Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Гостинска победа кај Палермо вреди многу, и покрај нивната слаба форма на почеток од сезонава. Не го гледав целиот натпревар, но од тоа што видов можеше да се завери победата порано, сепак се надевам Милито ќе излезе од кризата и со тоа ќе се поправи нападот. За среќа Ето е во одлична форма, а денес вистинско освежување беше Станкович.

Со Бари очекувам убедливо издание, а потоа следуваат неколку интересни дуели, во кој треба да се покаже шампионскиот карактер.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Играчите за дуелот со Палермо
Занети: Бев погоден со топката во стомакот и почувствував огромна болка, но сепак не престанав да играм бидејќи имавме водство кое требаше да се задржи. :zver:*
*преземено од beneamata

На страна што Занети е Човечиште, и има огромно срце кога се работи за Интер, мислам дека сепак имаат проблем во играта.
Не знам дали е во прашање учење и воигрување на нов концепт со Бенитез и меѓусебно запознавање со стручниот штаб, но Интер не ги прикажува игрите од пред 2-3 месеца. Играат некако млитаво на моменти, одбраната е тапа, а Милито се изгуби. Треба мислам, малце повеќе да се сконцентрираат на играњето дефанзифа (одбранбените играчи) и да се малце поагресивни. Ето, Гоки и Милито да соработуваат повеќе, и да не себичат, и никако, никако со еден напаѓач, никако 4-2-3-1. Можат овие и повеќе од досега прикажаново. Победи има, ама малце се на среќа. Ајде, ќе биде :).
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
*POWER-MKD

Тоа што ти играат млитаво посебно во одбраната се должи на очигледна слабата физчика подготвеност и новата концепција на Бенитез односно (не)трансформацијата од напад во одбрана каде во контра на противникот назад остануваат да бранат 4-5 играчи а другите спијат напред(како на вчерашниот натпревар Мајкон)...според мене со текот на времето се ќе се среди бидејќи и лани ништо не бевме подобри во ова време...а минус е тоа што немаме алтернативи на клупа посебно што дебелиот ја користи 4-2-3-1 формацијата наместо да си се врати на стандарната...добра вест би требало да биде враќањето на Снајдер и Мота(?) за следните натпревари каде дефинитивно ќе имаме повеќе алтернативи и дебелиот ќе можи да ја искористи ''дијамант '' формацијата....
 

Cuore |nter

inter4life
Член од
14 јануари 2010
Мислења
504
Поени од реакции
140
Види го ти Милито, кај е дрво невидено гол неможе да погоди, кај му даваат 80минути да игра и уште се буни што го вадат, ко божем у Договор му пише да игра по 90мин.

Линк до football-italia
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Што се случило со Занети?Читав дека по дуелот со Палермо бил пренесен во болница!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Што се случило со Занети?Читав дека по дуелот со Палермо бил пренесен во болница!
Јас колку што знам добил инфаркт пред натпреварот и повторно се реши да настапува ....ризичен потег од негова страна!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: @ki

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Ето и Пандев играт цела сезона крила се утепуват од трчање а Милито си го лади во нападот лани и Пандев да не зборам колку пати е заменет исто и Ето лани го вадеа кога не беше во форма по купот во Африка.Па збор не чувме да се жалат.

Секопја чес на Милито за минатата сезона но оваа е за никаде,а ако се буни мислам да го стават крило како Пандев и Ето па малку да се растрча.Во напад Ето или Пандев.А се виде вчера дека Ето е далеку поопасен кога е шпиц а и Пандев кога оди централно е 100 пати пополезен штета Милито вчера што не ги искористи асистенциите.
 
Член од
7 мај 2009
Мислења
710
Поени од реакции
55
Јас колку што знам добил инфаркт пред натпреварот и повторно се реши да настапува ....ризичен потег од негова страна!
Не претеувајте сега. Уште малце ке кажете дека бил во клиничка смрт ама го озивеале. Mилито кој к
кур
му е нека не се занесува најголемо дрво е. Му удри славата во глава .
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.110
Поени од реакции
46.054
Oвој сенилниов Зампарини, претседателов на Палермо вика 4 пенали требале да им досудат, изглеа паѓање во шеснаестерец, дури и ако е фаул у напад ( ко Касани што направи врз Киву ) е пенал ...
Него ви текнуе ли на 1-1 што шанса им скратија на Интер, т.е. на Ето и Пандев, 1 на 1 ситуација со голман а 2ца играчи ради непостоечки офсајд ...

Се на се 3 класи боље изиграа од Палермо, кои да потсетам, од Март 2009 година немаа пораз дома, што е уште една потврда за тоа колку се незгодни ко домаќини.

--- надополнето ---

Што се случило со Занети?Читав дека по дуелот со Палермо бил пренесен во болница!
Беше удрен со топка у гради, па ради претпазливост по мечот бил однесен во болница но немало никакви проблеми па заедно со тимот се вратил за Милано.
 

Cuore |nter

inter4life
Член од
14 јануари 2010
Мислења
504
Поени од реакции
140
Oвој сенилниов Зампарини, претседателов на Палермо вика 4 пенали требале да им досудат, изглеа паѓање во шеснаестерец, дури и ако е фаул у напад ( ко Касани што направи врз Киву ) е пенал ...
и ја го читам лудаков од сабајле и му се чудам на паметот ... сеа од сабајле акнал и нова изјава демек интер е новиот јуве со односнот на судиите према нив, као ни попуштале и свиреле за нас.

Него ви текнуе ли на 1-1 што шанса им скратија на Интер, т.е. на Ето и Пандев, 1 на 1 ситуација со голман а 2ца играчи ради непостоечки офсајд ...
офсајд дефинитивно немаше ама беше ептен тенка ситуација, милиметри у прашање (глуп коментаторски жаргон)
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Луѓе, абе зошто не ставате видеа со натпреварите на сајтот? Баш едно видео со победава на гости добро ќе дојде.

Знам дека е супер она видео со Treble Story, ама тоа е сепак минато, сезоната е веќе започната и треба да се мисли на иднината, т.е. на тековните натпревари и оние што идат. Ова видео за сега „пензионирајте“ го во архивата.


Поздрав.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom