Големите. Секогаш им е во интерес да помине поголемиот клуб. Пример лани, Баерн - Фиорентина. Не кревам галама, знам дека Баерн нема врска со тоа. Утре Интер може да игра со некој како Шахтјор и ќе добие некој пенал ако затреба. УЕФА ги форсира големите клубови, што не беше случај порано кога помалите почесто се протнуваа во први четири, тоа статистички можеш да го провериш. Дури и Барселона доби „ветар во грб“ кога и требаше со еден Арсенал, зошто во интерес на УЕФА им е да пројдат. Не дека Барселона има некаква врска со тоа. Видовме што се случуваше лани на квалификациите за светско, кога првиот човек на ФИФА изјави дека Роналдо мора да игра на СП и тоа пред баражот, Босанците не ни стигнаа до шанса, посебно на првиот натпревар ги уништуваа со ситни одлуки. Видовме како пројде Ирска со Франција. Има и премногу показатели дека доминира тоа мислење дека „добро е ѕвездите да одат понатаму“
Во предходната деценија работите не беа до тој степен такви, проаѓаа многу добри екипи со послабо реноме во ЛШ, во УЕФА се случуваа чуда, заборавив како се викаше тоа клубчето кое играше во Шпанска втора лига и за две години стигна до финале со Ливерпул, потоа Парма од Италијанците итн... Сега е премногу монотоно, Шалке, Тотенхем и Шахтјор имаат шанси да пројдат ако по некое чудо паднат меѓу себе. Тотенхем може треба да го исклучам од ова друштво зошто сепак е подобра екипа.