Дали попушти најголемиот аргумент на религиите?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Наскоро ќе се пронајде и живот надвор од земјата, па ни тоа нема да поремети многу.
Наскоро? Од каде оваа информација? Да не го знаеш и точниот датум кога ќе откријат живот надвор од Земјата? :)

Сега за клетката.... клетката е жива само благодарение на таа синтетичка ДНК...
Клетата е пореметена/мутирана благодарение на тие неколку синтетички геноми. Таа си била совршено жива пред тоа и не гледам никаква благодарност од нејзина страна заради одредените манупулации со неа :)

Со самото тоа што ќе се создаде наскоро живот кој е вештачки индуциран..... тој живот е вештачки, тука нема многу порстор за дискусија.
Зошто се фалите со иднината? Почекајте прво генетичарите да создадат живот, па потоа отварајте го шампањското и држете им предавања на теистите, а се до тогаш ќе постои само еден Животодавец.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.249
Поени од реакции
4.852
Првин ти ќе јадеш од нив, па кога ќе се префли клеточното распаѓање врз твојот организам тогаш ќе го видиме бенефитот од таа храна.
А бе сакал неќел, кога ќе го направат тоа и во Европа сите ќе јадат месо од клонирани животни.

--- надополнето ---

Зошто се фалите со иднината? Почекајте прво генетичарите да создадат живот, па потоа отварајте го шампањското и држете им предавања на теистите, а се до тогаш ќе постои само еден Животодавец.
А тоа е природата. Или самите ние, по природен пат. :)
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1
Нема врска од што го создадоа, битно создадоа живот кој најнормално може да функционира без никаков дух во него :toe:
Значи никој од нас нема душа, по нашата смрт никоја душа никаде не оди, туку само ќе згаснеме :toe:
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Наскоро? Од каде оваа информација? Да не го знаеш и точниот датум кога ќе откријат живот надвор од Земјата? :) Клетата е пореметена/мутирана благодарение на тие неколку синтетички геноми. Таа си била совршено жива пред тоа и не гледам никаква благодарност од нејзина страна заради одредените манупулации со неа :) Зошто се фалите со иднината? Почекајте прво генетичарите да создадат живот, па потоа отварајте го шампањското и држете им предавања на теистите, а се до тогаш ќе постои само еден Животодавец.
Погрешно си ме разбрал...не сакав да бидам саркастичен, туку реален. Религиите имаат направено многу отстапки досега пред науката.... па никогаш не биле посилни и повлијателни од денес.... Не треба да се биде крут во толкувањата, тоа е проблемот. Духовната сила е висока и моќна, неприродно се чувствува кога ќе и се стави јарем... Да го правевме разговорот пред неколку стотина години, ќе ми се смееше ли како погоре ако ти кажев дека Земјата е тркалезна и се врти околу Сонцето? Воопшто не е неприродно ни атеистичко постоењето на живот надвор од Земјата, само гледиштето и толкувањето ни е различно...

Сега пак за келтката....Клетката функционира благодарение на вештачки синтетизирана “копија од природна ДНК“, и ќе се повторам пак, бидејќи сметам дека не си ме прочитал минатиот пат: овој научен потег не е аргумент против религиите....ниту е ниту смее така да се толкува.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
1. Немаше да ти се смеам ако ми кажеше дека Земјата е тркалезна и дека се врти околу Сонцето. Библијата никаде не вели дека Земјата не е тркалезна и дека таа стои, а Сонцето се врти околу неа. Напротив, има еден библиски стих (напишан 10 век пред наша ера) кој кажува дека Земјата лебди (т.е. дека е обесена на ништо), а има индирекни стихови кои говорат за нејзината тркалезност (сферичност).
2. Науката има направена отстапки пред самата себе (бивајќи побиена од поновите теории), и веројатно некои религии имаат направено отстапки пред науката, но библиското христијанство нема направено отстапки пред науката (што и да се подразбира под тој термин).
3. Погрешно си информирам околу клетката. Таа не била мртва која во неа ја импутирале модифицираната ДНК молекула. Таа си била жива и пред тоа, само врз неа е направен генетски инжинериг и нејзината ДНК е променета. Оттаму, согласно нивната дефиниција за живот, таа сега се рачуна како "нов живот" (бидејќи има нова ДНК), но во суштина се работи за модифициран живот, кој понатаму си се реплицира во својата модифицирана форма.
 
Претпоставувам знаеш кој е Никола Коперник, и знаеш дека беше прогласен за еретик од Римкатоличката црква заради теоријата "De Revolutionibus Orbium Coelestium", во која да те потсетам постулира дека Земјата кружи околу Сонцето.... вчера со највисоки почести беше погребан повторно при што беше благословен од највисоките верски чиновници во Полска.... Прeтпоставувам дека и во тоа време кардиналете биле запознаени со едниот библиски стих од 10 век.... http://www.chinapost.com.tw/international/europe/2010/05/23/257719/Copernicus-buried.htm

А за клетката... да секако се согласувам најверојатно не сум се изразил добро... нормално дека била жива...пишав функционира мислејќи во сегашниот момент по вметнувањето на ДНК.....значи ќе продолжи да биде жива, и како што пишуваш ќе се реплицира самата во модифицираната форма... Ова е исклучително голем чекор од технички аспект, иако во суштина е само мал чекор кон целосна контрола над ДНК...
 
Моето_е_поголемо

муа не ме лазе
Член од
22 јули 2005
Мислења
475
Поени од реакции
21
Време беше да излезат со некаков резултат макар и измислица, тие пари што ги одвојуваат за нивното таканаречено играње Бог мора некако да се оправдаат.
Исто како што на Марс има вода, еве го доказот

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Претпоставувам знаеш кој е Никола Коперник, и знаеш дека беше прогласен за еретик од Римкатоличката црква заради теоријата "De Revolutionibus Orbium Coelestium", во која да те потсетам постулира дека Земјата кружи околу Сонцето.... вчера со највисоки почести беше погребан повторно при што беше благословен од највисоките верски чиновници во Полска.... Прeтпоставувам дека и во тоа време кардиналете биле запознаени со едниот библиски стих од 10 век.... http://www.chinapost.com.tw/international/europe/2010/05/23/257719/Copernicus-buried.htm
Римокатоличката црква нема допирни точки со Христовата Црква, а најмалку пак се води по Библијата.

"Тој го оптегнал Северот над празнината, ја обесил Земјата на ништо." (Јов 26:7, Библијата)
"Тој престолува над земниот круг, жителите се како скакулците пред Него. Како завеса ги простре небесата, ги оптегна како шатор за живеење." (Исаија 40:22, Библијата)

А за клетката... да секако се согласувам најверојатно не сум се изразил добро... нормално дека била жива...пишав функционира мислејќи во сегашниот момент по вметнувањето на ДНК.....значи ќе продолжи да биде жива, и како што пишуваш ќе се реплицира самата во модифицираната форма... Ова е исклучително голем чекор од технички аспект, иако во суштина е само мал чекор кон целосна контрола над ДНК...
Ок, мило ми е што се сложивме околу ова.
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Римокатоличката црква нема допирни точки со Христовата Црква, а најмалку пак се води по Библијата.
Со ова нема да се сложат над милијарда луѓе на земјата но не доведува и останатите до заблуда, дали овде дискутираме за мислењето на релевентни религии со чиј став повеќето од луѓето се запознаени, или за произволно толкување на религиозни текстови на една индивидуа.... Твоето размислување погоре го апострофира она што јас најпрово го изнесов, мојот прв коментар на темата...премногу крутост има во толкувањето на некои работи. Твоите стихови кои ги цитираше се многу интересни за размислување и толкување но ја добиваат смислата од денешен аспект или поглед со сето кумулирано знаење кои го имаме благодарение на “еретиците“ како Коперник....

За клетката...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom