Apokalipto
Tredici
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 15.576
- Поени од реакции
- 2.585
Теориите за исчезнувањето на пчелите се повеќе - пестициди, мобилни телефони т.е нивното зрачење, космички зрачења, климатските промени, осцилациите во магнетните полиња итн... факт е дека нешто навистина се случува со нив. На форумов своевремено имаше тема за оваа појава но истата беше во несоодветен подфорум и со неговото згаснување, згасна и таа. Интересен проблем со кој се бават многу експерти, на прв поглед нема некоја голема важност, барем за оние помалку упатените, за останатите... епа свесни се за хорор иднината која би следела ако ова исчезнување продолжи со големи размери...
Последно нешто кое го читав на нет и ме инспирираше за темава:
Исплашени дека мистериозното исчезнување на пчелите ќе доведе до глад на островот во иднина, британските власти покренаа проект од 10 милиони фунти за следење на инсектите и утврдување на причината за нивното истребување.
Упатените тврдат дека исхраната на луѓето во голем дел зависи од пчелите кои се одговорни за опрашување на овошките. Доколку нема доволно инсекти кои што ќе ги оплодуваат растенијата, земјоделците нема да можат да продолжат да одгледуваат јаболка, тикви и јагоди, затоа што овошки кои не се оплодени правилно, не можат да растат правилно.
Според претходни истражувања, пчелите од Англија исчезнуваат побрзо отколку во која било друга земја во Европа, при што во последните 20 години изумреле повеќе од 20 кошници. Бројот на пеперугите и останатите инсекти исто така е во опаѓање, делумно и заради климатските промени.
Ситуацијата со исчезнување на пчелите на островот е до толку сериозна што Владата започнала проект вреден 10 милиони фунти за откривање на причината заради која исчезнуваат инсектите. Пчелите ќе се следат со мали радио-локатори за да се утврди колку далеку летаат и колку полен собираат а ќе се испитува и влијанието на комбинација на пестициди врз пчелите.
Инсектите, британската економија годишно ја чинат 440 милиони фунти. Мет Шердлоу од добротворната организација Buglife изјавил дека луѓето зависат од бесплатните услуги на дивите опрашувачи.
“Меѓутоа, опстанокот на повеќе од 250 врсти на опрашувачи на храната за нашите потомци е под закана,“ додал Шердлоу.
он.нет
можеби неповрзано, но во последниов период има појава на некои чудни мали инсекти... ситни како мравки но со крилја и со бели шари на задниот дел... касаат пеколно болно и после каснувањето се појавуваат отоци или пликови... кај секого е различно (ме каснале неколкупати и ми се направија кругови/модринки)