Дали е добра работата на НБРМ

  • Креатор на темата Креатор на темата nbrm
  • Време на започнување Време на започнување

Дали НБРМ работи добро?

  • Да

    Гласови: 17 65,4%
  • Не

    Гласови: 9 34,6%

  • Вкупно гласачи
    26
Член од
10 јуни 2010
Мислења
27
Поени од реакции
2
Кловн ко кловн , па кога е бугарски е за никаде. Наместо да си ја гледа својата беља или еве , да се бави со реални работи како што е на пример развој на пиперкарство и патлинаџарство во Струмица и формирање на Агро берза...тој фантазира во височините на шпекулации на пазарот на белосветските хохштаплери со цената на златото :) секогаш будалетинките имаат решение за СВЕТСКИТЕ ПРОБЛЕМИ , но незнаат како да си го затворат шлицот по мочкање....:)
 
До кај стаса Македонија,кловн да оценува работа на НБРМ.Дополнителни коментари не се потребни на темава.
 
Дали НБРМ работи добро?
Ако пак те интересираат личности...стави го и Трпески, тој беше гувернер колку што се сеќавам. Минатото има и позаслужни граѓани за падот на банкарскиот систем, пропаст на банки, кредитни задруги и штедилници и влогови на граѓаните и стопанството.

Значи за минатото (спомињаш Смиленски и Љубчо) или сегашното работење? Имет разлика...мада со скандалите и немет разлика :)
 
1. Не се согласувам дека за тоа треба да одговори некој кој работи во банка. Еве зошто:
Првата буква во НБРМ е „Народна“, што значи дека е банка која работи за народот и тој треба да каже. Вработените во комерцијалните банки работат за газди, за да им направат профит, и често пати потезите на НБРМ (која со тоа го штити народот) им пречат, па може и негативно да се изјаснат.
А еве што треба да размисли народот:
а. Дали парите што ги има му се стабилни, т.е. му вредат речиси исто како претходниот ден? (секако дека инфлација околу 3% годишно е нормална и посакувана работа, затоа ставив „речиси“ исто)
б. Дали му пропаднале пари во некоја банка?
в. Дали има доволно денари во оптек, па стално кога ќе отиде во банка може да добие готовина за тоа што го има на сметка?
г. Дали може безготовински да плаќа и парите да стигнат истиот ден на крајната дестинација во земјата?
д. Дали може кога оди во странство да земе кога сака и колку сака евра и долари (се разбира, ако има денари)?
итн.

2. Трпески беше Гувернер (еден од 3 колку што досега во независна Македонија сме имале), но не би се согласил дека беше кловн. Напротив, ја зајакна НБРМ организационо, цените му останаа стабилни иако имаше војна, а во негово време пропаднаа само 3 мали и незначајни банки. Не можам да се сложам дека беше кловн, но се слагам дека испадна наивен и подмолниот кловн Љубчо го насанка 4,3 години.
 
Трпески беше Гувернер (еден од 3 колку што досега во независна Македонија сме имале), но не би се согласил дека беше кловн.
Затоа, ако примети и го избришав зборот кловн. И најцрните овци (а ги има доста во Македонија) не можам на форум да ги наречам кловнови.
Напротив, ја зајакна НБРМ организационо, цените му останаа стабилни иако имаше војна, а во негово време пропаднаа само 3 мали и незначајни банки. Не можам да се сложам дека беше кловн, но се слагам дека испадна наивен и подмолниот кловн Љубчо го насанка 4,3 години.
Ниедна банка ни друга институција не е мала и безначајна (иако за безначајноста на Експорт Импорт говори и самиот Трпески во негово интервју од 30.01.2003). Сите се дел од системот, а за тие поими прашај ги граѓаните и фирмите кои беа во Експорт Импорт. Дури и кога пропадна Македонија Реклам, се осети.

Настанот за кој се товари Љубе Трпески се случи меѓу мај 1999 и септември 2002 година, кога ексгуверенерот ги префрлил милионите, иако знаел дека Експорт-импорт банка на Смиленски е презадолжена.

Веднаш потоа, Експорт-импорт банка банкротира, а Смиленски го снема. За овој случај Обвинителството поведе акт, а Трпески тогаш преку комерцијални огласи во дневните весници го обвинуваше поранешниот министер за финансии, Никола Поповски, дека не знае како да ги поврати парите од пропаднатата банка. Трпески тврдеше дека гаранциите што и' ги дал на банката на Методи Смиленски се покриени со одлука на тогашната влада, што не било осамен случај.
На контроверзниот бизнисмен ова му е втора пресуда по неговата екстрадиција во земјава. Четири години затвор доби во штипскиот суд поради злоупотребите тешки два милиона евра во светиниколските фирми „Снитекс” и „Картонтекс”. Неговите адвокати се жалеа и на оваа пресуда.
Можеби е жртва на повисоки малверзации, но тој бил гувернер и како таков ги сноси последиците. Доколку работиш во НБРМ, знаеш колку извештаи се подготвуваат од банките и штедилниците (башка супервизија) и знаеш дека се многу мали шансите да се влоши состојбата во некоја од нив, а НБРМ да не дознае навреме за тоа...посебно за вакви трансакции
Трпевски и Смиленски беа осудени со правосилна пресуда за финансиски малверзации, односно дека ексгувернерот на сметката на Експорт-импорт банка, чиј сопственик беше Смиленски, префрлил околу 40 милиони долари кои тој ги употребил за купување обврзници и плаќање долгови на неговите фирми.
Народна банка на Македонија нема оштетно побарување од поранешниот гувернерот Љубе Трпески и бизнисменот Смиленски.
Претставникот на НБРМ посочи дека 5,5 милиони долари за купување обврзници не биле евидентирани, немало за нив изворни документи и дека не е целосно сметководството за нив, но сепак загуба нема.
Потврдено е дека се уште стојат нивните побарувања од „Експорт импорт“ банката, тешки над 17 милиони долари за невратените кредити на Смиленски.
Во судницата сведочеше и поранешниот вицегувернер Ванчо Каргов. Резервиран во однос на случајот, затоа што не знаел ништо за купувањето на обврзниците, но направил анализа за долговите на „Експорт импорт“ банката.
За сеуште нерасчистените сметки на ТаТ
ПО ЦЕЛИ 12 ГОДИНИ ОД ПРОПАЃАЊЕТО НА НАЈБОГАТАТА ШТЕДИЛНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА, ИЗЛЕГУВААТ НОВИ ДОКУМЕНТИ:

Каде се 11 кг злато и преку 2770 м2 недвижности на ТАТ?!
септември 2009
Целиот овој запленет накит, според едниот записник тежи цели 6 килограми и 66 грама. Според втората евиденција на златото и останатите метали, нивната тежина изнесува 4 килограми и 528 грама. Запленети се и големи пари. Прост збир на квадратурата од договорите на ТАТ со НБРМ и ГП Пелистер пока- жува дека станува збор за пове- ќе од 2700 м2 деловен и станбен простор кој ТАТ го заложил за кредити тешки вкупно 3.000.000 германски марки. Парите од кредитите никогаш не легнале на сметката на ТАТ
А еве што треба да размисли народот:
а. Дали парите што ги има му се стабилни, т.е. му вредат речиси исто како претходниот ден? (секако дека инфлација околу 3% годишно е нормална и посакувана работа, затоа ставив „речиси“ исто)
б. Дали му пропаднале пари во некоја банка?
в. Дали има доволно денари во оптек, па стално кога ќе отиде во банка може да добие готовина за тоа што го има на сметка?
г. Дали може безготовински да плаќа и парите да стигнат истиот ден на крајната дестинација во земјата?
д. Дали може кога оди во странство да земе кога сака и колку сака евра и долари (се разбира, ако има денари)?
итн.
Па тогаш ниеден од гувернерите не бил лош. Секогаш сум добивал пари од банка, не ми пропаднале пари во банка, безготовински можам да плаќам, за у странство појма неам, не сум пробал да земам колку сакам...ќе ме збрка полиција :)

Едина замерка, каматите се ептен високи.

Што се однесува до зборот Народна -истиот во многу држави е заменет со Централна па не би нешто посебно за самото име...Народна Република Македонија, Народна Банка...као у Кина.

Тоа е што ние читаме од медиумите, не знам кој кого насанкал, знам дека се десило нешто незаконско...тоа и го знаеме...доколку знаеш нешто повеќе, повели :)
 
Јас прашав за НБРМ сега, а се вративме во историјата од пред 8 до 11 години, и мандатот на Трепски (а веќе на Гошев е при крај). Но ајде:
Да, Експорт импорт е најголемата од 3те пропаднати за време на Трпески, но сепак минорна во однос на целата држава (си размислил како ќе беше да пропаднеше Стопанска Скопје на пример?). Точно е дека неколку луѓе изгореа пари, но тоа не е ни од далеку толку битно за целината. Со милионите не би се расфрлал, бидејќи точно го знам годишниот извештај кога ЕДИНСТВЕН пат сме покажале загуба и тоа е околу 900 милиони денари (или 15 милиони евра) за резервации. Сето друго е наплатено. А побарување за тие 900 милиони уште имаме и судството да беше добро како НБРМ досега ќе ги наплатевме, па немаше да има никаква загуба. Но на стечајниот не му одговара да заврши брзо - вака му е подобро.

Да, нека ги сноси последиците од тоа што направил грешка како Гувернер (иако не можам да се сложам последиците да бидат потполно исти како за пионот Смиленски, а никакви последици за мозокот Љубчо), но за жал никој не му даде ништо за позитивните работи - да ја зачуваш монетарната стабилност на државата за време на војна - требаше да биде народен херој. но гледам дека тука никој не ги сака бранителите.



И се отврои уште една тема - дали Народна или Централна. Централна и е функција, а Народна кажува за кого е наменета. И Народна банка на Република Македонија е централна банка. Кај нашите соседи Србија и Бугарија, исто така е Народна, како и кај многу други. Во мода е и да биде само Банка на ... (пр. Banka Slovenije, Bank of England, Banca d'Italia, Banque de France) или Централна банка на ... (Централна банка на Босна и Херцеговина, ...). Но името е традиција и јас не би го менувал. Да не елаборирам колку трошоци би имале ако го смениме само за препечатување на парите.


И на крај - КАМАТИТЕ :-) Топ тема... сите се експерти за каматите. Не знам само како Љубчо не дозна нешто „инсајдерски“ за нив?

Еве најпросто за каматите:
Каматите се цена на услугата давање на кредит. Во Македонија во овој момент има околу 18 банки и 10 штедилници кои даваат кредити, што значи дека има ПАЗАР. Ако цената на пазарот е таа, не знам зошто би ти верувале тебе или на некој друг дека каматите се превисоки. Сепак пазарот си го кажува своето и тоа е најправилно. Или ептен народски кажано - ако ти мислиш дека се високи каматите - земи отвори банка па давај со пониски камати (сигурно ќе имаш ептен навалица?). Тука би те потсетил да провериш во каква земја живееш и колку е ризикот да не се врати кредитот поради некои екстерни причини, да провериш исто и во регионот колку се каматите, па потоа да констатираш дека каматите се високи. јас мислам дека се норамлни - одраз на пазарот, кој е одраз на светот во кој живееме. НБРМ не може тука нешто да стори на долг рок. тоа е како да проба да плива спроти струјата. може на краток рок ќе смени нешто, ама на подолг рок ќе направи само непотребни турбуленции. еве на пример, НБРМ да те послуша тебе и да реши дека стварно си во право и дека каматите се високи. во тој случај што ќе направи - ќе земе да продава благајнички записи по пониска цена и на банките ќе им останат пари. Тоа ти само си претпоставуваш дека банките ќе ги дадат парите на граѓаните и фирмите со поевтини камати? но дали можеби си размислил дека наместо на нив, може да ги дадат на државата за државни записи (а оваа пак да ги потроши нешто без врска) ИЛИ пак да купат евра и да ги однесат во некоја друга држава? така ќе се створи недостаток на евра, кој ќе ја погоди уште потешко нбрм. затоа не си играјте со каматите и оставете ги на пазарот. ако имате некаква моќ, пробајте да го направите пазарот посигурен (еве на пример да се намали ризкот од губење на главницата; или поголеми плати за граѓаните за да може навремено да враќаат), па така каматите ќе паднат.
 
Јас прашав за НБРМ сега, а се вративме во историјата од пред 8 до 11 години, и мандатот на Трепски (а веќе на Гошев е при крај). Но ајде:
:) Види, не би ги спомнал тие луѓе, но со твојата прва реченица ти беше иницијаторот на кловновските вештини на мен ин блек...ме потсети токму на тој дел од историјатот на НБРМ. Инаку (вон нивните функции и што и како работеле) едни од омилените као личности ми се токму Трпески (Љубе, не Зоран :) ) и Таки Фити...сигурно и како струњаци во својата струка и квалитетни професори.
И на крај - КАМАТИТЕ :-) Топ тема... сите се експерти за каматите. Не знам само како Љубчо не дозна нешто „инсајдерски“ за нив?
ќе го преправам постот.

Каматите се цена на услугата давање на кредит. Во Македонија во овој момент има околу 18 банки и 10 штедилници кои даваат кредити, што значи дека има ПАЗАР. Ако цената на пазарот е таа, не знам зошто би ти верувале тебе или на некој друг дека каматите се превисоки. Сепак пазарот си го кажува своето и тоа е најправилно. Или ептен народски кажано - ако ти мислиш дека се високи каматите - земи отвори банка па давај со пониски камати
Кој ги диктира висините на камати, задолжителни резерви и други услови под кои работат банките?
Дали ризикот се намалува со зголемување на каматите и дали постои информација за ризичните групи кредити?
Дали има информација колку се задолжени граѓаните и фирмите во банките?
И дали има информација дали и колку средства се извлекуваат од самите банки надвор од Македонија?
 
Освежување со нов и квалитетен член на форумов,добро дојде нбрм :)
Трпески направи една грешка,им подлегна на партиските притисоци.Иначе има цел список на позитивности,почнувајќи од формирање на монетарен систем,од 0 државни резерви,смирување на галопирачката инфлација,воведување на денарот итн,итн.
Може ли овие што гласале со НЕ да кажат зошто воопшто гласале?
 
НБРМ...или било кој што се разбира од ова.Чекам одговор на овие прашања оти само на лепи бркови и партијата од кај потекнува не му дава гаранција дека работи добро...значи:
-Кој ги диктира висините на камати, задолжителни резерви и други услови под кои работат банките?
-Дали ризикот се намалува со зголемување на каматите и дали постои информација за ризичните групи кредити?
-Дали има информација колку се задолжени граѓаните и фирмите во банките?
И -дали има информација дали и колку средства се извлекуваат од самите банки надвор од Македонија?
Инаку некој позапознаен би можел да потврди или негира оваа информација подолу за НБРМ пошто можеби е застарена -од 2007.

НБРМ без стратегија во работењето


Пасивна политика, преголеми овластувања и мрежа на роднински релации. Вака дел од банкарската фела ја оценува Народната банка на Македонија и работата на нејзините гувернери.
Наместо активно да ја креира бизнис климата, НБРМ сиве овие години работи без стратегија, вели поранешниот банкар Драгољуб Арсовски.
„Имаме една пасивна улога на Народната банка и практично се е оставено со еден одговор, дека тоа не е прашање на Народната банка, туку прашањето на влез на странски брендови или капитал или реструктуирање на банкарскиот сектор е прашање на акционерите. Ама не е така“, изјави Драгче Драгољуб Арсовски, поранешен банкар.
Блиската банкарска историја покажува дека гувернерската функција во Македонија е подложна на скандали.
Борко Станоевски, прв гувернер. Му се случи „ТАТ“, измама од 65 милиони евра. Поранешниот вицегувернер Томе Неновски беше осуден на две години затвор за злоупотреба на функцијата. Не ги одлежа. Сега е професор на Европскиот универзитет во Скопје.
Станоевски, кој од сопственичката на „ТАТ“ беше обвинет дека и барал мито за да ја остави раат да работи, сега ги минува пензионерските денови во Скопје.
Љубе Трпески, гувернер од 1997-ма до 2004-та. Банкротираа „Алмако банка“ и „Експорт импорт“. Ја напушти НБРМ со обвинение за злоупотреба на службената положба.
И покрај лошата финансиска кондиција на „Експорт импорт“, Трпески и дал 30 милиони долари од државните резерви. Парите завршуваат за покривање долгови на фирмите на Смиленски. Сега Трпески работи како професор на Економски.
Петар Гошев, во мај 2004-та ја презема гувернерската фотелја од Трпески. Мандатот го стартува со наследен банкрот на „Радо банка“. „Македонска“ ја става под засилен супервизорски надзор. И Гошев е пред судски спор, со Нини. „Македонска банка“ ќе ја тужи НБРМ.
„Мора да има ист аршин и транспарентноста мора да важи за сите банки, не само за Македонска банка. Тоа значи личен инает, некој тера личен инает. Овде се гледа дека тоа е одмазда, дека тој не го сака акционерот“, рече Љубомир Михајловиќ, претседател на УО на „Македонска банка“.


Народната банка денес наликува на роднински и капитално исповрзана фирма. Васко Гошев, брат на гувернерот Гошев, до неодамна заменик директор на Дирекцијата за трезор. По обелоденетите трезорски кражби во земјава, тој е повлечен од Службата за јавни набавки во НБРМ.
Сопружнички двоец. Игор Давков, директор на Дирекцијата за супервизија. Неговата сопруга Сара Давкова, заменик директор во Дирекцијата за правни и организациски работи.
Тони Стојановски, заменик директор во Дирекцијата за супервизија. Сопругата Милица Арнаудова, директорка на Дирекцијата за банкарска регулатива. Дане Крстевски, Дирекција за информатичка технологија. Неговата сопруга Анета Крстевска, прв човек на Дирекцијата за истражување.
„Ако ја погледнете структурата на акционерите по банките, практично ќе можете да ја сфатите таа спрега, дури има и одреден конфликт на интереси во водењето на политиката меѓу Централната банка, односно раководните структури на Централната банка и денешните раководни структури на некои од банките“, вели Арсовски.
Еве како изгледа и структурата на Советот на НБРМ: Верица Хаџи Василева, поранешна директорка на Агенцијата за приватизација, во време кога беа големите преземања. Надвор од ангажманот во советот, Василева работи и за консалтинг фирма што нуди бизнис и финансиски анализи.
Тихомир Петревски, поранешен директор на „Скопска пивара“. Во Советот на НБРМ влегува во април 2006-та како претставник на стопанството. Два дена пред тоа неговиот татко, долгогодишниот директор на Стопанската комора Душан Петревски, станува член на управниот одбор на „Македонска“.
Во Советот на НБРМ се и Горан Петрески, професор од Економски факултет, од каде добар дел од неговите колеги се членови на управните одбори на банките.
Деканот од Економски, Бобек Шуклев, е член на управниот одбор на „Инвест банка“. Во „Комерцијална банка“ - Таки Фити. Во „ТТК банка“ се професорите Тито Беличанец од Правен факултет и Михаил Петкоски. Владимир Кандикијан во управниот одбор на „Стопанска банка“.
Десна рака на гувернерот е Зоран Јовановски, син на професорот Тихомир Јовановски, кој до неодамна беше член на управниот одбор на „Македонска банка“.
Гувернерот Гошев е со чисти раце :) Блиските банкарски и бизнис релации на луѓето со кои е опкружен не му пречат во раководењето.
„Има разни зли јазици во мојата долга кариера на присуство во јавниот живот во РМ. Сум слушнал разни етикети, разни изјави, разни интриги, меѓутоа тоа може да важи за кој било, за Гошев не може да важи“, изјави Петар Гошев, гувернер на НБРМ.
„Јас сум покажал практично дека сум исклучително независна личност и дека јас не работам ниту за една група, ниту пак, работам за интереси на партија дури и кога сум во партија“, додаде Гошев.
Со новиот закон за банки гувернерската функција станува недопирлива, сметаат дел од банкарите.
„Често пати луѓето знаат да ги злоупотребат своите функции и да нанесуваат големи штети на сите полиња, не само во економијата, туку и во политичкиот живот итн.“, рече Љубисав Иванов, Силекс банка.
Со 19 банки, Македонија важи за земја со голем број банкарски јадра, а високи камати и скапи услуги. Народната банка за сиве овие години не успеа позначајно да влијае врз посериозно окрупнување во банкарскиот бизнис.
факт е дека нема бизнис, инвестиција, клима без добар банкарски систем, а нема добар банкарски систем без добра институција НБРМ и гувернер.
 
Во основа мислам дека НБРМ врши добра работа. Каматните стапки за потрошувачките кредити се превисоки и тоа е еден од проблемите кој директно ги удира граѓаните по џебот. Но сепак веќе со години и покрај константните заплашувања за девалвација на денарот и за инфлација, сепак ние имаме доста стабилна валута и ја држиме инфлацијата на солидно ниво.
 
Но погоре информациите говорат дека каматите се многу високи (и покрај сигналите на економистите, каматите да се релаксираат), инвестициите за фирмите се ризични. Ако пак прашаш за мислење во некоја финансиска институција, ќе добиеш многу повеќе детали за проблемите со кои се соочуваат во оваа сфера. Како пример реченицата
Овде се гледа дека тоа е одмазда, дека тој не го сака акционерот“,
е сосем точна, од практиката на одредени ф.и. Понатаму, задолжителните резерви (кои се споменати и во текстот на Т. Неновски) се големи и неплодни...вон пазарните текови. Има уште многу забелешки кои навидум се покриени со стабилниот денар и ниската инфлација. Затоа и велат дека НБРМ е пасивна во однос на работењето на банките
Пасивна политика, преголеми овластувања и мрежа на роднински релации. Вака дел од банкарската фела ја оценува Народната банка на Македонија и работата на нејзините гувернери.
Наместо активно да ја креира бизнис климата, НБРМ сиве овие години работибез стратегија, вели поранешниот банкар Драгољуб Арсовски.
Имаме една пасивна улога на Народната банка и практично се е оставено со еден одговор, дека тоа не е прашање на Народната банка, туку прашањето на влез на странски брендови или капитал или реструктуирање на банкарскиот сектор е прашање на акционерите.Ама не е така“, изјави Драгче Драгољуб Арсовски, поранешен банкар.
Високите камати - една од одликите на македонското банкарство

Љубезноста на службеничките тешко дека ќе ја олесни постапката за добивање кредит, процедурата е долга и комплицирана. Ова е една од одликите на современото македонско банкарство, втората се високите камати, во просек од 10,7%.
 
НБРМ...или било кој што се разбира од ова.Чекам одговор на овие прашања оти само на лепи бркови и партијата од кај потекнува не му дава гаранција дека работи добро...значи:
Инаку некој позапознаен би можел да потврди или негира оваа информација подолу за НБРМ пошто можеби е застарена -од 2007.

НБРМ без стратегија во работењето





факт е дека нема бизнис, инвестиција, клима без добар банкарски систем, а нема добар банкарски систем без добра институција НБРМ и гувернер.

Гаранција дека работи добро имаш во стабилноста на валутата.Друга гаранција не ти треба.Прашањава не се одговараат од ракав,ќе се потрудам да ги скоцкам за некое време со податоци,баш ми фати око.
Текстов во кој коментираат луѓе кој долго време се плеткаат по државни институции немам желба ни да го прочитам.Човек кој смени толку позиции и на крај заврши во ТТК како менаџер,а при тоа зема пари од управни одбори,работи како вонреден професор во ФТУ Охрид,во кошаркарски сојуз со позиција и збори за врска систем и фамилијарни односи е смешно.Да не го познавав лично во ред,ама вака не му држи кажаново.Дека е одличен експерт по финансиски пазари,да,ама ваков нарачан текст не ми се допаѓа од него.

--- надополнето ---

Но погоре информациите говорат дека каматите се многу високи (и покрај сигналите на економистите, каматите да се релаксираат), инвестициите за фирмите се ризични. Ако пак прашаш за мислење во некоја финансиска институција, ќе добиеш многу повеќе детали за проблемите со кои се соочуваат во оваа сфера. Како пример реченицата е сосем точна, од практиката на одредени ф.и. Понатаму, задолжителните резерви (кои се споменати и во текстот на Т. Неновски) се големи и неплодни...вон пазарните текови. Има уште многу забелешки кои навидум се покриени со стабилниот денар и ниската инфлација. Затоа и велат дека НБРМ е пасивна во однос на работењето на банките
Високите камати - една од одликите на македонското банкарство

Од практика на кој фирми?Блиски на кловнов и кој имаа шанса додека се клатеа во министерска фотеља нешто да сменат?Или тогаш мислеа да стават во џеб повеќе.а денес ќе кукаат пред мтв1 на разгледување извештаи на НБРМ :)
 
Никој не е без дамка во професионалното работење па ни овие лица погоре...па и Гошев. Доколку ги погледнеме одблизу имињата во Советот, ќе видиме име на една г-ѓа кое беше железна тупаница во приватизацијата/трансформацијата минатата деценија-оценета како една од најкриминалните приватизации...но нбрм ми напомена дека говориме за сегашните состојби :)
Сепак добро би било пред да ги воспееме колку се добри нбрм, а лоши владата, да пушти некој информација на овие прашања
Кој ги диктира висините на камати, задолжителни резерви и други услови под кои работат банките?
Дали ризикот се намалува со зголемување на каматите и дали постои информација за ризичните групи кредити?
Дали има информација колку се задолжени граѓаните и фирмите во банките?
И дали има информација дали и колку средства се извлекуваат од самите банки надвор од Македонија?
задолженост на граѓани и фирми, ризични групи кредити, висини на камати...чисто за почеток со некои конкретни податоци и информации :)
Инаку од одредени информации знам дека она што Михајловиќ го има изјавено за акционерите (ако не му се допаѓа...) е така, а и другите информации добар дел им држат...пак од истите извори...од луѓе од банкарскиот сектор :)
Прошлиот пат прашав и за односот помеѓу средствата од камати и други средства од граѓаните (т.н. трошоци) и зошто е тој во однос 1 према 2 до 3, на што е показател, ама прашањето, па и темата некако се подзаборавија.

Колку да се потсетиме
Апсурдите на НБМ(Народна Банка на Македонија)

А каматите не да се високиии :)
Народната банка оценува дека и покрај значителниот пораст на вкупните активности на банките, нивната солвентна позиција е релативно висока, а кредитниот ризик покажал натамошно благо намалување.Во текот на првата половина од 2008 година, банките остварија вкупна добивка од 2,5 милијарди денари, што во споредба со истиот период од 2007 година претставува зголемување за 13,2 проценти. На крајот на првото полугодие од годинава, стапката на повратот на капиталот (РОЕ) и стапката на повратот на активата (РОА) на банките се со износ од 19,1 процент и 2,2 проценти.
Шо знам, теоријата вие економистите ја знаете, но глеам фирми и граѓани задолжени се до гуша...затоа и замолив за податоци за задолженост и анализа на тие податоци од некој од вас економистите.

Додека чекаме на податоци и анализи на истите :) малку постара информација за состојбите од гувернерот во едно интервју од 2006

Конечно, какви се последните оценки од страна на релевантните светски институции како Standard & Poor's за кредитно рангирање, ризикот на пласманите, каматните стапки, односно финансиското работење на Македонија? Дали имате сознанија за нови оценки, со оглед на последните политички превирања и турбуленции?

Досегашните оценки на Standard & Poor's, како и на Moody's, се добри, тие се BB плус, што е само едно ниво пониско од investmant grade. Имајќи ја предвид макроекономската стабилност, прудентната фискална политика, умерениот вкупен и јавен надворешен долг, како и статусот на земја-кандидат за членка во ЕУ, Standard & Poor's во 2006 г. го потврди кредитниот рејтинг на Македонија од BB плус. Fitch пак, го зголеми рејтингот од BB positive outlook на BB plus stable outlook. Наскоро се очекува посета на кредитни агенции кои ќе вршат повторна оценка. Поаѓајќи од позитивните макроекономски остварувања во 2006 г. и позитивните очекувања за 2007 г., реално е да се очекува натамошно подобрување на рејтингот. Ако нема политичко-безбедносни изненадувања, оценките ќе се подобруваат.


Форум плус: Каква е генералната слика на состојбата на монетарната политика во Македонија?

Монетарната политика во континуитет ја остварува основната законска цел - ниска инфлација. Се додека е така, малку што може да и се приговори. Во втората половина на 2004 г. одделни кругови од различни причини - некои од доктринарни, други од вулгарно-редистрибутивни - силно лобираа да извршиме девалвација на денарот, односно да ја зголемиме инфлацијата. Велеа, така ќе сме оствареле повисок економски раст.

Се разбира, добро е што не ги послушавме. Ќе добиевме реактивирање на инфлационата спирала, нов бран на европеизација на економијата, односно бегство од домашната валута со драматично зголемување на валутниот ризик и, во крајна линија, не намалување, туку зголемување на каматните стапки. Цехот ќе го платеа најсиромашните, односно сите што имаат фиксни примања, а позитивниот ефект на трговскиот биланс е неизвесен. Тоа е така затоа што еластичноста на увозната побарувачка е ниска, извозот на стоки и услуги е висококонцентриран и, што е многу важно, тие мерки бараат да бидат придружени со други, чие истовремено реализирање бара висока институционална дисциплина.

Во периодот што следуваше, монетарните агрегати се зголемуваа со двоцифрени стапки. Најшироката парична маса беше 15-25%. Каматната стапка на благајничките записи се намали од 10% во третиот квартал на 2004 г., на 5,5% во втората половина на 2006 г., а на последната аукција на благајничките записи беше и под тоа. Кредитите на приватниот сектор веќе трета година се зголемуваат со 20-30% раст, без посебно влошување на трговскиот раст. Минатата година, за првпат по осамостојувањето на државата, тековната сметка заврши и со мал суфицит. Економскиот раст (мерен преку реалниот БДП) веќе трета година не е помал од 4%, со што, се разбира, уште никој не е задоволен.
 
Никој не е без дамка во професионалното работење па ни овие лица погоре...па и Гошев. Доколку ги погледнеме одблизу имињата во Советот, ќе видиме име на една г-ѓа кое беше железна тупаница во приватизацијата/трансформацијата минатата деценија-оценета како една од најкриминалните приватизации...но нбрм ми напомена дека говориме за сегашните состојби :)
Сепак добро би било пред да ги воспееме колку се добри нбрм, а лоши владата, да пушти некој информација на овие прашања

задолженост на граѓани и фирми, ризични групи кредити, висини на камати...чисто за почеток со некои конкретни податоци и информации :)
Инаку од одредени информации знам дека она што Михајловиќ го има изјавено за акционерите (ако не му се допаѓа...) е така, а и другите информации добар дел им држат...пак од истите извори...од луѓе од банкарскиот сектор :)
Прошлиот пат прашав и за односот помеѓу средствата од камати и други средства од граѓаните (т.н. трошоци) и зошто е тој во однос 1 према 2 до 3, на што е показател, ама прашањето, па и темата некако се подзаборавија.

Колку да се потсетиме
Апсурдите на НБМ(Народна Банка на Македонија)

А каматите не да се високиии :)


Нема безгрешни луѓе на светов,светците од дамна стојат само на икони.Но за некој да збориме лошо,треба барем 1% лошо да има направено во однос на она што ни е секојдневие.За жал или среќа,кај гувернерот тоа е одлика,беше со две влади и со ни една не потклекна од курсот на НБРМ.Лицата во текстот не велам дека не постојат,впрочем непотизмот и партиските вработувања неможат да ја одминат ни НБРМ.Јавна тајна е дека секоја влада настојува да внесе кадри таму,но тие кадри ако не се квалитетни брзо ја фаќаат вратата.Плус нема резон да го довлечкаат својот газ на одлувачки позиции,токму од таа причина.И Гошев и било кој гувернер доаѓа од партија,но она во кое тој опстана е што партијата за време на својот мандат ја заборави пред интересот на државата.
Прашањата ќе ти ги одговорам,сепак треба да се прави анализа,не оди за еден ден и тоа работен :)
Апсурдите на НБРМ,замрзнати пари и пасивна политика заедно со Томета веќе ги одговоривме,барем јас мислам дека не остана ни едно прашање не одговорено.А каматите се високи,пеким така е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom