Човече нема потреба од бан, ни те навредив нишо. Сега да се вратиме на тоа шо е стварно реално, а тоа е дека ти Мурињо го сметаше за лузер, да не барам постови сеа ок?
Мењааш мислења као жена у пмс.
Момче јас несум нострадамус, па предвреме да знам што се случува, но од сите вас на овој форум бев во можност да го следам секогаш Интер преку Скај Италија, а претходно преку пакетот теле +, цели 12 години, ниту еден натпревар немав пропуштено, без разлика дали е од купот на Италија, ЛШ, Серија А или пак некој подготвителен натпревар, а многу често и тренинзите кој се прикажуваат на Интер каналот...а во неколку прилики го гледав Интер и во живо. За разлика има многу одваме што Интер кога ги играл натпреварите вие пратете натпревари на Интер преку
www.livescor.com или преку некој линк со сецкање.
Зашто ланската сезона го критикував Мурињо?
- Неможев да си замислам дека екипа која имала +15 бода предност пред една Рома која во последниве години небеше толку јака со играчки кадар, да ти ја одземе титулата со еден тренер како Клаудио Раниери, кој беше клоцан од многу екипи. За ланската титула голема благодарност до Џанпаоло Пацини, а во негова чест ставив аватар со негова слика.
И уште нешто, иако го критикував Мурињо, но никогаш не реков дека треба да си замине од Интер.
Мурињо преку Интер се врати на врвот во светскиот фудбал и направи вистинска одлука кога замина во Реал Мадрид.
Ланската сезона Мурињо со Интер направи чудо, од екипа која според играчкиот квалитет беше далеку зад Барселона, Реал Мадрид и Челзи успеа да ја освои Лигата на Шампиони.
Во еден момент помислив дека Интер има квалитетни играчи скоро на сите позиции, но сепак небило така, целите заслуги паднаа на Жозе Мурињо кој од сите играчи го извадил максиумот.
Што се однесува за сегашниот Интер со Рафаел Бенитез, во кој фали Марио Балотели си дојдоа работите на свое место. Масимо Морати го оствари сонот ( тројна круна) и нормално беше да не фрла повеќе пари по трансфер пазарите. И тој е свесен дека ланскиот успех да се повтори е невозможна мисија.
Дали погреши кога го доведе Рафаел Бенитез?
Мојот одговор е ДА, а се темели врз тоа што Бенитез водеше еден гигант како Ливерпул со многу врвни светски играчи како Торес, Џерард, Реина, Карагер, Маскерано...а го освојува срамното 7-мо место во Премиер лигата, катастрофален резултат во лигата на шампиони и нормално беше да добие клоца.
И за големо изненадување, тренерот кој со врвни играчи од светскиот фудбал беше буквално наклоцан од Ливерпул, добива поклон да го води Европскиот Шампион Интер.
Тоа го може само Максиум Морати.
Најголем противник бев за доведување на ваков тренер без киселина, кој цело време се шлепат со еден резултат во кој помогна и чудо кога Милан самиот се порази во Истамбул.
Кога се споменуваше Рафаел Бенитез уште тогаш се навратив наназад и се подсетив на ангажирањто на тренери како Марко Тардели и Алберто Ѕакерони, а на тие што од поодамна го следаат Интер добро знаат што претрпеле од овие две личности, кој после Интер заними повеќе нема место во ниедна сериозна екипа.
Дали е потребно да се направи смена на Бенитез?
Мојот одговор е НЕ, и така веќе никој неможе да спасува од овој раштиман тим, а најмалку имињата што се споменуват како Спалети или Рајкард.
Спалети е прочитана лектира во италјанското првенство, каде што беше шутнат од Рома и наклоцан во Русија, а неговата замена дедо Раниери ја препороди Рома на општо изненадивање со еден не толку конкурентен тим.
Рајкард постигнал голем резултат со Барселона, ја создаде Барса, а Пепе ги собира лавориките, секој што се разбира од фудбал ќе признае дека силната Барса ја создаде Франк Рајкард, а покасно само неколку играчи ја убрзе играта со нивната зрелост како Иниеста и Меси, кој во времето на Рајкард беа премлади, единствената промена се случи што перформансите на овие двајца играчи за многу се подобрија.
И Рајкард не може да ја спаси сезоната на Интер со вакви играчи кој никако нема да се вклопат во неговата офанзивна и брза игра со голема прецизност, исклучок Ето и Шнајдер.