Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.847
Поени од реакции
16.007
Бенитез аут!! ..што е можно побрзо. :)
Слабо нешто со коментари, искрено не ја гледав утакмицата(ако се важат последните 10 мин гледање :)), ама 5-2 чим сме победиле значи има нешто и полека се враќаме на победите, се надевам нема да трае кратко :)
Повредата на Снајдер не ми изгледа за сериозна...ќе видиме што ќе кажат докторите или веќе кажале.
 
M

mercenary

Гостин
Денеска Бенитез играше подлабоко,тоа е за поздравување.Полека полека ги увидува грешките и ги поправа.(или некој друг ги увидува и му ги кажува,како и да е)
Одбраната пак не беше добра ама тоа беше поради сакати индивидуалци.Маикон се врати на тренинзи,Мота се врати во средина така да Занети ќе се врати у одбрана,Лусио е тука а другото место Кордоба,овој е солиден,не е како колецон.Значи за следниот натпревар одбраната би требало да ни биде подобра,освен ако Крофнево не го игра пак Матераци.
Средниот ред помагаше на одбраната,тоа е добро,за напад нема што да се збори,головите зборат.Снајдер не беше лош,незнам зашто го критикувате... да имаше на кого да му ја даде напред,сигурно ќе беше и многу покорисен т.е ќе имаше повеќе асистенции.Дали Милито ќе биде спремен со Лацио? Ќе видиме.. ако не биде,тешко нашиот напад.Аааа Ето што ни напраи.. баш сеа...
И за крај мора да го поздравам нашиот најдобар играч денеска,феноменоменалниот...... ГОООРАААН ПАНДЕВВВВВ!! :tapp:

--- надополнето ---

Од 5те екипи што се над нас,4 не победија а Рома уште не играла.
Ова да не е случајно? Или е Морати или фановите на Интер..
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Ало , не го бранете Бенитез бе .... Му требаше 10 меча да укапира дека Сантон може да игра од десна страна ..... И на 3-2 пак праи глупост ...става копиљ од 18год а го вади Сантон .... оу и да ...на 5-2 не го вади Снајдер него го вади Деки а го става НКВАНКВОЊЈВаоФАњ и нормално Снајди пие копачка у нога ...

Ебати пунетата крофна :mad:
 
M

mercenary

Гостин
Сантон не бил спремен за да игра цела,така прочитав негде..
А да,тој копиљот од 18год играше боље од Сантон..
Деки е стар,неможе да трча како коњ по 200 минути,се утепа од трчање човекот,мораше да излезе.А кој друг да го стави ако не Обиора? Нема друг..
И требаше да предвиди дека Снајдер ќе се повреди?

Не претерувај,остај го Крофнето на раат,барем сега.. :icon_lol:

(дојде време да ја бранам дебелата крофна :nesvest:)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.624
Поени од реакции
43.480
Дел од мечот пропуштив, пред Се по вториот гол на Парма до наредните 2 на Интер, стварно статива погодиле овие и Креспо утнал 1 на 1 со Кастелаци ? Ме мрзи да проверуем на нет ...
У тој случај, одбранава денес ги искина максимално и 1 тон среќа имаа што победија, ај овие што утнуваа али и головине на Интер паднаа под многу среќни околности.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
Дел од мечот пропуштив, пред Се по вториот гол на Парма до наредните 2 на Интер, стварно статива погодиле овие и Креспо утнал 1 на 1 со Кастелаци ? Ме мрзи да проверуем на нет ...
У тој случај, одбранава денес ги искина максимално и 1 тон среќа имаа што победија, ај овие што утнуваа али и головине на Интер паднаа под многу среќни околности.
2 стативи имаа и плус креспо утна уште една .
Ајде , ајде , си ги лапам сингл со Твенте и денес со Парма и пак нека ни даваат вака големи кефицинети
Ајде може дебелиов ќе се опраи , па ако продужиме да тепаме нека остане , еве иповредени нема
Знам зашто тепавме овие 2 , ЈА СМЕНИЛ КРАВАТАТА , НЕ Е ВЕЌЕ ТАА РОЗЕВАТА , ЗАТОА ТЕПАВМЕ
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.624
Поени од реакции
43.480
А денес приметивте дека при 0-1 го префрли Кордоба лево, Сантон од напад - десно во одбраната, а Занети во средината отиде па формацијата беше 4321, со тројца централно и Снајдер и Бијабијани позади Пандев ...
Инаку со 4231 системот беа убиени начисто, 0-1, шанси за гол на Парма од кои ко што реков погоре една 100%, а од друга страна Интер со нула удари кон голот на противникот.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Ај не се палете, два гола на среќа ги дадоа, два од прекина и конфузија, само еден од (последниот на Деки) игра и добра акција.

Не дека не треба да се радуваме на победи, но да ги имаше денес шансите на Парма некоја подобра екипа, лесно можеа да не утепаат уште во прво полувреме. Многу е слаба одбраната со Матераци, што побрзо дојде Маикон, толку подобро.

Ме радува голот на Мота и тоа што сврзаа две победи по ред, па сега против Лацио порелаксирано ќе се патува. Им треба сеуште време за да се склопат со замисливе на кременадлава, но подобро е да се победува него да се игра нерешено или да се губи. :wink:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Јас не знам како можевме денес толку да имаме среќа???....едноставно се ни одеше на теренот како подмачкано и топката ги сакаше нашите играчи за скоро секоја ситуација...
Мене едноставно ме нервира тоа што победивме со поголема разлика и сега ќе кажуваат по медиумите како тоа се враќаме на победнички патеки и бенитез бил вистинскиот човек за Интер бла бла бла...но реално гледано играта и денешната поставеност на теренот ни беше очај...па како е можно една екипа како Парма да си се шета во нашата половина кога сака?????..па Мурињо кога ни беше тренер не го помирисуваа голот при наше водство а не да постигнат??..па и со Манчини беше подобро кога би се сетил...

Е сега не знам дали е до Бенитез или до многуте повредени играчи ,но знам дека моментално сме очај како тим и ако извадиме бод кај Лацио ќе треба да сме среќни и задоволни бидејќи шансите со ваков состав да победиме против Лацио се 0,86 %..(од моја гледна точка сигурно ќе загубиме :kesa:)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.624
Поени од реакции
43.480
Сеа ги изгледав шансите, оние на 3-2 беа брука бе маме му ебам, Бранко го слушам вика заслужија Парма да израмнат, да ја додадам онаа во прво на 3-2 со глава исто на Креспо кога Кастелаци одбрани, и во право е Бране ...
После и на 4-2 одма создаваат шанса за гол, пак Креспо и пак статива, човеков даде 2 гола а влезе во уште 3 100% шанси, е тоа ме курчи, што толкава слобода добиваат најопасните играчи кај противникот, така беше и со Карачиоло, така беше си Бејл и ред други примери, значи поентата ми е дека тактички потфрлаат во тој сегмент и тоа дебело, нешто што не смее да си го дозволи екипа која атакува на голем трофеј.
Не може една Парма, или едни Киево да си играат курташак кога напаѓаат, секој втор напад да им биде шанса за гол, тоа не смее да се дозволи во иднина, единствена добра работа од денес, покрај нормално, 3те освоени бода, е што Рафа се одлучи со тројца централни играчи да тера во средина ( Дејо, Занети и Камби ), одлука која ја донесе при 0-1 за Парма, баш ме интересира дали ке ја истера истата формација и со Лацио гости бидејќи играчкиот кадар тој ќе е, освен Милито ако не се врати али и да биде во комбинација тешко дека ке стартува со оглед дека ги чека и Светскиот Клупски Куп каде Рафа мора да освои трофеј што значи тешко дека ке ризикува со Милито сега ...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.487
Поени од реакции
58.770
Без дуото Лусио - Самуел секогаш ќе биде критично. Матераци и Кордоба имаат многу малку натпревари последниве години, посебно Матриксот има изгубено чувство за простор. Лани на еден натпревар на кој мораше да игра, мислам дека со Удинзе беше ама не ме држете за збор, заборави играч кој му втрча во празно и ни даде лесен гол. Годинава пред стартот врз Ибра му се случи и да се судри еднаш со наш играч во скок дуел за топка. Едноставно не се тоа истите играчи кои беа, несигурни се поради долгото отсуство и кој и да е ќе ни прави проблеми. Мора под итно да се доведе Ранокиа и да се обидеме да направиме нова стоперска двојка која ќе функционира, како прв предуслов за да се зацрвсти екипата. Ако ја земете статистиката ќе видите дека до натпреварот со Тотенхем, Интер со крајни маки примаше гол. Тоа се промени нагло со повредата на Самуел, целата одбрана е несигурна.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.624
Поени од реакции
43.480
Со Катанија беше таа дешавка, бајаги смешна дешавка ... :)
Инаку ја за стоперска двојка сум за Лусио и Киву, конечно румунов да се врати таму каде што играше на старт од кариера а и каде што играше првата сезона со Мур во тимот, или он или Кордоба кој е бајаги агилен и не е статик ко Матрикс.
Нејсе, сите сме со согласност дека Матриксов не е више за фудбал, он е за Куп натпревари и тоа ако играат со Кремонезе или Фросиноне, не и за тим кој е кандидат број 1 за првото место во Серија Б. :)

Да додадам Иосоно, нека ти текне на мечевите со Палермо и Каљари каде играше Самуел, само Господ ги спаси таму од примање на повеќе голови, низа 100% шанси беа промашени, Палермо и тоа на 1-0 за нив, а Каљари на 0-1, такоџе и со Тотенхем дома беа далеку од перфетни ...
Муабетот ми е дека пречеста е оваа слика каде противниците се побија од шанси против Интер, далеку од тоа дека имале среќа денес голема само, имаа и со Палермо гости, имаа и со Каљари гости такоџе, мечеви кои ги добија тесно. И со Удинезе не беа перфектни, реално, само мечевите со Бари и Вердер беа такви каде противниците беа убиени целосно, мада и они на 0-0 имаа 100% прилики за гол али толку, 2 мин играа само со Интер се на се ...
 
Член од
30 октомври 2008
Мислења
1.046
Поени од реакции
35
и повторно поставувам прашање до бенеамата
дали одбранава ни е на ниво?(како шо викаше до вчера):jaj:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom