под мултиклеточна организација немора да зборуваме баш за човечки орган или систем, ете пример, клонирањето/асексуалната пропагација или саморепродукцијата е веќе во пракса во хортикултурата со векови уназад, многу растенија преставуваат клонирани колонии.
Макар што ова сега не преставува клонирање, синтетизираната днк не е генетски индентична со некоја споредбено друга, нема генетски идентичен јадрен трансфер, само синтетски.
Не навлегувам во начини на клонирање затоа што не е мое поле. Кај растенијата да, одамна постои ваков начин на размножување, но едните се растенија другите животни (дури и кај животните постои можност и неможност за клонирање, а науката сеуште не знае зошто)...разлика има и во резултатите-кај животните има многу мал успех. Кај растенијата се намалува днк диверзитетот во природата, генетските варијации во иднина не можат да се предвидат, во овој тип клонирања влегуваат и генетски модификуваните растенија (а сите сакаме да ги избегнеме, сакаме природно и здраво).
Според податоците што ги читав
обиди кај животните постојат веќе 50-60 години (официјално, а тајно...) и досега некои видливи успешни резултати не се постигнати. Многу мал % од тие експерименти е успешен (негде 1-2 од 100). Понатаму, според истите извори постојат и други ризици. Прво, премногу е скап тој процес со оглед на фактот што мал % е успешен. Друго што клонираните единки пројавуваат голем проблем со имуниот систем, трето би било (според истите извори) синдром на подмладок каде се јавува прекумерно зголемување на подмладокот во големина заради некои инсулински рецептори за кои не би зборел оти не ми е познато само е битно дека постои озбилно пореметување. Поврзано со ова се јавува пореметување на органите -зголемено срце, неразвиени плуќа, оштетени бубрези...во 30% од случаите.
Сето ова е прескапо како обид да се искористи во хуманото клонирање. Не само прескапо туку на толку голем број деформитети и неуспеси, прашање е што ќе се добие при клонирање на човек и дали доколку се јават деформации додека расте и се развива тој човек, ние ќе го усмртиме како неуспешен обид??? Не е ниту овца, ниту јагне за да истиот го убиеме заради нашиот неуспех
Многу побитно од ова е прашањето за менталниот и емоционалниот развој на таа личност, како ќе се развива неговиот ментален склоп.
При неуспех (па и наводно успех) на вакво клонирање се доведува во прашање етичноста на експериментот, најмногу заради неговиот емоционален живот...а знаеме за што би се користеле клоновите затоа што и така сме пребукирани на земјинава топка...за да ги убиеме и да им ги извадиме органите или да ги користиме за вршење дејства опасни по живот за луѓето...да, ама и тие се луѓе/ Каде е тука границата?
Првин ти ќе јадеш од нив, па кога ќе се префли клеточното распаѓање врз твојот организам тогаш ќе го видиме бенефитот од таа храна.
Е така, што ако тоа клонирано животно му наштети на човек што го јаде? Кој ќе одговара? И така имаме многу храна со вакви генетички деформитети/модификации...нели беше штетна
Мали богови