Лева/десна патека е многу неегзактна тема за разговор.
Бидејќи дефинициите се менуваат, со времето и просторот.
Поимите кои потекнуваат од Индија, во нивното изворно тантричко значење можат да се доведат во некаква корелација со модерното западно-окултистичко значење. Но сепак во изворна смисла немаат морално-етичка одредница.
Ова што си го земала од wiki е еден од објаснувањата на LHP и RHP според западната традиција.
Поимите на запад ги донесе Блаватцка и тоа е знак прашање колку ги пренесе изворно, а потоа им беа додавани или одземани разни нешта од разни еминентни и не толку емнентни автори. За на крај да стигнеме до црна-бела магија.
Да се разбереме, точно е да се зборува за црна магија=LHP и бела=RHP. Иако и поимите црна и бела можат да се релативизираат до бескрај. Но не е само тоа.
Можат и други одредници за LHP и RHP, да се дадат (скоро толку, колку што има автори). Ние можеме само да ја фатиме суштината. Според мене,таа сепак се поклопува (на најбитните места) со она значење кое го имаме во главите за црна и бела магија.
А што е со сивите магии? Да речеме веруваме во карма и реинкарнација. Пример, некој е болен. Јас ќе направам магија за да оздрави. Сега, може он си одработувал некој кармички долг и ја тука сум се замешала и сум му зафркнала работа. Бела, црна или сива?
Јас мислам дека не постојат сиви магии (можеби во суштина не постојат ни црни, ни бели, ама тоа е друг муабет).
Повеќе системи не препорачуваат пружање помош, доколку таа не е побарана. Но исто така го прескокнуваат ова правило, во разни случаи. На пример доклку не може да ти биде побарана (се работи за мало дете или човек во бесосзнание), или пак може но од сосема други причини не е сторено тоа.
А тој муабет за интерференција во туѓиот кармички долг и со тоа евентуално менување на сопствениот, тоа остави го на сопствената интуиција и немај гајле, затоа што двигателот на твојата акција е алтруизам, давање, не можеш да си наштетиш. Во крајна линија не ли ти се чини дека доколку личноста треба да одработи кармички долг, секако дека ќе го одработи. А исто така, не ли ти се чини дека ти е пружена шанса, во склад со сопствената карма, да помогнеш некому.
А можеш и вака да гледаш на работите.
Не си му помогнала на некој кога ти била пружена шанса да помогнеш. Која е кармичката штета тука?
Во другиот случај, си покажала сочуство кон некој кој го носи својот тежок кармички товар. Има ли кармичка штета тука?
Плус, ако си спремна да практицираш а немаш духовна и ментална подготвеност, тешко тебе (да не навлегувам во ова сега). А ако имаш, тогаш големи се шансите да
не погрешиш во тоа кога и кому да помогнеш.
Знам, дека овие духовни работи не се егзактни и можат да се релативизираат до бескрај.
Ти short1, ако веруваш во карма, како еден од најочигледните одрази на as above so below, тогаш оваа ставка од wiki *
Eschatological beliefs, resulting to salvation for some and to damnation for others * (барем мене ми личи) треба да ти биде одговорена со Да. Реченицава не треба да се интерпретира како суво значење:
на рај за лошите и пекол за злобните, туку повеќе како
што си посеал, тоа ќе жнееш,
на крајот од денот.