Реди ги колку сакаш понатака и јас можам да редам и нема некаде да стигнеме само ќе покажуваме чие его е поголемо
.
Ниту си бил ниту си видел дали знаеле што е добро а што лошо, не си ги чул лично и едино ти се достапни списи кои наводно се од нив, а дали е тоа се така како што навистина мислеле е знак прашалник да не почнам и да прашувам дали и сите постоеле во облик како ни се сервира
.
Дури и да е се како велиш пак се тоа нивни ставови за добро и лошо од нивен аспект кои не мора да биде универзален за сите останати раси а посебно за тие кои не се луѓе (животните на пример). Од човечки аспект точно е дека голем дел од учењата на горе споменатите се ок но пак ќе речам гледано од нивен аспект кои не секогаш е ист со ставовите на сите останати, затоа и имаме толку различни духовни учења, инаку ќе имавме само едно и сите друго ќе исчезнеа. Мухамед случајно го испушти или е намерно
?
Да не спомнам дека за некоја нечовечка раса нашето добро е нивна пропаст како и обратно.
Освен тоа каде се животните во нашите мерила за добро и лошо, или кога ги јадеме им правиме добро
?
Дали за еден криминалец (од твој аспект) доброто е исто со твоето добро или ќе имате сосема спротивно гледиште? За него он си прави сосема добро и тешко да го убедуваш во спротивно
.
Претпоставувам дека ти си буден а сите други спијат, така ли
?
Значи според тебе една личност растена во стаклено ѕвоно ќе нема ниедна желба и само ќе блее во таван пошто нели ќе ја нема средината да и наметне желби
. Најс
.
И за доминацијата да ми објасниш пошто нели сите пателе од комплекс на инфериорност што значи според тебе цел машки род (едно 95%) пати од комплекс на инфериорност
.
Инаку немаш ваљда илузии дека ти мене или јас тебе ќе се убедиме да смениме мислење, на крај пак ќе биде (и веќе е
) типична дискусија на билдање его кој е „попаметен“ и има „поголемо“ знаење, што е само по себе смешно ама за жал изгледа неизбежно
.