Скопјанки - спремајте бикини!

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонец
  • Време на започнување Време на започнување

Плажа на Вардар?

  • Вкупно гласачи
    186
Фонтаниве се ептен смешни, посебно кога ќе видиш дека ги местат на Вардар... Не знам, на Сена има фонтани?
Прво требаше да се превземе акција за да се исчисти и среди коритото, да се извади цела бела техника од него, пластика и слично, да се прочисти водата и после фонтана да се стави. Вака мизерно изгледа.

За ова морам да се согласам.
 
Ќе се вработат 2 лица кои ќе ја контролираат работата на фонтаните, при најмал ветер ќе ги гасат фонтаните, ова ќе трае се додека Вардар не се направи питок.
Ај после кажете нема инвестиции и вработувања у Македонија. Да не сум ве чул :)

Што се тиче ветер, стално дува поред река. Чкрапајќи ќе го расипати копчето за една недела.

Коце Трајановски има намера Вардар да го направи питок за максимум 5,6 години (голема инвестиција е, вредна неколку стотици милиони евра)
А таман најдоа под Бабуна вода, ќе мора да пијам од Вардар...е*ати среќата.

Оно уште од тетовско и гостиварско се загадени, камоли скопскиот дел.
 
Смешки... Ни фукаат казна од 50 евра за плукање, за која изговорот беше дека „од твојата плунка може да се зарази некое детенце“, а сега ќе не прскаат со гомната, мочките, повраќаниците, мрсулите (ах, да - и плунките) што се акумулираат од цело Скопје.

Али сликава е епска. Со полна гардероба на плажа, сончање во патики, панталони и блузи :icon_lol:
875DAE88CE46A744853E555C9CB86675.jpg
 
birkini.gif

Oд август може ќе почне да се влага во Вардар, ама со ваква опрема xD

--- надополнето ---

Aj нека се изградат,па ќе праиме муабет,зш сега е банален. И дали тие што ќе ги градат фонтаниве-итаљанска фирма,незнаат физика.. ко они до сега не граделе вакви фонтани,па појма немаат....

А на Дневник знаеш колку му верувам.... неможам да објаснам колку

Тие може граделе ама градат како ќе им кажеш. Дади им пари само.

Па и јас на нашиве колку им верувам па.. ветуваа едно градат трето. И да се надоврзам на Ацид, од платените казни за плукање и сл. сега се гради ова, најголем парадокс xD
 
Уште еден од проектите, да не отвораме милион теми:

Фонтаните на Вардар ќе прскаат бактерии
B87E825C4F59FB4EB32812BC0D23803E.jpg

Фекално-контаминираниот Вардар содржи ешерихија коли, стептококус фекалис и други бактерии опасни за здравјето на луѓето
Фекални бактерии и стрептококи, исклучително опасни за здравјето на луѓето, ќе летаат од водените млазови на двете фонтани што општина Центар веќе ги гради во коритото на реката Вардар. Фонтаните, кои ќе бидат поставени лево и десно од Камениот мост, ќе исфрлаат водени млазови високи до 30 метри, што значи дека минувачите на мостот постојано ќе бидат заплискувани од водени капки и прав, која под силни млазови ќе се исфрла директно од реката со фекална загаденост од четврти степен.

Фонтаните се градат и покрај одлуката на Уставниот суд, од пред една недела, да се стопираат дел од градбите во ДУП „Мал ринг“. Веќе се монтирани контејнерите за работниците, а транспортирани се и потребните машини.

Од Општината велат дека фонтаната ќе користи комбинирана вода од реката Вардар и од подземни води. Според микробиолозите, капките вода од Вардар, кој е фекално контаминиран, со сигурност ќе ги содржат ешерихија коли, стептококус фекалис и други бактерии опасни за здравјето на луѓето. Од Институтот за микробиологија велат дека луѓето што ќе дојдат во допир со ваква вода, во себе ќе внесат бактерии што предизвикуваат опасни болести, кои понекогаш, ако не се третираат, завршуваат и фатално.

- Реката Вардар е фекално контаминирана. Постарите лица и тие со слаб имунитет може да бидат заразени при минувањето по Камениот мост - потврдуваат и од лабораторијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Според најавите на општина Центар, веќе е почната изградбата на фонтаните, а се градат и машинските хали за инсталација на пумпите што ќе ја исфрлаат водата. Тие ќе имаат филтер, но тој ќе биде само за габаритни работи, како шишиња, гранки и слично, но секако ќе нема хемиска лабораторија што ќе ја прочистува водата.

- Ако временските услови се поволни, градежните работи ќе бидат завршени во рок од една година. Материјалот од кој ќе бидат изработени фонтаните е армирано-бетонски постамент, на кој ќе се монтираат прскалки од пониклувани водоводни цевки и прскалки видливо поставени во коритото на реката Вардар.

Водените ефекти ќе ги видиме откако ќе биде изведена фонтаната. Идејното решение на фонтаната е ИН-ПУМА, а фонтаните ќе ги гради италијанската фирма „Ла моне мореда“ - велат во општината Центар.

Фонтаните ќе имаат кружна форма, на средината ќе има цевка која ќе испушта млаз висок 30 метри, а од страната ќе има осум помали цевки што ќе испуштаат млазови, високи 7 метри. Цевките воопшто нема да се гледаат бидејќи ќе се постават на дното на реката и ќе бидат практично во вода. Надвор од реката ќе се гледаат само млазовите што ќе ги испуштаат. Фонтаните ќе бидат осветлени со специјални подводни рефлектори.

Водената површина на коритото од Вардар е широка околу 60 метри. Според проектот, фонтаните ќе се поставуваат на средина, а максималниот млаз што ќе биде исфрлан од фонтаните ќе биде висок 30 метри.
Марија Тасев

Извор: Дневник

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=BADEBE885852E747AB8F8EDCA2ECCA33
shit_fountain.jpg

:icon_lol:
 
Ако те допре водата, готово одма у болница или со 100% алхохол само, радијација ништо не е у спроедба со Вардар :pos: немој да сте се приближиле до водата!!! а за фонтаните, бегајте на 100 метра, ни на тревата не газете, тоа све е бетер од чернобил!
Ej не реков дека болница ова она.... ти би сакал да врвиш по камен мост и однедадеж да дувни ветар и да те направи жива вода од глава до пети????

ОК ај да видиме.. би било стварно дебилно да прска по цел кеј, а за убаво ќе биде убаво
Мислење на место... изгледот ќе биде феноменален, но прашање е како ќе се справат со прскањето. Во Битола кога ќе има ветар, ги исклучуваат фонтаните...
 
Мислење на место... изгледот ќе биде феноменален, но прашање е како ќе се справат со прскањето. Во Битола кога ќе има ветар, ги исклучуваат фонтаните...
По Вардар постојано дува ветер. Така да, ќе треба да ни ги уклучуваат воопшто ако прават како во Битола.
 
По Вардар постојано дува ветер. Така да, ќе треба да ни ги уклучуваат воопшто ако прават како во Битола.

Toa ти е како да споредуваш млаз вода од прскалка и од противпожарно црево млаз :) Не за џабе е толкава механизација донесена,дур од Сплит..:)
 
Toa ти е како да споредуваш млаз вода од прскалка и од противпожарно црево млаз :) Не за џабе е толкава механизација донесена,дур од Сплит..:)
а, дали некој помисли дека може ќе донесат резервоар, кој ќе користи друга вода бе.

*да се разбереме, не бранам никој тука, само размислување
 
Друже у право си до негде, идејата како идеја не ми пречи нити ми се допаѓа, ама ова со болестиве и инфекцииве извадено од пропорции превише. Па мајку му стара кога ќе влеземе у некое јавно веце (знаеме какви се) има 100 пати поголема шанса да закачиш нешто него од некоја си фонтана! Да не збориме за интернет кафињата.... поточно тастетурите!

Абе ако изгледа убаво и ако не прска наоколу мене не би ми пречело, напротив. Ама што знам, Вардар е презагаден, а станува збор за млаз од 30 метри ко што читам погоре. Глупа идеја е ова, преглупа, исто ко со плажата. Мене ме нервира што некои слепо го бранат проектов без да погледнат на негативните и позитивните страни, што и да е, битно да се прави. Затоа и реков партиски војничиња и плакетолепачи, додека некој пере пари и се богати преку овие проекти, тие упорно прават будали од себе. Типичен пример ти е плажата, не за џабе антикорупциска покрена постапка. Али тоа е тоа. Глава во ѕид, ок нека ја удираат се додека не ги боли :)
 
Абе од ко ја изградија плажава,сонце не видовме у пм. :(
 
а, дали некој помисли дека може ќе донесат резервоар, кој ќе користи друга вода бе.

*да се разбереме, не бранам никој тука, само размислување
и ќе направат базен во Вардар,за водата од резервоарот да не се меша со вардарската....
аха,да...
 
Абе ако изгледа убаво и ако не прска наоколу мене не би ми пречело, напротив. Ама што знам, Вардар е презагаден, а станува збор за млаз од 30 метри ко што читам погоре. Глупа идеја е ова, преглупа, исто ко со плажата. Мене ме нервира што некои слепо го бранат проектов без да погледнат на негативните и позитивните страни, што и да е, битно да се прави. Затоа и реков партиски војничиња и плакетолепачи, додека некој пере пари и се богати преку овие проекти, тие упорно прават будали од себе. Типичен пример ти е плажата, не за џабе антикорупциска покрена постапка. Али тоа е тоа. Глава во ѕид, ок нека ја удираат се додека не ги боли :)

Ти уште имаш трауми од Б.Ц и компанија

--- надополнето ---

и ќе направат базен во Вардар,за водата од резервоарот да не се меша со вардарската....
аха,да...

А си помислил ли некогаш каква е таа вода во фонтаните....таа вода КРУЖИ не се менува постојано со нова, затоа и е ФОНТАНА
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom