Син, не се разбираме: не мора одново да ми ги пишуваш истите постови ги читав минатиот пат. Поентата е многу едноставна: ако можат да влезат 40 милиони во Октомври, без да биде загрозен финансискиот фер плеј, можат да влезат и во август и во било кој друг месец.
Сега немој да го браниш ставот со тоа дека баш мора да биде во октомври и баш не зависело ништо од Морати, како да знаеш 100% дека е така. Морати е претседател на клубот и сигурно може да ги свика истите овие луѓе по потреба и да побара од нив инвестиции. И сигурно дека пред сезона се разговара за тоа.
Целата работа е што оцениле дека не мора да се купува, и после им се случи тоа што им се случи. А IoSono убаво викаше, пари ќе влезат, кога ќе треба. Еве треба, и влегоа.
Лесно е кога на форум се прави муабетов па мислиш едноставно е да се води еден клуб, бар така делува по вашиве муабети.
Не се одлучи летоска дека не треба да се купува, во последен момент само се пресече купувањето на оние играчи кои беа достапни за Интер а тоа се Скули и Инлер. Да можеле тие пари да влезат летото ке влезеа, стварно глупо ми е да дебатирам на оваа тема со оглед на тоа дека станува збор за Морати ебаго.
Далеку од тоа дека оцениле дека не треба да се купува, него оценија при крај на трансфер рокот дека до Јануари можат да издржат со овој играчки кадар високо горе а потоа да се земат 3 до 4 имиња но тие да не бидат Скули и Инлер. За нив можам само да претпоставам зашто не биле купени, Скули по земањето на една квалитетна опција напред ке беше вишок кој џабе ке зема пари од буџет ко Мансини, истото е изводливо и за Инлер, па ваљда ради тоа Морати се решил за таков потег, да не стави потпис на тие трансфери.
Тие 40м евра очигледно не можеле да влезат летоска и тоа е тоа, ете, подоле пишав и дека испратија официјална понуда за Маскерано, тие пари ке беа ко џокер у покер за тимот.
1А пред две години, каков беше? (само тоа одговори)
2.
Скули=5 мил.
Инлер=15 мил
Вкупно=20 мил
Понудата за Маскерано = 6 милиони
Се друго што ќе се каже е за џабе
3. Можеш кога сакаш да си свикаш состанок, освен тоа, тој тим е таму 10 години можеби, ги знаат сите приходи и расходи(особено расходите) на памет. Може да варираат расходите за некои 50-100 милиони повеќе(истрескав ненормално голема бројка, за потсетување, платите на сите се однапред познати, стадионот и оддржувањето е однапред познато, единствено за тоа дали ќе земат нови чистачки не се знае плус 10.000 евра годишно или помалце
), но во најдобрата година како што викаш кога остваруваш приходи од 200 милиони, немаш потреба од финансиски извештаи, дури и форумџии знаат колку пари ќе добие Интер.
Не верувај во се што ќе прочиташ, факт е дека не се сакаше да се инвестира, сите беа изненадени од пасивноста на пазарот. Еј, еден Наполи потроши повеќе пари од нас, ние само од трансфери бевме во плус 40 милиони...
Уште нешто, го цитирам Морати:
Прво ќе продаваме па ќе купуваме ! (Кварезма и Балотели си заминаа, дојде никој)
1. Ова е веќе непознавање на нештата чим ми го поставуваш ова прашање. До пред две години Морати беше во можност свои сопствени пари да дава во тимов без разлика на долговите на тимот. Денес нештата се поразлични, нема намера тој филм да го тера и планира баланс на буџет без инкасирање на сопствени пари.
2. Од кај тоа дека Инлер 15 милиони вредел ? Ако не се лажам, под 10 беше договорен, они Кваљарела не можеа 15 да го продадат, или Јакинта на времето, Инлер ке го шиткале за толку и тоа на Интер. Мада не е битно, тој трансфер ко што гледам не е реализиран.
Друго, понудата за Маскерано ти е класична потврда за тоа со колку пари располагале Интер летото и колку они всушност биле ограничени со трансфер средства. 6м плус играч проценет над 10 милиони евра, е тоа беше понудата официјална за Мaскерано, боља потврда за финансиски анемичниот Интер од летоска од ова нема.
3. Стандард, во Октомври се дебатира на оваа тема кога е во прашање Интер и кога детално се анализира Се, а не во текот на летниот период ( што како зашто, ко на Тип-он што му реков, мејл до Интер.ит за одговор ). Инаку, баш дека однапред знаат колкави загуби трпат, мораа да удрат на штедња, бидејќи во својата најдобра година имаа расходи
над 380 милиони евра, е сеа, што е тука нејасно ? Не, сериозно, што ?
А за твојов муабет, не сакаше да се инвестира ... ти реков, исто е ко да кажам Супермен постои без некој соодветен аргумент.
п.с. За тоа што си додал, алудираше на Маикон, ако Маикон го продадеа тогаш ке купуваа, овој муабет Морати го направи во периодот кога беше се поизвесно дека Маикон ке замине али се деси чудо, Реал не сакаа да дадат 2-3 милиони евра повеќе.