„Филип Втори“ ќе биде готов до крајот на годината

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.341
img24865995.jpg


Владата очекува јужната трибина на стадионот „Филип Втори“ да биде готова со реновирање до месец август, а градбата на источна и западна трибина да заврши околу Нова година.

Ова го констатираше премиерот Никола Груевски, кој денeска беше во посета на стадионот за да виде како тече неговата изградба.

„Значи во оваа фаза се градат источната и западната трибина, се реновира јужната трибина во целост, се менува кровот, се поправаат соблекувалните тоалети и се друго што е поврзано со едно комплетно и целосно реновирање на јужната трибина. Работите се одвиваат добро, градежната форма го држи она темпо кое беше предвидено, надзорот исто така внимателно ја следи работата, така што очекуваме јужната трибина да биде реновирана до месец август, ,а источната и западната трибина да бидат завршени некаде околу нова година, кога и ќе се пуштат во употреба“ изјави Груевски.

Со изградбата на овој капацитет, националната арена ќе има некаде околу 34.000 седишта и ќе биде место каде, според Груевски, ќе се одржуваат крупни спортски настани, како фудбалски, така и музички.

Изградбата на стадионот ја финансира владата преку Јавното претпријатие за станбен и деловен простор.
 
Ако ги слушам нив до сега требаше да биде направен, десна рака давам ако го направат до крајов на годинава.
 
Ако ги слушам нив до сега требаше да биде направен, десна рака давам ако го направат до крајов на годинава.

Пази што си кажач...немој после да бидеш како Капетан Кук :)
 
Се надевам дека ке биде до нова година,иначе стаидонов ке се наполни само коа ке игра Макдедонија тоа е факт бидејки мак.фубал ни е пропаст:toe:
 
Си стојам зад тоа што го кажав... ма гратис и лева рака давам:)

Akо се запне да се гради,гарант е готов до Н.Г едино со парите малце ако секнат,може да се забави, незнам јужна дали заврши со реконструкција, Запад-Исток брзо ќе бидат готови..
Bavareco ..Немој и ти ко оној гол што сакаше да влага у собрание,не ми текнува кој беше :pos2:
 
И што ако биде готов да не се напуни некад ????
 
Само да не загине уште некој работник!
 
И што ако биде готов да не се напуни некад ????

Заложи нешто од твоите екстремитети како Баварецот, ако имаш му*а... вака нема тежина твоето прашање
 
Заложи нешто од твоите екстремитети како Баварецот, ако имаш му*а... вака нема тежина твоето прашање

Море цел се заложувам :)
Ова е само уште една матна работа на хари,Грујо и компанија. :)
 
Море цел се заложувам :)
Ова е само уште една матна работа на хари,Грујо и компанија. :)
Ок! Заведено во книгата на донатори.
Патем зошто мислиш дека нема да се наполни, не заслужуваме толкав стадион или заради суета? На крајот на краиштата ова е Филип Втори Арена, ако не за спорт ќе направиме гладијаторска битка... барем за тоа има кандидати
 
Нека ја направат веке, да можеме и ние да се пофалиме со барем еден фудбалски храм иако немаме некои позначајни резултати на тоа поле.
Но кој знае што носи времето....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom