Горештини - преживување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Уште едно лето пред нас, а веќе неподносливи горештини. Температурата се искачува и до 40-от степен што на сите од нас ни претставува проблем од причина што Скопје треба да има умерено - континентална клима.
Топлотниот бран кој пристигна оваа година им предизвика проблеми на хронично болните. Меѓутоа и оние здравите ја чувствуваат тежината на времето.

Предлози за „преживување“ на високи температури:


  1. Наполнете леген со вода и потопете ги нозете или пак поставете влажна крпа на задната страна од вратот. Ова ќе овозможи освежување и ладење на организмот.
  2. Доколку живеете во куќа, препорачливо е денот да го поминувате во најдолниот спрат затоа што знаеме топлиот воздух се искачува нагоре.
  3. Елиминирајте ги сите дополнителни извори на топлина. Гледајте да ги исклучувате сијалиците затоа што генерираат дополнителна топлина исто како и компјутерите. Препорачливо е и внесување на што повеќе свежа храна за да се избегне загревање на просториите поради употребата на шпоретот.
  4. Овозможете било каква климатизација на просторијата во која го поминувате овој период од денот.
  5. Одржувајте ја хидратацјата на организмот. Запомнете дека во лето, кога е неподносливо топло, со потењето ја исфрлуваме водата од нашиот организам. Токму затоа е потребно истата да ја надоместиме со внесување на поголеми количини на вода.
  6. Избегнувајте алкохол и кофеин затоа што можат да реагираат како диуретици и да доведат до дехидрирање на организмот.
  7. Во најжекиот период од денот, доколку не сакате да седите дома, пробувајте да престојувате во локали кои се добро климатизирани.
  8. Можете да се освежите со застанување боси на плочките од wc-то.
  9. Избегнувајте обилни оброци. Тие можат да ја зголемат метаболичката топлина и да го загреат организмот.
За полесно заспивање навечер, можете да примените:

  • Свеж туш пред спиење
  • Рачните зглобови ставете ги под ладен млаз (крвните садови тука се најблиску до површината на кожата па со тоа ќе се овозможи ладење на крвта и воедно ладење на целиот организам)
  • Спијте со раширени раце. Со ова ќе избегнете задржување на топлината покрај телото.
  • Натопете пар памучни чорапи и добро исцедете ги така да да не бидат мокри. Така оладени облечете ги. Со ладење на стопалата го ладите целото тело.
  • Поставете натопена (но исцедена) крпа на челото за да се оладите
Предлагајте и вие начини за заштита од топлотниот бран. Би било добро да знаеме што повеќе начини за заштита на организмот од екстремно високи температури.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Вчера беше катастрофално топло. Се успав со упалена клима, сабајлево једва се размрдав
:tv:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Вчера беше катастрофално топло. Се успав со упалена клима, сабајлево једва се размрдав
:tv:
Ауч, јас само саат време што спиев со пуштена клима почна врат да ме дрма, можам да те замислам тебе. :)
Едино преживување е одмор, а кога не си на одмор да бидеш на базен.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Од 12 до 17 часот не се излегува од дома. :)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.470
Поени од реакции
31.012
а за тие шо веќе изгореа на горештините?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
На поразен стомак рано наутро физичка активност, било што може трчање, аеробик, кревање тежина итн. Избегнување на месо, сувомеснати производи и други висококалорични јадења, додека пак се препорачуваат салатите од свеж зеленчук и овошје во обилни количини.
Температурата во собата не смее да е пониска од 5 степени од таа надвор измерена во сенка, болест ќе добиете од тоа климата, и дајте неизлегување од 12-17 часот а да му дадеме таква препорака на рударот кој што работи површински во рудник за мермер, гранит, оникс, травертин? Се издржуваат температурите високи ама се знае како во нив не спаѓаат висококалоричните јадења, алкохолизирање до доцна навечер и турбо климата да работи.....
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
-Натопете пар памучни чорапи и добро исцедете ги така да да не бидат мокри. Така оладени облечете ги. Со ладење на стопалата го ладите целото тело.

вака имам пробано и како помочан се чувствував цело време. пробајте нешто друго :smir:
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
777
богами работава е преживување :)
шо да предложиме баце .. клима само :) (иако не е Ок нон стоп на клима ама шо да се праи) друг спас не гледам ...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.924
Поени од реакции
11.726
Навечер спијам на тераса со лаптопот до мене :icon_lol:
 
M

Mussolini

Гостин
коо е неподносливо жешко, ке натопам пичетка, марама, шамивче или как и да го знаете на име, ке го/ja иссцедам и ке ја ставам на грбот... милина да тее да спиеш
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
^ Мене пиво ме поти, ненормално.
 
П

Паган-др

Гостин
Ладно пиво лади дур ја држиш флашата/лименката дур го пиеш. После кога ќе почнеш да испаруваш.... :)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Уште едно лето пред нас, а веќе неподносливи горештини. Температурата се искачува и до 40-от степен што на сите од нас ни претставува проблем од причина што Скопје треба да има умерено - континентална клима.
Топлотниот бран кој пристигна оваа година им предизвика проблеми на хронично болните. Меѓутоа и оние здравите ја чувствуваат тежината на времето.

Предлози за „преживување“ на високи температури:



  1. Наполнете леген со вода и потопете ги нозете или пак поставете влажна крпа на задната страна од вратот. Ова ќе овозможи освежување и ладење на организмот.
  2. Доколку живеете во куќа, препорачливо е денот да го поминувате во најдолниот спрат затоа што знаеме топлиот воздух се искачува нагоре.
  3. Елиминирајте ги сите дополнителни извори на топлина. Гледајте да ги исклучувате сијалиците затоа што генерираат дополнителна топлина исто како и компјутерите. Препорачливо е и внесување на што повеќе свежа храна за да се избегне загревање на просториите поради употребата на шпоретот.
  4. Овозможете било каква климатизација на просторијата во која го поминувате овој период од денот.
  5. Одржувајте ја хидратацјата на организмот. Запомнете дека во лето, кога е неподносливо топло, со потењето ја исфрлуваме водата од нашиот организам. Токму затоа е потребно истата да ја надоместиме со внесување на поголеми количини на вода.
  6. Избегнувајте алкохол и кофеин затоа што можат да реагираат како диуретици и да доведат до дехидрирање на организмот.
  7. Во најжекиот период од денот, доколку не сакате да седите дома, пробувајте да престојувате во локали кои се добро климатизирани.
  8. Можете да се освежите со застанување боси на плочките од wc-то.
  9. Избегнувајте обилни оброци. Тие можат да ја зголемат метаболичката топлина и да го загреат организмот.

За полесно заспивање навечер, можете да примените:


  • Свеж туш пред спиење
  • Рачните зглобови ставете ги под ладен млаз (крвните садови тука се најблиску до површината на кожата па со тоа ќе се овозможи ладење на крвта и воедно ладење на целиот организам)
  • Спијте со раширени раце. Со ова ќе избегнете задржување на топлината покрај телото.
  • Натопете пар памучни чорапи и добро исцедете ги така да да не бидат мокри. Така оладени облечете ги. Со ладење на стопалата го ладите целото тело.
  • Поставете натопена (но исцедена) крпа на челото за да се оладите

Предлагајте и вие начини за заштита од топлотниот бран. Би било добро да знаеме што повеќе начини за заштита на организмот од екстремно високи температури.
За жал ништо од ова не спасува. Само климата пуштена другото е се минимално или има краткотрајни ефекти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom