Судир на Албанците и Србите во Косовска Митровица

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.169
Поени од реакции
1.333
Судир на Албанците и Србите во Косовска Митровица

prazno.gif
prazno.gif
30.05.2010 18:55
kosovo-neredi-30-05-1.jpg
Косовска Митровица
Полицијата со солзавец ги делеше илјадниците Албанци и Срби, кои денеска протестираа во етнички поделениот град Косовска Митровица. Меѓуетничките судири се случија на мостот што го разделува северниот од јужниот дел на градот, а силите на КФОР и Еулекс, кои фрлија солзавец и донесоа тенкови и други воени возила, спречија настанување на поголеми инциденти.
Од српска страна полесно се повредени две лица.
На мостот што ја дели Косовска Митровица се слушаа паролите „Не го даваме Косово“ и „Косово е Србија“ од српска страна. Aлбанските протестанти пак, со транспаренти и албански знамиња извикувале: „Одиме во одбрана на суверенитетот на Косово“.
„Денес околу 12 часот во градот Митровица се одржа најавен протест, организиран од неколку здруженија излезени од војната. Протестот во кој учествуваа околу 4.000 лица почна мирно на двата дела од градот, а подоцна група луѓе се потрудија да го нарушат мирот при што интервенираше полицијата со мала доза на солзавец и воспостави ред, ни помогна и КФОР.
kosovo-neredi-30-05-3.jpg

-Во 14 часот состојбата се нормализираше“, изјави Брахим Садрија, портпарол на косовска полиција.
Етничките Албанци протестираа против одржувањето на вонредните локални избори во северниот дел на градот со мнозинско српско население.
Зад протестите стоеја ветераните на УЧК, Движењето за обединување на Косово и активистите од „Самоопределување“.
„Од наша страна, не беше употребен солзавец. Како што може да видите, ние само го блокиравме мостот, за да се осигураме дека никој нема да го може да премине на другата страна“, вели Удо Карл-Хајнц Молер, шеф на Еулекс во Косово.
Министерот за Косово и Метохија Горан Богдановиќ за српските медиуми изјави дека денешните инциденти ги режирала таканаречената Влада на Косово со цел да ги спречи изборите и да предизвика крвопролевање.
kosovo-neredi-30-05.jpg

На овој начин, Приштина покажа што ќе им донесе на Србите стратегијата за северно Косово смислена од приштинските власти и од високиот претставник на ЕУ, Питер Фејт“, изјави Богдановиќ.
Фејт веќе најави дека Европската унија нема да ги признае резултатите од локалните избори што Србија ги распиша во северно Косово.
По интервенциите на КФОР, ситуацијата во Косовска Митровица е смирена, но се уште напната. Аналитичарите што ги консултираше А1 се децидни, дека на северот од новиот македонски сосед се акумилира негативна меѓуетничка енергија, која во иднина може да предизвика посериозни последици.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123699

--- надополнето ---

Очигледно треба да се подели Косово..
 
Европската унија нема да ги признае резултатите од изборите. Алооо Тадиќуу одјеби ги бре брате за секогаш.
 
Судир на Албанците и Србите во Косовска Митровица
А што се очекува??? Оро заедно да играат? Е тогаш навистина ќе бидам изненаден. Уште долго Косово нема да биде стабилна и суверена држава.
 
Интересен ке биде момента во когато чуждите воjски излезнат от Косово... тогава се чудам дали косовската армиja и полициja ке може да спречи такви случаи.
 
Се сложувам со оон. Поделбата е најреално и можеби најбезболно решение за Косово. Е сега како и колку ќе се подели...
 
Интересен ке биде момента во когато чуждите воjски излезнат от Косово... тогава се чудам дали косовската армиja и полициja ке може да спречи такви случаи.
Тогаш на сцена стапува шумарот ( то ес кеј-фор ) и сите мирни ќе бидат. Али сепак вака е добро од време на време ради кондиција.
 
Интересен ке биде момента во когато чуждите воjски излезнат от Косово... тогава се чудам дали косовската армиja и полициja ке може да спречи такви случаи.
е тогаш ќе биде интересно:vozbud:
 
Се сложувам со оон. Поделбата е најреално и можеби најбезболно решение за Косово. Е сега како и колку ќе се подели...
Тоа нема да се случи, еднаш кажав, Косово е плод на меѓународната заедница и какво такво мора да опстои па макар било црна дамка во ЕУ, кога веќе ќе нема интерес и пари тогаш ќе видиме како ќе се снаоѓа до тогаш ако се паметни Србите и Србија можат многу да ќарат.
 
Судир помеѓу Албанците и Србите... Мислиш судир помеѓу КОСОВАРИТЕ и Србите ? Бидејќи државјаните на Косово се косовари , не албанци. Ако не сум во право нека ме поправи некој .Инаку не ме интересира ова додека ние не сме умешани .
 
Тоа нема да се случи, еднаш кажав, Косово е плод на меѓународната заедница и какво такво мора да опстои па макар било црна дамка во ЕУ, кога веќе ќе нема интерес и пари тогаш ќе видиме како ќе се снаоѓа до тогаш ако се паметни Србите и Србија можат многу да ќарат.

И Босна и Херцеговина е плод на Меѓународната заедница, па гледаме во кој ќор-сокак е земјата..
 
досега во историјата ниедна империја(каде што само една етничка група донесувало одлуки) не опстоило (македонска,римска империја,кинеската,монголската,отоманската,француската,англиската,германската,советската), не гледам поради која причина некоја сегашна организација(составена од неколку десетици нации) ќе опстои.....(со исклучок на САД кои остануваат доминантна "Империја" во денешниов свет)
 
Се сложувам со оон. Поделбата е најреално и можеби најбезболно решение за Косово. Е сега како и колку ќе се подели...

Па зависи за кого е најбезболно, особено кога тоа ќе ерозира други поделби и окуражени од одредени територијални придобивки апетите нема да сопрат со поделба на Косово.

Како и да... се' не' води кон уште многу конфликти или козметички војни и нивни рефлексии.

Ти сметаш дека вовеки веков во Косово ке има чужди воjски?

Да, зарем ти сметаш дека бомбардирањето на Србија и распадот на Југославија е правен од досада и дека целта била благородна?

Посочи барем еден фронт од каде овие “чужди војски“ си заминале?
 
Да, зарем ти сметаш дека бомбардирањето на Србија и распадот на Југославија е правен од досада и дека целта била благородна?
Посочи барем еден фронт од каде овие “чужди војски“ си заминале?
Не,не верувам дека бомбардирането и разпада са били благородни,но и не вервам дека има нешто вечно. Може да има чужди воjски на Косово 20-50 години,па може и 100,но нема да са там вовеки.Ке доjде ден,ке излезнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom