Офф леле, Рафа тактички ништо не смени, освен човек да е слеп па тоа да не го виде, Сантон играше лево, Коутињо позади Ето, а Снајдер на местото на Станкович, што тука всушност тактички Рафа сменил ? Освен што Сантон играше ете, ко лево крило па да кажеме дека тоа не е негова природна позиција.
Тактиката беше иста, дел од играчите имаа други задачи, ''несвојствени'' за нив, ко што и во ерата на Мур бевме сведоци на такво нешто, но кога се има играч повеќе на терен, не е проблем Снајди да игра централно у средина, или Сантон да игра на позиција каде што играл ко младинец, или Кордоба ( кој лани играше и ко лев бек ) да тера десно. Значи на план на тактика, Рафа ништо не смени, сменет беше односот на фудбалерите, Рафа не е неврон у нивната глава па да ги контролира како да се понашаат на терен.
И со Мурињо истото го видовме со Палермо, па сеа што, Мурињо тогаш беше лош тренер според татко ти, или според тебе? Тогаш појма немал ? На крај краева, тренер што освоил ЛШ, капак на Се имал и камбек од 3-0, не може да се каже дека нема појма ... премногу глупаво изгледа истово, поготово кога доаѓа од нас, тастатура експертите на интернет.
Проблемот е очигледен, реков и погоре, само се повторувам и ја вртиме у круг работава, кога 1 играч на терен се однесува дезертерски, непрофесионално, тотално незаинтересирано и мрзливо, тимот ке го јаде, поготово во вакво натпреварување. Со Палермо лани примија прв гол по смешна грешка на Кордоба, сега примаат гол по инвалидска реакција на Цезар, и тоа е тоа, момент на осоколување, капак на Се и Сантон сличен подарок им даде на крајот.