Добро е што Милан киксна на мечеви каде бодовите им беа урачунати, тоа ме радува, не за друго, Интер наредна недела гостува во Удине, и во една ваква ситуација мораат да победат но сепак нема да е убер трагично ако изиграат нерешено или загубат колку што тоа ќе беше трагично доколку Милан ги победеа Удинезе дома и сега Лече на гости, па и Рома дома, каде загубија ( последни 4 средби, од можни 12 они освојуваат само 5 бодови ).
Не ме напаѓајте ради '' песимистичкиов '' пост, реков, Интер секој меч треба да го игра ко да е 22ри Мај 2010, ама во ситуација кога тимот прогресира до она свое посакувано ниво не е на одмет и некој кикс, поготово против екипа која е незгодна за секој голем тим во Италија и која игра добро во последно време, пред Се у напад. Тешко е да си совршен тим во една ваква ситуација, кога формата не е на највисоко ниво и кога се брка конкурентот ( капак на Се удрија на темпо викенд-Среда-викенд ), притисок 1 тон има, овие 3 кикса на Милан у последни 4 средби за нијанса истиот го намалија.
За Чезена не дискутирам, победа и само победа очекувам тука, и да имаат -6 со меч помалку.