено и други 2-3 такви ситуации каде не бил досуден пенал.
 
Можеби малку престрого се доделуваат жолти и црвени картони,инаку за разлика од ЛШ,ЛЕ итн судењево на светсково е феноменално.
 
А дали ви текнува на моментот Фабиано кога го даде голот во акцијата играше двапти со рака но судијата не досуди ништо и после тоа кога трчаа заедно накај половина од теренот нешто му покажуваше со рацете демек те видов со рака играше ама не судев ништо ,каков глупак од судија бреее:tapp:
Ништо чудно кога пола од судиите се од земји за кои и немаме слушнато Сејшели,Мали,Узбекистан,Сингапур,Фиџи ... :pos2:
 
Ништо не се споредува со начинот на кој беа елименирани Италија и Шпанија од Јужна Кореа во 2002, одете на Јутуб ако не ви текнува на тие натпревари и видете што е лошо судење.
Иначе до сега ми текнува на неколку кардинални грешки, најголемата според мене е поништениот гол на Америка, жал да ти падне по едно такво враќање во меч на таков начин да бидат оштетени, вистинска трагедија беше тоа според мене. Потоа следи престрогиот црвен картон на Бехрани вчера и оној денес на Горкуф, али се на се склопено, кажав и претходно, ми се свиѓа тоа што се држат стриктно до пропишаните правила, нормално, уз исклучоци.

Ја искрено кога ке видам судија кој не доаѓа од Европа под дифолт ме фаќа страв за уништување на мечот од него, овие судии се и најпроблематични и они имаат најмал коефициент за поебување на меч на СП. Затоа, ФИФА, во нокаут фаза памет во глава !
 
Лошо, многу лошо судење. Многу картони се доделуваат без потреба. На пример Кака. А и имаше на еден натпревар, не ми текнува на кој беше суден пенал со ненамерно играње на рака во 16-ник. Се имаат случено и други 2-3 такви ситуации каде не бил досуден пенал.

А оти, мора да е намерно играњето со рака за да биде досуден пенал?
 
Лошо, многу лошо судење. Многу картони се доделуваат без потреба. На пример Кака. А и имаше на еден натпревар, не ми текнува на кој беше суден пенал со ненамерно играње на рака во 16-ник. Се имаат случено и други 2-3 такви ситуации каде не бил досуден пенал.
На секое играње со рака во шеснаесетник, намерно или ненамерно се досудува пенал. Единствено дискутабилно е дали треба да се даде жолт картон на ептен случајно играње со рака, на пример Кузмановиќ против Гана.
 
Колку се разбирате мајко му стара.Како бе на секое играње се судело пенал,баш синоќа не знам дали гледавте ХРТ 2 кога го прашуваа судијата дали е пенал тоа на Ј.Африка-Франција.Сите мислеа ќе рече да,но тој се согласи со одлуката на судијата.Се гледа прво приликата дали е во шанса да даде гол,па потоа се гледа намера,каде јасно се виде дека играчот на Ј.Африка ја тргаше раката од топкта но Французинот беше на 2 метра,значи се гледа и оддалеченоста.
 
Лошо, многу лошо. Не знам дали е проблемот во нив, или од ФИФА имаат такви упатства за крајно минимална толеранција, но од моја гледна точка ПРЕСТРОГО е судењето. Без никаков сенс, пред се за почитување предност, а потоа и кварење т.е. убивање на играта. Еве почна третото коло, само 2 утак. имам испуштено, а дали видов 2-3 пати само судија да му укаже на играч за остар прекршок и да го остави само со усна опомена .. Ма ти дава картон бре, и не му дрема. Црвени картони (и тоа директни) за извоз има, а за жолти да не зборувам. Жив пример за КАТАСТРОФА беше вчера арапот што ја ''делеше правдата'' помеѓу Швајцарија и Чиле

100% се согласувам со ова. Без чувство судат воопшто не ми се допаѓа вакво „балетанско“ судење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom