Обичен телевизор или LCD плазма телевизор

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Обичен телевизор или LCD плазма телевизор ?

  • Вкупно гласачи
    38
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.469
Поени од реакции
8.663
Возраст
34
Каков телевизор имате Обичен телевизор или LCD плазма телевизор?
Што мислите на кој подобра би била сликата ако гледаш со антена или ако гледаш дигитална телевизија ,IPTV,сателитска (Бум тв Макс тв Тотал тв)
 
Прашањево... телетекст или интернет, дигитрон или лаптоп :)
 
Ни тоа, ни тоа,
Најди си некој телевизор што е FULL HD да има одличен звук и да ЧИТА ФИЛМОВИ ОД USB, јас имам Samsung LED 6000 серија и одличен ми е
 
Мојов е како фрижидер , ама ме служи. Се разбира дека е подобро ЛЦД ама ќе те чини два суви џеба сливи .
 
Џабе ви е LCD/Плазма... 16:9 слика неможиме да дочекаме да видиме, шо остана за HD Ready или Full HD. Ако имате LCD, ви преостанува да гледате филмови преку DVD кој што имаат солиден квалитет. Телевизиската слика што ја дистрибуира T-Home, Boom, Total не е толку лоша на странските канали, но затоа сите балкански телевизии вклучувајќи ги и нашите имаат застарена опрема и дистрибуираат лоша слика.

Така да засега мојот избор останува обичен телевизор, со барем 32 инчен екран (72 цм беше??)... и решен проблемот.
 
Пробај глеј филм на А1 или Телма на LCD, не дај боже 1080p телевизор. Траги оставаат по екран ко Пикасо да го сликал телевизорот. :)
 
Почнаа и нашиве телевизии веќе да ја менуваат опремата и да емитираат слика за новите LCD/Plasma телевизори, ова сега засега го имам забележано само на Сител Телевизија а за другиве мислам дека уште не почнале. Јас имам у детска обичен телевизор и кога пуштам на Сител луѓето се издолжени и недај боже да гледаш некој филм, има очите ко на жаба да ти излезат. Ќе треба летово изгледа да зимам LCD за у соба.:smir::toe:
 
Вестите на Сител и на Алфа формула 1 даваат во 16:9 формат
 
LCD плазма телевизор нормално дека е подобар
 
Plasma ТВ спореден со LCD ТВ

Каква е разликата?

Термините “plasma” и “LCD” често се користат наизменично однесувајќи се на телевизори со рамен екран. Но во реалноста, plasma и LCD телевизорите се многу различни. Plasma екраните користат мали плазма келии наполнети со елекрична волтажа за да создадат слика. LCD (Liquid Crystal Display) екраните користат течен кристал поставен помеѓу два слоја на стакло кој потоа е наполнет за да создаде слика.

Иако и двете технологии можат да понудат одлични резултати, сепак постојат разлики во можностите и квалитетот на сликата.
 
Плазмата има рок на траење :) одредени работни часови .. а како шо ми е пуштен по цел ден и кога сум и кога не сум дома .. тешко би се одлучил за него ..
инаку квалитетот на слика не е за потценување секако ... подобар и те како од ЛЦД ..
 
Морав да информирам за разликите, бидејќи членовите погоре очигледно не прават разлика помеѓи ЛЦД и Плазма, тие мислат дека тоа е исто :)
 
знам дека се различни поими и Плазма и Лцд него нонстоп ги мешам двете , сум згрешил во анкетата кој може нека поправи
 
Стар квалитетен Црт> ефтин Лцд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom