Какви потврди? Добро, сеа зборот „НЕ“ воопшто не е потврден збор, но сепак е доволно јасен.
Моето прашање беше доволно јасно и доволно јасен одговор добив. Тоа беше одговорот што го барав, и го добив.
Јас тука им поставувам на другите фанови на Интер да видат, некој ќе се согласи, некој ќе рече Рафа бил крив или ќе го умеша Рафа у муабетот за ова, ќе забегаме од темата, сепак, остај им на останатите фанови да си одлучат дали е релевентно или не она што беше прашано и одговорено. Секој има право да формира сопствено мислење.
Прашањто твое многу добро знаеме на кои дискусии се однесуваше, а ова Say No More можеш да го кажеш на некој кој вчера почнал да гледа фудбал а и да го следи Интер и кој нема поим од случувањата во екипата, затоа ти реков, игнорираш работи кои и јас ги имам напишано на темата, т.е., го игнорираш истиот одговор кој и јас ти го дадов а Фантом ти го потврди, само што тоа си го тргнал дур си го цитирал на оваа тема.
Прашањето немаше потреба ни да го поставиш зашто веќе ти беше одговорено на истата таа тема, поготово зашто на истото и ја ти имам одговорено тука. Како може да се наруши закон кој сеуште не е донесен ? Нејсе и тоа, целта на Интер како клуб е просекот на загуби да го намалува со тоа што истиот беше енормен ( и сеуште е ), просечно над 100м евра годишно. Е сега и Фантом ти има на темата постирано ( затоа велам дека упорно ги игнорираш работите кои не се поклопуваат со твоите тези без разлика дали се работи за мој пост, линк од извор или пост од друг член ) дека Интер мора да има загуби помали од 50 милиони евра,
тоа во ерата на Морати не било случај, значи не зборам само за последни 2-3 години, со тоа што дури и кога
тимот на Морати освои СЕ, Интер пак имал загуби ( над 60м евра ) кои не се поклопуваат со ФФП правилото.
Кога извршниот директор вели дека тимот мора да ја менува политиката и да штеди ( значи ова не се мои зборови и размислувања, а истото го кажа Јануари, 2010 ), се знае кој фрагмент од тимот најмногу ќе претрпи, тоа е трансфер политиката, сигурно не се алудира на поевтина трева на Апијано Џентиле, или топлата вода дур се тушираат играчите и слично. И на таа тема пишав, нормално, изигнорирано беше и тоа од твоја страна, и Абрамович со Челзи слабо инвестираше последниве 3-4 години, а исто и Берлускони и самиот знаеш колку инвестираше во последниве години, им се смеевме на миланезите од што имаа беден тим. Од друга страна пак, во ерата на Морати, Интер потрошил 820м евра на трансфери ( да ги собереш парите кои Јуве, Милан и Рома го давале за играчи тој период, пак ке испадне помал од инвестициите на морати ... така е зборот ), дојде време сега кога и ние тој филм извесно време ќе го гледаме.