Да се запише факултет или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Во последно време трендот на запишување на средношколците на факултет се мери во 90 проценти, и мое лично мислење е дека се создава лажна вредност за факултетското образование. Гледам околу себе академски граѓани кои што факултетот и факултетската диплома не им вреди ништо, нема вработување за тоа што го имаат завршено и така ќе биде и за наредните генерации. Да не се залажуваме во наредните неколку години пред нас нема да тече мед и млеко, светска криза има во светот а кај нас покрај економска има и опшествена криза.
При такви услови нормално е да се запраша човек дали вреди да го троши своето време енергија и парични средства на висока школа која што после заршување има големи шанси да му ја множат со нула.
 
При такви услови нормално е да се запраша човек дали вреди да го троши своето време енергија и парични средства на висока школа која што после заршување има големи шанси да му ја множат со нула.

За ова си во право.Дефинитивно да отидев на некој си занает и да вложев толку години во тоа поисплатливо ке ми беше а овака со правен факултет и без книшка (врски) ке чекам ред позади илјадниците правници кој чекаат како мене.
 
Не е само правниот има и полошо пример педагошки или царина.
 
Се што не е технички факултет сега е од лошо на полошо на што укажуваат и рекламите на МТВ1 идните генерации да се запишат на техничките факултети.А интересно е сепак што пак продолжува тој тренд на запишување на општествените науки (правен,филозофски,филолошки,економски итн итн) Јеби га некој ке (ретко) просперира а некој ке се дичи завршил дипломиран правник или економист а ке работи како дистрибутер за 10 000 на некој си газда со одвај средно или како една моја другарка со филолошки работи во пекара или еден другар на татко ми магистер со два факултета а работи такси.Жално али тоа е.
 
Вака мое мислење:

Едно е граганин со факултетско образование друго е со средно...Мислите ли дека останатите ке ве гледат со исти очи како и досега ако немате факултетско образование?не бе се лажете.Оние кои се со Факултетско образование ке ве гледаат од високо.Ке ви кажам една случка која ми ја имаат кажувано.
Значи две сестри отишле на свадба едната имала завршено факултет а другата средно и кога ги прашале кој како напредува во својот живот тие се изјасниле...што се случило потоа?таа со средно образование ја одбегнувале односно не и обракале внимание а онаа со факултетот постојано биле покрај нејзе...значи гледате,има разлика...сигурно ке се осетиш незгодно во тој случај кога ке те одбегнуваат(не мора да е секогаш така),
Исто така ке кажам и добар пример кој ни го кажа професорот по македонски јазик на нас учениците и тоа веке се случува секојдневно.
Знаеме дека некогаш бубалиците во класот се предмет на подсмев од стилот види ја уште малку тегли ке почне да носи на очите од толку учење.
По десет години...тебе ти треба некоја работа да ти се заврши и отидеш кај онаа која сте ја задевале цело време а она шпицната,со висок факултет и редици чекаат пред неа.Ти си мислиш ајде ке поминам преку ред ке ме пушти прв пошто и бев школски...и што се случува?првиот ден тропаш-таа е на состанок(демек)вториот ден има пауза,третиот ден не е овде и се така додека не ти скисне.И си рекол човекот што ли сум правел јас сето ова време?зошто не сум отишол на факултет а не да се молам на некоја лигла да ми заврши работа која ке ја чини само пет е*ани минути:tapp:
Сепак и никој не ти гарантира дали ке имаш работа на саканото место доколку и завршиш факултет.Денеска е се со врски.И по десет години чекаат за да најдат работа на саканото место а до тоа време шиеш на машината за 3000 денари...без разлика дали имаш педагошки или филолошки или машински бла бла бла...ко што кажа членот над мене има два факултета а вози такси другарот на татко му...
Без врски ништо:toe:
A пак ако си партиски определен?е па тогаш уште потешко.
 
Врски само во државно ^
За некоја година ќе се бара способности, на газдата му треба способен човек за таа работа, факултет апсолутно да, но да си ја знае работата.
 
Вака мое мислење:

Едно е граганин со факултетско образование друго е со средно...Мислите ли дека останатите ке ве гледат со исти очи како и досега ако немате факултетско образование?не бе се лажете.Оние кои се со Факултетско образование ке ве гледаат од високо.

Умреа тие времиња за кои збориш ти.Сега никој не те гледа што и кој си.Те гледа колку заработуваш ако воопшто работиш некаде.И не мора да значи дека тој што има факултет завршено дека е нешто попаметен или поинтелегентен од тој што е со средно.Факултетот е прашање на избор за некој луѓе.Имам другари кој после средно се намерачија на бизнис на трговија и во многу други области на кој им фаќаше кликерот дека ке ги бива и сега за нив работат сметководители правници и што ти не.Он не ги вработил тие луѓе дека се попаметни од него него не сака да се замара со триста глупости а му се може да ги плаќа и зошто да не го прави тоа.Веруј ми доста паметни начитани се тие дечки и плус доста богати.И немој да мислиш дека повеќе мене ме ценат него некој од нив само ради тоа што имам факултет...
 
Вака мое мислење:

Едно е граганин со факултетско образование друго е со средно...Мислите ли дека останатите ке ве гледат со исти очи како и досега ако немате факултетско образование?не бе се лажете.Оние кои се со Факултетско образование ке ве гледаат од високо.Ке ви кажам една случка која ми ја имаат кажувано.
Значи две сестри отишле на свадба едната имала завршено факултет а другата средно и кога ги прашале кој како напредува во својот живот тие се изјасниле...што се случило потоа?таа со средно образование ја одбегнувале односно не и обракале внимание а онаа со факултетот постојано биле покрај нејзе...значи гледате,има разлика...сигурно ке се осетиш незгодно во тој случај кога ке те одбегнуваат(не мора да е секогаш така),
Таа со средно ако има поголеми гради повеќе почит ќе имам кон нејзе отколку таа со помалите гради и со факултет :icon_lol:. Се шегувам само малку :icon_lol:. Нема врска тоа таму професорите само дробат за да си го имаат отворен дуќанот затоа што ако не запишуваат луѓето факултет ќе останат без работа.

Знаеме дека некогаш бубалиците во класот се предмет на подсмев од стилот види ја уште малку тегли ке почне да носи на очите од толку учење.
По десет години...тебе ти треба некоја работа да ти се заврши и отидеш кај онаа која сте ја задевале цело време а она шпицната,со висок факултет и редици чекаат пред неа.Ти си мислиш ајде ке поминам преку ред ке ме пушти прв пошто и бев школски...и што се случува?првиот ден тропаш-таа е на состанок(демек)вториот ден има пауза,третиот ден не е овде и се така додека не ти скисне.И си рекол човекот што ли сум правел јас сето ова време?зошто не сум отишол на факултет а не да се молам на некоја лигла да ми заврши работа која ке ја чини само пет е*ани минути:tapp:
И таа таму бубалицата ќе биде без партиска книшка :nesum:.
А за болдираното помина времето кога верував во бајки и дедо ми кога ми раскажуваше приказни.
 
CV-то е она што се гледа во Европа и Америка а за некоја година ќе почне и кај нас....способностите на кандидатот,во ова време лесно е да се дојде до диплома зависи од кој аспект се гледа дали ќе се плати за неа или ќе се остави младоста учејќи.
 
Мислам дека најдобро е да се студира на некоја од техничките науки и да се учи за знаење а не за оцени или само колку да се помине. Според мене, инженерските науки се по перспективни од опшествените.
 
Се што не е технички факултет сега е од лошо на полошо на што укажуваат и рекламите на МТВ1 идните генерации да се запишат на техничките факултети.
А со техничките факултети работните места се неограничени?
Интересни се тоа рекламите ама не можат сите технички факултети да запишат, не е балон да се надуе.
Јас мислам дека треба реално искрено да се излезе и да се каже дека со филозовски, филолошки, педагошки, економски и правен факултет нема иднина и џабе таму ќе се студира и тоа е тоа.
 
У право се на рекламите на МТВ1... Економисти и правници со лопата да ги ринеш во државава... Додека оние од техничките факултети се помалку...
 
Според мене денеска вредноста на факултетската диплома едино ја гледам само како можност да упишеш постдипломски во некоја од западните земји по што нормално би останал/а таму, и тоа не го може секој, затоа што и не е баш ефтино да магистрираш на некој западен колеџ или универзитет. А за тука диплома веќе не вреди ништо, и тоа не само за општествените науки, туку и за технички науки. Сведок сум каде што двајца мои познаници со Електро и со Стоматологија не можеа да најдат работа па се вработија во McDonald's и сега работат таму разноразни работи како на пример на каса, па чистат, па растовараат вреќи од камион со прехрамбени артикли, мијат садови и работат во кујна и тоа со многу бош смени, еден ден се од 8 до 5, друг ден се од 5 до 3 навечер, и сето тоа за само 10.000 денари. Позитивно е што барем се пријавени и им тече стаж.
 
Дефинитивно опцијата е - да се запише. И да не остане на запишување, туку и да се заврши.

Причините се следни:

- Во денешно време, секој дудук не само што завршува факултет туку и продолжува и понатаму и - станува магистар. Факултетот веќе станува ко да имаш средно образование. Ако останеш само на средно е ко пред 10 години да си бил со основно.
- Колку и да си паметен и вреден и колку и да те бива, по систематизација на работни места според образование - без факултет секогаш ќе останеш ограничен во напредување. Истото важи и при запослување.
- Со факултетска диплома нема да бидеш попаметен. Но, факт е дека факултетот може да ти даде знаење.
- Факултетската диплома не ти е никаква гаранција за вработување или успех во животот, но значително ти го зголемува шансите.
- Дури и да размислуваш да започнеш свој бизнис и да си претприемач во душа кој си има зацртано дека во животот нема да работи за друг - дипломчето никогаш нема да ти биде зијан, само плус.
 
Систематизација :icon_lol:, надвор од Скопје нема систем за создавање на работни места а пак не систематизација, се знае изборот нема избор.
Да си претприемач во душа парите не би ги потрошил на економски факултет туку на тоа што сакаш да го работиш, економскиот факултет нема да те научи да си претприемач, имам јас блиски роднини со тој факултет така да знам што е што.
Е сега при невработеност од 30 проценти колкав ќе биде процентот на невработеност ако се запишуваа како порано 40 проценти на факултет, наместо како денес односно над 90 проценти?
Ете тоа е целата филозофија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom