Затоа, Санчез е добредојде со две раце, а колку ќе се даде, мене ич не ми е гајле зошто не ги давам јас парите од мој џеб.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Морати нека му ја мисли за тоа.
Епа тоа е финтата, што Интер не планира да преценува до тој степен одредени играчи, факт е дека треба да се даде плус од онаа реална цена, ама 25 за него никогаш нема да дадат, и 18м плус играч е многу али некако може да се свари, 15ка плус некој од непотребниве е најидеално.
А за тактикиве негови, начекав еден блог ( италијански ) уште кога дојде каде типот удрил на анализа за Лео и неговата тактичка поставеност, погоди една работа, дека Лео на старт ќе преферира 4312 формат, втората формација кога сите ќе бидат способни за игра а дечкото ја најави е 4321 формацијата која Милан со години ја играше дур Анчелоти беше тренер на екипата.
Е сега ако ви текнува, кога Бијабијани влезе со Џенова у Купот, на моменти делуваше и ко плејмекер, поцентрално беше поставен на теренот а исто движење на истиот имаа и Ето и Пандев, додека страничните позиции, поготово десната, беа препуштени на бековите. Слична слика гледавме и кога Пандев влезе со Катанија.
И кај Милан, Лео никад не играл со 4231 формација така да не очекувам дека тоа пак ќе го гледам во Интер, а и немам ништо против истото, поготово што со за овие најавени формации може многу полесно да се импровизира а со тоа и да нема недостаток на играчи.
Пример, Снајди може да игра и понапред и за нијанса поназад, исто и Дејо ( а двајцата на пример ко крила у 4231 јок али у 4321 формација можат да бидат дел од онаа двојка напред ), на ова да ги додадеме и оние од погоре што ги набројав и тоа е тоа, а вака ако ви текнува, еве со Бенитез, се доведуваа во ситуација да играат 4231 формација а да немаат никаква алтернатива на клупата.
Што би рекле у Италија, Леомунтада гледаме, пресврт кон подобро у секој можен поглед.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)