Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.730
Поени од реакции
4.938
Купер играше 4-4-2 али беше со малце дефанзивна поставеност. Закерони применуваше 3-4-3 али само првите неколку утакмици им идеше добро, после едвај завршија 4-то место. Сега Бенитез не го обвинувам промногу зашто сепак и повредите си го прават своето- Цезар, Мајкон, Самуел, Мота, Камбијасо и Станкович до пред некој ден, Милито беа повредени.
Највеќе го обвинувам Морати, пошо се праеше курназ и ко да беше паднат од Марс дека овој состав на Интер бил истиот од пред 3-4 месеци коа освоиле три титули.
Епа он намерно или ненамерно заборава дека и тие се луѓе од месо и коски и дека се трошат кога тогаш. Неќеше едно евро да фрли, остана со Оби, Бијабјани, Алибек, Нвакво, Сантон и др. недоквакани мрсулковци. Епа Бенитез нема којзнае каков избор кога сите горенаведни му се опоравуваат.
Во право си ако веќе се бара реален виновник , за играчиве немал во план дека ќе земат боледување ..кој од кој
Тимот што победувал не се менувал , али ако дојде како сега до тоа да мора да се смени .. ондак не му ја мислел Морати со раководството.
Порано повеќе пратев , па спас некако беше тогаш кога го донесоа Адријано , сега мора некој да се донесе .. оти дечкиве шо се у резерва не би можеле да го поднесат притисокот.
А и мотивација се изгуби во повеќето првотимци , откако си ја наредија прошлата сезона - оваа некако гледаат да им пројде радиреда.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.744
Поени од реакции
44.042
А чек, кои играчи требаа да ги купат ве молам објаснете ми ? Снајдер перманентно првотимец, Ето и Милито исто, Маикон такоџе, Камбијасо, Лусио и Самуел исто, за оваа сезона се очекуваше од Сантон така да и левата бековска позиција не беше за менување ( ке купуваа бек само ако Маикон си отидеш ) ...
Пандев исто кај Мур беше перманентен првотимец и беше земен во тимот за да игра повеќе а не да биде со статус на резерва.
Значи како и да ја вртиме, главната основа на тимот логично беше да си остане иста ко и лани, на крај краева не играат 10 години заедно, играа само една сите во пакет заедно и реално, за оваа сезона и по години и по форма си беа таман.
Изгубен е само Балотели, и толку, тој дел од клупата не е покриен и за тоа имам и јас голема замерка ама Рафа и во тој контекст можеше да смени формат во 4-3-1-2 со што 1 од Пандев-Милито-Ето стандард ке беше на клупата со што и таму ке се добиеше квалитетна алтернатива уз Коутињо и Бијабијани, бар така можеа да тераат до Јануари.

Најлесно е да се удри на менаџер муабети и да се каже требаше да купуваат, а реално, кога ке се ставиме во ситуација од ЛЕТОТО, за купување беше морална само една позиција а тоа е нападот и тоа да се зима играч кој од старт ке има ротирачки статус, а не да се зима уште една ѕвезда.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Барем 2-3 да купеа летоска, се правеа пметни.
Балотели го дадоа за безвезе, млад, перспективен играч беше иако беше недисциплиниран. Оставија тим-геријатрија ко Милан, а за резерви оставија деца од 16-19 години. Кој сака нека е тренер не може со тој кадар (плус повредените играчи на секоја утакмица) да направи ништо добро.
Како не се критикуваше Бенитез кога ги тепаа Бари на почетокот, Тотенхем, Вердер, Палермо, Удинезе...тогаш си беа нормален тим токму заради тоа што немаа повредни играчи. Е тогаш Бенитез беше добар сега не е :). Е не може така . До повредите и до Морати е највеќе.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.305
Поени од реакции
15.538
Изгубен е само Балотели, и толку, тој дел од клупата не е покриен и за тоа имам и јас голема замерка ама Рафа и во тој контекст можеше да смени формат во 4-3-1-2 со што 1 од Пандев-Милито-Ето стандард ке беше на клупата со што и таму ке се добиеше квалитетна алтернатива уз Коутињо и Бијабијани, бар така можеа да тераат до Јануари.

Најлесно е да се удри на менаџер муабети и да се каже требаше да купуваат, а реално, кога ке се ставиме во ситуација од ЛЕТОТО, за купување беше морална само една позиција а тоа е нападот и тоа да се зима играч кој од старт ке има ротирачки статус, а не да се зима уште една ѕвезда.
Да, лесно е да се удри на менаџер муабети, смени тактика, биче боље :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.744
Поени од реакции
44.042
Да, лесно е да се удри на менаџер муабети, смени тактика, биче боље :)
Па така направи Мурињо првата сезона, он во 8мо коло имаше 1 пораз и 3 нерешени резултати и заостануваше позади Милан, арно ама Се за доброто на тимот ...

--- надополнето ---

Барем 2-3 да купеа летоска, се правеа пметни.
Балотели го дадоа за безвезе, млад, перспективен играч беше иако беше недисциплиниран. Оставија тим-геријатрија ко Милан, а за резерви оставија деца од 16-19 години. Кој сака нека е тренер не може со тој кадар (плус повредените играчи на секоја утакмица) да направи ништо добро.
Како не се критикуваше Бенитез кога ги тепаа Бари на почетокот, Тотенхем, Вердер, Палермо, Удинезе...тогаш си беа нормален тим токму заради тоа што немаа повредни играчи. Е тогаш Бенитез беше добар сега не е :). Е не може така . До повредите и до Морати е највеќе.
Па за повредите сите ја посочија тренинг програмата на Бенитез, чисто информативно, а и смешен е фактот што си убеден дека Морати е виновен што шампионскиот тим ( најдобриот во Европа, незнам дал ова нешто ти значи ) од пред 3 месеци не може да победи два новолигаши и тим без тренер плус екипа која долго време нема победа врз Интер ( Киево ).
Или можеби на Снајдер,Ето и компанија за вакви пародични тимови им беа потребни нови соиграчи ...
Мхм, ако се лажеме им беа.

п.с. Разликата од лани е Балотели ... толку. Све остало на клупа беше просек, ништо поарен од овој сега.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.507
Поени од реакции
58.924
Кога ги гледам Хамшик, Лавеци и Кавани како играат, ми се плаче...

Јас ќе го кажам горед-долу истото што го кажував на почетокот на сезонава: потребно беше да се продаде Маикон и да се доведе играч како Хамшик. (Викам да се продаде, за да се обезбедат пари, не дека ќе беше лошо и онака да земевме играч) На овој начин, во одбраната ќе бевме нешто послаби ама средината ќе беше онаква како што треба да биде. Сигурен сум дека и напаѓачите ќе добиваа повеќе топки и нападот ќе беше каде каде подобар. Наместо тоа, ние се потпревме на Кутињо, играч кој е млад а згора на тоа нема воопшто играно во Сериа А, па не му е ни лесно да се адаптира. Друг фудбалер освен квалитетен играч на позицијата на која играат Мота/Марига/Мунтари/ и не беше така потребен.

Со повредите тргна од лошо кон полошо и стигнавме кај што стигнавме. Останува да видиме колку е длабоко, моментално тонеме со брзината на Титаник и до јануари ако не сме -15 зад водечките треба да сме задоволни. Нејсе, јас очекував дека оваа сезона ќе биде прекинување на доминацијата заради многу фактори. Тоа не е ништо страшно и нека не освоиме ништо. Но не смее никој да си игра со реномето на клубот и ако веќе имаме година во која нема да креваме трофеи (освен суперкупови и шо ти ја знам шо не) тогаш барем да направат програма за промени во следната, да стават 4-5 души на трансфер листа и да се засилат адекватно. Неверојатно е што има одлични играчи во лигата по кои не тргнуваме се додека не направат бум и не им рипне цената ненормално, а потоа е предоцна за да се купат.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Баш ме интересира шо изјавил дебелиот после денешниот натпервар, или пак лижел гз на Снајдер да оди да збори дека останува.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Уште едно очајно издание и сосема заслужен пораз. Повторно млитава игра, без многу шанси и без никаков концепт. Во одбраната Лусио на потребното ниво, ама Сантон при првиот гол си дремеше како Киву со Лече. Снајдер продолжува со катастрофални игри, Бијабиани никако да покаже дека заслужува прв тим (во реални услови без повредени) и останува само Ето да даде гол за колку толку да не биде катастрофа.

Сепак ништо чудно Ето да добие едно 2 натпревара суспензија, па после ќе остане да се крстиме во Пандев да се потсети како се даваат голови. Реално за мене Ето и заслужува казна, без разлика пред тоа какви кошкања имал со Словенецот, таков удар со глава е за казна.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.744
Поени од реакции
44.042
Баш ме интересира шо изјавил дебелиот после денешниот натпервар, или пак лижел гз на Снајдер да оди да збори дека останува.
Што изјавил ? Изјавил дека му се ДОПАДНАЛА РЕАКЦИЈАТА, пак го пофалил карактерот на тимот, а Киево комотно можеа петарда да им удрат ...
Е како бе може после ваква изјава да сте со ставот дека Бенитез е за тим кој атакува на голема титула ? Стварно не ми е јасно, исто ко да сакате Раниери да им е тренер, бидејќи буквално низ цела негова кариера изјавите му се такви, лузерски и тажни. :(
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Za dvata posledni natprevari, najkriv e Morati.

Ne znam sto ceka od ovoj, ajde nekoj da objasni, zosto uste go drzime?
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
@Syn,

Ок, ти победи, изгледа келнеров не ги заслужвал ни овие два меча. :pipi:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.744
Поени од реакции
44.042
@Syn,

Ок, ти победи, изгледа келнеров не ги заслужвал ни овие два меча. :pipi:
Друже, дека келнеров не е за Интер ја увидов по преведувањето на неговата изјава кога изгубија од Тотенхем, рацеве мои не сакаа да ја искуцаат следнава реченица '' Ми се допадна реакцијата по двата гола, покажавме карактер '', ако до тогаш имав сомнежи, тогаш и дефинитивно сватив, дебелиов е лузер и тоне ли тоне у неговата кариера, за негова голема жал, поготово по супер стартот на неговата менаџерска кариера во Валенсија ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom