THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
Софија - Бугарија се откажува од учеството во проектот за нафтоводот „Бургас-Александрополис“ и ќе ја замрзне изградбата на атомската централа „Белене“, ова неочекувано го соопшти шремиерот Бојко Борисов, по средбата со амбасадорите на амбасадорите на Европската унија.
Според бугарскиот премиер еден од мотивите за ваквата одлука е тоа што населението од регионот на Бургас не ја одобрува трасата за нафтоводот која минува низ места од заштитената зона „Природа 2000“. Исто така Борисов вели дека нема гаранции дека проектот брзо ќе се исплати. „Видовме што се случи со Мексиканскиот залив, Бургаскиот залив е тесен, а морето е бурно“, коментираше Борисов, имајќи ја предвид големата катастрофа со излевањето на нафтата во САД. Што се однесува до замрзнувањето на изградбата на атомската централа „Белене“ Борисов додаде, дека мотивот за таа одлука е тоа што нема јасен план кога ќе се вратат парите. Тој најави дека втората атомска централа ќе се гради кога ќе стане јасно колку пари ќе чини неговата реализација и дали има инвеститор, кој во моментов го нема.
Министерот за економија и енергетика Трајчо Трајков е изненаден од изјавата на Борисов. „Не можам да верувам дека го кажал тоа. Не сме одлучувале дека нема да учествуваме, ниту за едниот, ниту за другиот проект“, рече министерот.