Што ако би ти кажале дека умираш!?

Член од
10 октомври 2009
Мислења
502
Поени од реакции
113
...Нишо!..Ќе си продужам да живеам како што сум живеела до тогаш, само што ќе бидам пооопуштена и нема да се нервирам апсолутно за ништо!!
- И мора да бидам дел на онаква American pool party!..Макар со тоа да ми се скрати рокот на животт!:):):))
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Никогаш не би се откажала од борба, не би кренала раце, би отишла кај друг доктор, би барала некаков лек, конвенционален, неконвенционален, би се држела за животот, би "клоцала и гребела".
Преголема кукавица сум за да умрам без збор :)
И, во суштина, не ни сакам да размислувам на темава посериозно, зае*ано е кога стварно ќе се соочиш со смртта и со тешка болест да размислуваш за тоа. :toe:
Види сега за тоа болдираното тоа е само лично твое гледишта и нема потреба да биде така, јас сум имал неколку средби со косачот сега сум во фаза да му смеам во лице.
Кога размислувам за смртта размислувам со леснотија и воопшто не ме загрижува, апсолутно немам никаков страв од нејзе. Повеќето луѓе уствари не повеќето туку во најголем дел овде кога тргнам да објаснувам дека немам страв од смртта мислат дека сум можен самоубиец, па имаше глупи коментари што не сум се самоубиел ако не сум се плашел :pos::pos::pos::pos::pos:.
Најпрвин бев зачуден од нивната ограниченост, но потоа го разбрав нивото на нивното рамислување, и нема што повеќе да коментирам.
 
Член од
6 август 2007
Мислења
4.063
Поени од реакции
175
Да знам дека ќе умрам наскоро.. ?!?! Искрено мислам дека би се затворила во соба, би плачела... ужасно би било тоа за мене. Сигурно нема да излезам веднаш и да правам се што ќе ми падне на памет. Мислам дека така само изгледа, ама доколку навистина се соочите со тоа, нема да размислувате на овој начин. Мое мислење .
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ќе ги продам бубрезите... бар некој аир да види некој/а од мене.

Тешко прашање шо би напрајл, мада ќе си го одживеам остатокот најнормално. Јебига, сите некогаш мора да умреме.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Читајќи ве сфатив дека најпаметно ќе биде да седнам во парламент со динамит на мене што побргу.Или ако има нешто појако па цела Македонија да ја разнесам со се вас,за да не се мачите,а и мене да не ми биде криво што ќе ве оставам :))
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ќе плачам, па ќе се смеам, па пак ќе плачам, па пак ќе се смеам....на крај ќе кажам: Е јеби га :toe:
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Само што сакав да го пишам истово :icon_mrgr
Еве вака: Најпрвин, ќе си направам еден убав пикник со најблиските на Водно, после се отпоздравувам со моите, и ја носам женска ми на Тенерифе каде што за недела дена ги трошам сите заштеди. Доаѓам дома, поминувам шетам колку што можам, и кога ќе се чувствувам изнемоштен, правам опроштален ручек, и после се разнесувам или сред некој протест за права :icon_mrgr или сред Бит пазар, или на трибина на Шверцери (навивачи на слога :icon_mrgr) или како најдобро решение се разнесувам во собрание или во влада :icon_mrgr бар да оставам голема трага зад мене :icon_mrgr
Имаше скоро еден пример ваков со една жена за која и кажуваат дека и остануваат уште две недели живот.И таа подига огромен кредит,ја продава куќата и живее најубаво колку што може.И поминал еден месц,чекајќи да умре од болницата и се извинуваат дека ја смешале со друг пациент и дека е здрава како дрен.
Ем здрава ем без ништо.
Тажно,иронично и смешно.

Инаку,не би сакала да размислувам што би правела.Познавајќи се,знам дека би плачела дооолго,многу долго,за на крај да ја прифатам вистината и да пробам да се изборам колку што можам.Ако има надеж би продолжила,ако не спокојно и тажно,предвреме ке заминам.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Секој коментар би бил лага.(не знам што би направил во таква ситуација)
-Но најверојатно би скокнал со банџи , би го уништил Фејсбук , ќе се збогувам со мојте , со другарите .
-Би барал спас.
 
Член од
22 април 2008
Мислења
405
Поени од реакции
28
Ќе се збогувам со најблиските и ќе го направам она што никогаш сум немал храброст а потоа ќе го чекам судниот час....
 
S

smart ass

Гостин
Ќе се помирам со фактот и следува еден збор...ма НАЛЕТ...
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ок...
Сите викаме дека ке лудуваме, ќе гледаме да направиме работи кои сакаме да ги правиме, а до тогаш сме или не сме ги направиле.
Убаво тоа шо сите не води таа мисла, но што ако е таква болеста да не можеш од дома да излезеш.
Паѓањето во депресија може само побрзо да те убие, излегувањето надвор исто така...
Испаѓа дека овде само ни останува да се надеваме дека има Господ и дека можеби утре ке биде подобро...
Се е ствар на психа...
Сите можеме лесно да напишеме овде оти не сме во таква ситуација, а кога би се нашле не знам што попрво би правеле..дали у соба ке се затвараме и би плачеле или би се охрабрувале себеси дека можеби и нема тоа да се случи, а и ако се случи викаат дека таму каде оди душата на човекот, било многу убаво, па ништо лошо ако не нема нели!?

Ништо не ме плаши толку колку што ме плаши смртта на некој мој близок!:toe:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Читајќи ве сфатив дека најпаметно ќе биде да седнам во парламент со динамит на мене што побргу.
Ми го зеде зборот (постот) од уста (постирање)...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ок...


Сите можеме лесно да напишеме овде оти не сме во таква ситуација, а кога би се нашле не знам што попрво би правеле..
Кој не бил во таква ситуација :helou:?
И тоа кажаното не беше дека ќе умрам туку дека имам среќа што сум жив то еднаш.
Друг пат :icon_lol:, ајде заеби....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom