Кој ги диктира висините на камати, задолжителни резерви и други услови под кои работат банките?
Висината на камтите за граѓаните и фирмите ја диктира пазарот со сите услови на него (НБРМ, сигурност, понуда, побарувачка, ...)
Висината на задолжителната резерва и некои од условите под кои работат банките е на НБРМ.
Многу повеќе од условите под кои работат банките ги диктираат други институции (македонски и/или странски).
Дали ризикот се намалува со зголемување на каматите и дали постои информација за ризичните групи кредити?
Дел од висината на каматата служи за покривање на ризикот.
Посоти информација за ДОСЕГА ризичните клиенти (не „групи“ туку конкретни клиенти). Кој знае што ќе се случи понатаму со клиентот, неговите партнери во Македонија или во странство?
Дали има информација колку се задолжени граѓаните и фирмите во банките?
Да
И дали има информација дали и колку средства се извлекуваат од самите банки надвор од Македонија?
Да
--- надополнето ---
Освежување со нов и квалитетен член на форумов,добро дојде нбрм

Трпески направи една грешка,им подлегна на партиските притисоци.Иначе има цел список на позитивности,почнувајќи од формирање на монетарен систем,од 0 државни резерви,смирување на галопирачката инфлација,воведување на денарот итн,итн.
Може ли овие што гласале со НЕ да кажат зошто воопшто гласале?
Благодарам за квалификацијата „квалитетен“, се надевам дека понекогаш ќе го исполнам тоа.
Предлагам да не губиме време за тоа дали Трпески дали им подлегнал или го прелажале. Заврши. Имамвме загуба една (2004) година, да одиме понатаму. Многу фирми имаат загуби. Еве и Генерал Моторс имаше, па преживеа.
Мала исправка: од 0 девизните резерви ги качи Борко Станоевски, тој го воведе денарот и тој ја смири галопирачката инфлација пренесена од Србија. Трпески тоа го надгради - според мене многу успешно и неговото место е меѓу најпознатите Македонци, а не во затвор.
--- надополнето ---
Инаку некој позапознаен би можел да потврди или негира оваа информација подолу за НБРМ пошто можеби е застарена -од 2007.
Сакав да ја прерипам таа нарачана информација од 2007, ама ајде да ја продискутираме ако сакаш, ама на кратко.
Мое резиме е дека нема ништо лошо за НБРМ, освен увредите кои ако се земе дека доаѓаат од прости личности, не се ни битни.
Еве ги првите 2-3 реченици:
„Пасивна политика“, пасивна или непасивна - успешна е. исто како Мурињо да го обвинуваш дека фудбалот не му чинел)
„преголеми овластувања“ за жал премали. во други држави имаат повеќе. на лажговците на кои има сметаат им се само преголеми - еве што ТЕБЕ конкретно ти сметало од „преголемите“ овластувања?
„и мрежа на роднински релации“. Подолу се спомнува дека тоа било „непотизам“? Проверете што е непотизам, ако новинарот не го знае значењето на зборот, не мора ни вие. Би имало непотизам ако:
1. Некој од наведените му е роднина на Гошев (а не му е) и
2. И ако тој поради тоа неправедно бил форсиран.
Непотизам ли е тоа што зетот на тренерот на Холандија и синот на тренерот на САД играа на светското првенство во Јужна Африка?
А ако се прочита 4-тата информација (Вака
дел од банкарската фела ја оценува Народната банка на Македонија и работата на нејзините гувернери.
Наместо активно да ја креира бизнис климата, НБРМ сиве овие години работи
без стратегија, вели поранешниот банкар
Драгољуб Арсовски.), ќе ви биде јасно и зошто е тоа така. Драгољуб Арсовски го избркаа од Комерцијална банка и сега му е криво. За малку ќе ја упропастеше банката, Хари да не се вратеше. Подолу и друг „експерт“ за банкарство се јавува (пионот на газда нини на кого не му успеа да ја украде Македонска банка), кој е лично погоден и фатен со симанти гаќи, па и него го боли.
факт е дека нема бизнис, инвестиција, клима без добар банкарски систем, а нема добар банкарски систем без добра институција НБРМ и гувернер.
Факт е.
Ама тоа е само еден од предусловите за да има бизнис и инвестиции. Фирмите во Македонија не инвестираат поради НЕСТАБИЛНОСТА и многу други фактори, ама не поради банките. А со тие фактори НБРМ нема врска (за жал. или за моја среќа - немаше дома да си доаѓам ни до 24ч).
--- надополнето ---
Во основа мислам дека НБРМ врши добра работа.
Благодарам.
Каматните стапки за потрошувачките кредити се превисоки и тоа е еден од проблемите кој директно ги удира граѓаните по џебот. Но сепак веќе со години и покрај константните заплашувања за девалвација на денарот и за инфлација, сепак ние имаме доста стабилна валута и ја држиме инфлацијата на солидно ниво.
Треба сите да помогнат за каматите да се намалат - не само НБРМ. Најмногу да се среди Балканот. Во вчерашен дневен весник Бизнис имаше (според нив) споредба на каматите со другите земји во регионов - Србија, Бугарија, Албанија итн и кај нив каматите се исти, кај некои дури и поголеми.
--- надополнето ---
Ако пак прашаш за мислење во некоја финансиска институција, ќе добиеш многу повеќе детали за проблемите со кои се соочуваат во оваа сфера. Како пример реченицата „Овде се гледа дека тоа е одмазда, дека тој не го сака акционерот“, е сосем точна, од практиката на одредени ф.и.
1. Зошто не би го сакал акционерот? Дека не е убав? Јас ќе ти кажам зошто - затоа што сакаше да ги украде депонираните пари на народот.
2. Пак да се повторам од пред некој пост: „ф.и.“ , т.е. финансиските институции се
приватни фирми кои работат за интересите на газдата. Се ќе направат за да го остварат тоа, а најмалку што може да направат е да лажат и плукаат по весници. Ќе измислуваат „проблеми“ во „оваа сфера“ за повеќе да заработат. За себе, за газдата или за двајцата. Од друга страна е НБРМ каде има 300тини луѓе кои не може сите да ги манипулира еден човек, па акар бил Гувернер. Многу поверојатно е дека тоа што ќе излезе како официјален став дека е во интерес на народот... но како сакаш.... пак ќе те потсетам дека цените се стабилни, пари не пропаѓаат и плаќањата се одвиваат без проблем (т.е. само еден проблем има - тие што не заработиле колку што сакаат да потрошат - не можат да платат)
Понатаму, задолжителните резерви (кои се споменати и во текстот на Т. Неновски) се големи и неплодни...вон пазарните текови.
„Неплодни“ и треба да бидат. Тоа им е намената во секоја нормална држава. ЗР баш за тоа служи: за да банката не дава премногу кредити со пари кои НЕ ПОСТОЈАТ. Ако ја намалиме, ќе измислат пари и ќе направат инфлација, т.е. нестабилност на цените.
Има уште многу забелешки кои навидум се покриени со стабилниот денар и ниската инфлација. Затоа и велат дека НБРМ е пасивна во однос на работењето на банките
Високите камати - една од одликите на македонското банкарство
Баш сакам да ги слушнам забелешките, ама убаво да ги анализираат, а не во „независни“ „новинарски“ текстови. И пак да кажам, што кажав погоре - каматите не се високи. Такви се во сите земји околу, таков е пазарот. И во Англија патлиџаните се 500 денари кило.
--- надополнето ---
Човек кој смени толку позиции и на крај заврши во ТТК како менаџер,а при тоа зема пари од управни одбори,работи како вонреден професор во ФТУ Охрид,во кошаркарски сојуз со позиција и збори за врска систем и фамилијарни односи е смешно.Да не го познавав лично во ред,ама вака не му држи кажаново.Дека е одличен експерт по финансиски пазари,да,ама ваков нарачан текст не ми се допаѓа од него.
И јас се слагам дека текстот е нарачан. Само што не се слагам дека е „експерт по финансиски пазари“.
--- надополнето ---
Инаку од одредени информации знам дека она што Михајловиќ го има изјавено за акционерите (ако не му се допаѓа...) е така, а и другите информации добар дел им држат...пак од истите извори...
од луѓе од банкарскиот сектор
Тоа и е твојот проблем: што прашуваш „...луѓе од банкарскиот сектор“. По трет пат пишувам - на нив НБРМ им смета. Тие работат за приватни интереси и нормално е да плукаат по тоа што им смета да направат поголема заработка (на грбот на обичните луѓе), па дури и кражба.
Прошлиот пат прашав и за односот помеѓу средствата од камати и други средства од граѓаните (т.н. трошоци) и зошто е тој во однос 1 према 2 до 3, на што е показател, ама прашањето, па и темата некако се подзаборавија.
Не разбирам. Кој однос и зошто?
Ти разбра нешто? Колку предлага Томе да биде каматата? Што предлага воопшто, освен што се прави паметен?
Како тие негови теории би влијаеле на 60-те милиони евра (кои сега вредат сигурно како 120) изгубени во ТАТ да се вратат?
Додека чекаме на податоци и анализи на истите

малку постара информација за состојбите од гувернерот во едно интервју од 2006
Убаво кажал Гувернерот: дека сме ББ+ рејтинг. Грција кога дојде до БББ (што е поголем), сите помисливме дека пропаѓа. Значи НЕ Е ДОБРО.
И тука е правиот одговор: каматите ќе паднат, кога ќе станеме А рејтинг, па макар и А-. И уште повеќе ќе паднат кога ќе станеме ААА 