Capitano
...
- Член од
- 24 октомври 2007
- Мислења
- 1.344
- Поени од реакции
- 137
Со душа чекам Бенитез да ја врати 4-3-1-2 формацијта. Се плашев и да помислам едно време, бидејќи ни во Ливерпул ни во Валенсија не се откажа ниту еднаш од 4-3-3, т.е 4-2-3-1, како сакате.
Факт е дека немаме вистински крила (Пандев, Ето, Станковиќ) за 4-2-3-1, а и така во Калчото многу пати до сега се уверивме дека многу тешко тимот се приспособува на таа тактика. Единствено минатата година, Мурињо мајсторски ја спроведе оваа формација во вториот дел и во финишот на сезоната, како формација со која екипата имаше најголеми шанси што подалеку да просперира во ЛШ (што чинеше и неколку слаби изданија во првенството, пред се тешко создавање на многу позиции за постигнување на голови).
Искрено, најмногу ме радува што нема да морам да го гледам Пандев како игра десно крило, туку како шпиц или полушпиц, позиција на која може да пружи многу повеќе за тимот.
Ќе треба за оваа формација офанзивен бек и лево, каде што се надевам дека оваа сезона ќе го гледам Давиде Сантон.